МакедонијаСерафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и КосовоДвајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка.Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција. Министерот Серафимовски истакна дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор. „За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството. Со редовна институционална координација и почитување на стандардите за квалитет создаваме услови за развој на трговската размена. Во таквата соработка гледаме заеднички интерес за производителите, компаниите и потрошувачите во двете земји“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства. „Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Заменик-министерот Албрим Хоџа ја нагласи важноста на непосредната соработка меѓу надлежните органи, со посебен осврт на трговијата со млеко и млечни производи. „Соработката меѓу нашите институции треба да биде директна, брза и заснована на меѓусебна доверба. Кога станува збор за безбедноста на храната, особено за млекото и млечните производи со кои се тргува меѓу двете земји, важно е секое прашање да се разгледува врз основа на целосната документација, лабораториските резултати и континуираната комуникација меѓу надлежните органи. Нашата заедничка цел е јасна, заштита на потрошувачите и истовремено создавање услови за безбедна и непречена трговија меѓу Северна Македонија и Косово “, рече заменик-министерот Албрим Хоџа. На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ утре сончево и релативно топло време, дожд од петок и за време на викендот Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 14 Попова Шапка, 18 Крушево, 22 Претор, 23 Маврови Анови, Берово, Прилеп, Крива Паланка, Охрид, Виница, 25 Битола, Тетово, 26 Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 27 Скопје Петровец, Демир Капија, Струмица, 28 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен јужен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Утрото ќе биде ведро, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Услови за врнежи од дожд ќе има во западните планински делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 27 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок, во деновите од викендот и во вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија по мистериозната смрт: Нема ризик од епидемија на чумаРуската служба за здравствен надзор, „Роспотребнадзор“, денес соопшти дека не постои епидемиолошки ризик за населението во источносибирскиот регион Иркутск по смртта на вработена во локалниот институт за истражување на чума.„Роспотребнадзор“ го пријави случајот во Светската здравствена организација (СЗО), а лицата кои биле во контакт со починатата работничка биле тестирани за заразни болести. Резултатите не покажаа знаци на инфекција ниту присуство на опасни патогени. „Целосно се спроведени превентивни и противепидемиски мерки и не постои епидемиолошки ризик за населението во Иркутск или во регионот Иркутск“, соопштија од „Роспотребнадзор“. Сомнеж за чума по смртта на вработена во институтот Случајот привлече внимание бидејќи починатата била 28-годишна жена која работела во институт за истражување на чума. По нејзината смрт постоеше сомнеж за инфекција со чума, но руските власти тврдат дека во институтот не се случил никаков лабораториски инцидент. Според „Роспотребнадзор“, жената починала од пневмонија со непознато потекло, а во нејзините примероци не биле пронајдени микроорганизми поврзани со работата на институтот. За каква болест станува збор? Пневмоничната чума е една од најтешките форми на болеста предизвикана од бактеријата „Yersinia pestis“. Таа може да се пренесе преку респираторни капки, а третманот со антибиотици може да биде ефикасен доколку се започне доволно рано. СЗО побара информации за случајот од руските власти во согласност со Меѓународните здравствени прописи.Тагови: русија чума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животиПод слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Дваесет и пет години можат да се раскажат низ датуми, бројки и настани. Но вистинската приказна на СОС Детско село се раскажува низ животите што се промениле, децата кои добиле сигурност тогаш кога им била најпотребна, семејствата кои добиле поддршка да останат заедно и младите луѓе кои денес самостојно ја градат својата иднина. Во изминатите 25 години, СОС Детско село промени повеќе од 6.090 животи. Зад таа бројка не стои само статистика, туку илјадници лични приказни, различни почетоци, предизвици, успеси и нови можности. „Домот не е само куќа ниту покрив над главата, туку место во кое ги учиме лекциите за блискост, припадност и доверба. За многу деца и млади, токму ваков дом беше, е и ќе биде СОС Детско село“, - порача претседателката Сиљановска- Давкова, честитајќи го јубилејот и нагласувајќи дека вложувањето во децата е вложување во нивната, но и во нашата заедничка иднина. Денес СОС Детско село работи на превенција и зајакнување на семејствата, советување и поддршка на родители и деца, поддршка и развој на згрижувачките семејства, како и подготовка и поддршка на младите на патот кон самостоен живот. Во основата на сите овие услуги е една иста цел секое дете да расте во сигурна и поддржувачка средина и да добие вистинска можност да го развие својот потенцијал. „Кога велиме дека низ овие 25 години сме поддржале повеќе од 6.090 животи, зборуваме за илјадници надежи, предизвици, успеси и нови почетоци. Зад секоја од тие бројки има нечие име, нечие детство, нечија борба и нечија шанса животот да тргне во поинаква насока. Тоа е вистинското значење на овие 25 години и тоа е нашиот најголем успех“, истакна Јулијана Накова Гапо, национална директорка на СОС Детско село. Јубилејот беше и благодарност до сите оние кои низ годините ја граделе и поддржувале мисијата на СОС Детско село, згрижувачите и стручните тимови, институциите, компаниите, донаторите, партнерите, здруженијата, медиумите и пријателите на организацијата. Јубилејната вечер ги стави во фокус и луѓето зад мисијата. Преку лични приказни, музика и сценски изведби, програмата покажа што значи поддршката кога ќе стигне во вистинскиот момент. По 25 години, СОС Детско село со гордост гледа на изминатиот пат, но уште повеќе гледа напред, кон општество во кое секое дете ќе има сигурност, љубов, поддршка, чувство дека припаѓа и вистинска можност да верува во себе. Затоа што понекогаш е доволен еден човек да направи разлика. А кога цела заедница ќе одлучи да биде тука - МЕНУВАМЕ ЖИВОТИ.Тагови: СОС Детско село Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter