МакедонијаСерафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа неделаПочеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференцијаПочеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“, рече министерот Серафимовски. Тој истакна дека во следниот период приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, а кое е предадено до 30 јуни 2025 година. Станува збор за средства во висина од околу 150 милиони денари, за чија исплата налозите веќе се подготвени и сите производители што навремено поднеле барање и ги исполнуваат условите ќе бидат исплатени. „Откупот на винското грозје е во завршна фаза. Винариите досега имаат прифатено и преработено речиси 80 милиони килограми грозје, вклучувајќи го сопственото производство, а дополнително се извезени околу 13 милиони килограми, со што вкупната количина е околу 93 милиони килограми набрано грозје“, информираше министерот Серафимовски, притоа додавајќи дека во завршна фаза се и административните постапки за кредитната линија преку Развојната банка, со која е предвидено финансирање на откупот на винско грозје, чија цел е да се зајакне ликвидноста на винариите и да се создадат услови за исполнување на обврските кон лозарите. „Според последните информации, во прилепскиот регион, просечната откупна цена на црвената пиперка од сортата куртовска капија е зголемена на 25 денари за килограм при предавање во откупен центар“, посочи министерот Серафимовски. Тој соопшти дека во двата најголеми производни региони за оваа сорта досега се откупени вкупно 44 милиони килограми пиперка, и тоа 11 милиони во откупните центри во Кривогаштани и 33 милиони во Струмица. „Извозот на пиперка достигна 15 милиони килограми, приближувајќи се до вкупното минатогодишно ниво од 15,5 милиони килограми, додека откупот сè уште трае“, додаде министерот Серафимовски. На прес-конференцијата тој се осврна и на измените на Правилникот за квалитет на млекото и млечните производи, а со кои се ограничува употребата на млеко во прав, реконституирано млеко и палмино масло во производството. „Максимално дозволената количина на овие состојки треба да биде од 1 до 2 отсто“, информираше министерот Серафимовски. Тој го претстави и Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој е ставен на јавна расправа. Предложените решенија предвидуваат писмени договори пред испораката, регистрирани откупувачи, однапред утврдени услови за откуп, точна евиденција и рокови за плаќање. „Сакам да ја искористам оваа прес-конференција да ги повикам сите земјоделци, здруженија и иницијативни групи активно да се вклучат и да достават конкретни забелешки и предлози на ЕНЕР или пак во подрачните единици на министерството“, порача министерот Серафимовски. За резултатите од контролите на откупот на различни производи информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, кој соопшти дека за утврдените неправилности инспекторатот изрекол 30 инспекциски мерки и издал 17 платни налози, од кои три се платени, а за преостанатите 14 се води прекршочна постапка пред Прекршочната комисија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Државниот инспекторат за земјоделство во тековната 2026 година, заклучно со 15 септември, има извршено вкупно 873 вонредни инспекциски надзори согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кај регистрирани правни лица кои вршеле откуп на земјоделски производи“, изјави Ангеловски. Тој информираше дека при контролите најчесто е констатирано откуп без договори со производителите, неисплатени обврски, непочитување на роковите за исплата, неистакнати ценовници, непоседување верификувани мерни инструменти и откуп без упис во регистарот на откупувачи. „И во наредниот период, инспекторатот ќе продолжи со редовни инспекциски контроли кај откупувачите на земјоделски производи, со цел заштита на правата и интересите на земјоделските производители, а за сите утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки согласно законските прописи“, истакна директорот Ангеловски. Министерот Серафимовски: Директор Ангеловски: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00