Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели
2Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели
ЗдравјеСепса - со навремена детекција до спасување животи и намалени болнички трошоци Инциденцијата и смртноста од сепса на ниво на земјава е непозната, затоа што нема мултицентрична студија која би одговорила на ова прашање. Годишно на глобално ниво има 47-50 милиони случаи од кои најмалку 11 милиони завршуваат со смртен исход, така што еден од пет смртни случаи е асоциран со сепса. Сепсата е најчеста причина за смртен исход во болниците и најчеста причина за повторна хоспитализација. Сепсата претставува еден значаен предизвик на кој било здравствен систем и кој ги преминува географските граници и демографските разлики, а Светската здравствена организација ја има прогласено како глобален здравствен приоритет. Навремената детекција, покрај спасување животи, значи и намалени болнички трошоци. Секој час каснење со лекување по детекција на сепсата се зголемува ризикот за смрт за 8-9 проценти Според вонредниот професор доктор Крсто Гроздановски од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и Медицинскиот факултет во Скопје, сепсата е медицинска ургентност, секој час каснење со започнување на лекувањето по детекција на сепсата се зголемува ризикот за смрт за 8-9 проценти. - Смртноста на нашата клиника во период од 2010 до 2019 година е 36,1 проценти кај пациентите со сепса, 62,5 отсто кај септичен шок. Смртноста од сепса во периодот од 2004 до 2009 година била 46,3 отсто, а од септичниот шок 68 проценти. Кај развиените земји смртноста од сепсата и септичниот шок е пониска, а земјите со среден приход имаат слична статистика како нашата. Морам да нагласам дека стапката на смртност во некои студии е предмет на извесна манипулација со начинот на регрутирање на болните кои влегуваат во студиите, интерпретирање на степенот на нарушеност за органите што резултира со наод на понизок морталитет. Една студија рапортираше морталитет од септичен шок од 22 отсто, што е далеку од реалноста, вели Гроздановски за МИА. На мултидисциплинарниот симпозиум посветен на сепсата што се одржа на 23 јануари во организација на Здружението на инфектолози и „Биомедика дијагностика“, на кој учествуваа предавачи од земјава и странство, а на кој присуствуваше и МИА, Гроздановски појасни дека сепсата е состојба кога телото на пациентот предизвикува силен воспалителен одговор кон инфекцијата и ги оштетува сопствените ткива и органи. - Како пример, кај некои пациенти со пневмонија, што е локална инфекција на белите дробови, по недоволно јасен механизам, се појавува голема концентрација на про-инфламаторни медијатори - цитокини, протеини на актуната фаза и други молекули, кои навлегуваат во циркулацијата и ги оштетуваат органите како бубрези, системот за коагулација, црниот дроб, мозокот, ниту еден орган или органски систем не е поштеден. Еден дел од болните со сепса имаат низок крвен притисок и ризик да навлезат во септичен шок каде смртноста е уште повисока. Сепса може да предизвикаат бактерии, вируси, габички и паразити. Во јавноста, често неточно се дефинира сепсата како труење на крвта, инфекција на целиот организам, присуство на бактерии во крв, појаснува Гроздановски. Познати ризик фактори се напредната возраст - на 65 години или постари, имуносупресија, дијабетес, дебелина, малигна болест, пневмонија, бактериемија, како и влијание на генетските фактори. - Сепсата е клиничка дијагноза, за нејзино препознавање најчесто е доволен клиничкиот преглед и свесност на лекарите за клиничките знаци и симптоми на сепса. Лекувањето е комплексно и обично се одвива во единиците за интензивна нега кои на жалост во нашата средина се недоволни по број, опременост и инвестиции. Од аспект на детекција на патогените како причинители на сепса, сакам да напоменам дека во лабораторијата на нашата клиника веќе има имплементирано инструменти на кои се изведуваат тестови кои овозможуваат рано дијагностицирање на сепсата, вели Гроздановски. Годишната цена на лекување на пациентите со сепса во САД, посочува Гроздановски, е 38 милијарди долари, а за нашата средина нема податоци. - Смртноста може да се намали преку наголемување на свесноста на лекарите за сепсата, запознавање со упатствата за дијагноза и лекување, соодветна нега и превенција од интрахоспитални инфекции, адекватна опременост на оддeлите за интензивно лекување и доволен број на медицински персонал кој се грижи за оваа група на критично болни. За намалување на смртноста влијае и раната етиолошка дијагноза со модерниот пристап на молекуларна дијагностика, вели тој. Речиси 20 отсто од сите глобални смртни случаи се поврзани со сепса Научниот соработник, доктор Марија Димзова, претседател на Здружението на инфектолози на Република Македонија, зборувајќи за сепсата, вели дека нејзиното значење лежи во потенцијалот за брза прогресија на една, таканаречена рутинска инфекција, во животно-загрозувачка ургентна состојба и воедно претставува огромен товар, дури и за најбогатите здравствени системи. - Се смета дека во 2017 година имало прбилижно 49 милиони случаи на сепса, и околу 11 милиони смртни случаи асоцирани со сепса. Како резултат на ова, Светската здравствена организација ја има прогласено сепсата како глобален здравствен приоритет. И покрај значајниот напредок во терапевтското менаџирање, пацинетите со сепса имаат висок ризик од смртност во болнички услови, допринесувајќи со приближно 20 отсто од сите смртни случаи на глобално ниво и претставува една од водечките причини за смртност на одделите за ургентна медицина. Поради сето ова е неопходен фокусиран и заеднички пристап во рамките на нејзино дијагностицирање, лекување, креирање на протоколи како и алокација на ресурси. Растечката преваленца на сепсата ја потенцира потребата од континуирано унапредување на медицинските пртоколи, брзи механизми на одговор и инеграција на најновите технологии, со цел подобрување на дијаностиката и исходот од лекувањето. Лекувањето на пациентите со сепса честопати бара мултидисциплинарни интервенции, вели Димзова. Според заменик министерката за здравство во оставка, доктор Маја Манолева, прво треба да се има предвид, оти станува збор за сериозна состојба, што се јавува кога имунолошкиот систем на телото има екстремен одговор на инфекцијата. - За важноста на оваа тема покажува и статистиката на СЗО, според која е проценето дека речиси 20 отсто од сите глобални смртни случаи се поврзани со сепса. Токму затоа, Министерството за здравство посветува посебно внимание на раната детекција и соодветниот третман на пациентите, како и за превенција од интрахоспитални инфекции. Нашата држава ги следи светските трендови и дел од новитетите во оваа област веќе ја најдоа својата примена во дел од јавните здравствени установи. Така на пример: инструмент за PSP маркер веќе е инсталиран на Клиниката за инфективни болести и Клиниката за торакална и васкуларна хирургија. Инструмент за детекција на инвазивна фунгална инфекција преку бета глукан тест е инсталиран на Инфективната клиника и Институтот за микробиологија и паразитологија во Скопје. Исто така, на Инфективната клиника се применува и инструмент за брза детекција на причинители на сепса од полна крв за три до пет часа и имунохроматографски тест за детекција на инвазивни аспергилози, нагласува Манолева. За тоа дека е важна раната и брза дијагноза на инвазивните габични инфекции, говореше и вишиот научен соработник, доктор Гордана Мирчевска од Институтот за микробиологија и паразитологија и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Таа се осврна и на тоа, на кој начин оваа институција придонесува во раното откривање на овие инфекции кај пациентите, за позитивните искуства од имплементација на Т2 платформата во клиничката пракса, за тоа дека најважните придобивки од оваа платформа, меѓу другото, ќе бидат, подобар клинички исход кај пациентите, намалување на трошоците за болнички престој, пократок престој во болница и намалување на можноста од интрахоспитални инфекции, редукција на стапката на морталитет, редукција на прекумерна употреба на антибиотици/антимикотици и заштеда на многу финасии во Фондот за здравствено осигурување. - Благодарение на Фулбрајт стипендијата во 2015 година, која ми овозможи едногодишен престој на Џорџтаун универзитетот, во Вашингтон, САД, имав можност да се запознаам со Т2 платформата и по моето враќање во Македонија, да укажам на бенефитот од имплементација на оваа платформа за нашите пациенти. Горда сум дека бев промотор на Т2 платформата во мојата институција и благодарение на напорите на „Биомедика дијагностика“, да ја донесе оваа платформа во Македонија, во соработка со Институтот за микробиологија и паразитологија, верувам дека ќе отпочнеме со работа со Т2 платформата веќе во наредниот месец, со оглед дека апаратот е веќе инсталиран и последните подготовки се во тек, велие Мирчевска за МИА. Излагање на симпозиумот имаа и доктор Горан Рангелов и доктор Никола Шиков. За справувањето со сепсата во нивните земји, на симпозиумот, меѓу другите, зборуваа и Снежана Јовановиќ од Србија и Мерел Брук - Кихбаух од Холандија. Снежана Јовановиќ, специјалист по микробиологија со паразитологија-раководител на Службата за медицинска микробиологија во УКЦС во Република Србија во изјава за МИА нагласи дека од сепса може да заболи било кој, без разлика на пол и возраст. Според неа, многу е важно што побрзо да се дијагностицира и затоа во таа смисла секогаш се вели оти, значајна е секоја секунда. На прашањето зошто T2Biosystems тестот е толку вреден за пациентите од сепса, Мерел Брук - Кихбаух одговори дека T2Biosystems производите ги детектираат патогените причинители на сепса директно од епрувета со крв за само неколку часа независно од постоечките методи. Тие ги идентификуваат патогените кои не би се идентификувале со постоечките методи дури и во случај кога антимикробните средства се во системот на пациентот. Бидејќи сензитивноста/специфичноста на овие тестови е многу висока, клиничарот врз основа на добиените резултати може да ја промени терапијата и да ја оптимизира клиничката нега. Времето е еден од најважните фактори, кога станува збор за откривање и лекување на сепса, вели Елизабета Маркоска, доктор на биолошки науки, вработена во „Биомедика дијагностика “, како дел од австриската компанија „Biomedica Medizinprodukte“. - Нашето богато портфолио нуди голем број на производи кои наоѓаат широка примена во здравствениот систем. Дел од тие производи кои се вклучени во нашиот „концепт за менаџирање на сепса за еден ден“, овозможуваат рана детекција на причинителите на сепса, што од своја страна им овозможува на клиничарите да ја дадат соодветната терапија на болниот, да се спасат човечки животи и да се намалат болничките трошоци, вели Маркоска. На концептот за менаџирање на сепса за еден ден работиме повеќе од две години, вели магистер Вида Пеева Наумовска, директорка на „Биомедика дијагностика “. - Земајќи во обѕир дека времето е клучен фактор во справување со сепсата како смртоносна состојба во голем процент на случаеви, понудените дијагностички решенија даваат можност состојбата да се препознае многу порано од клиничката манифестација и соодветно да се третира. Најголемиот дел од производите вклучени во овој концепт веќе ги имаме инсталирано во јавните и приватните здравствени установи. Симпозиумот беше идеална прилика, докторската фела и јавноста да се информираат за тоа што се е достапно на пациентите во Македонија. Се надевам дека преку ваквите наши активности помагаме во напорите за спасување на што повеќе човечки животи, нагласува таа./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
Шоу бизБред Пит се пошегува со Џорџ Клуни: Ве молам, не го пуштајте на подиумот за танц (ВИДЕО)Бред Пит смета дека има едно нешто што секој треба да го знае за Џорџ Клуни: тој е ужасен танчер. Хумористичната порака на Пит ја прочита актерката Лора Дерн на отворањето на Венецискиот филмски фестивал, каде што на Клуни му беше доделен Златниот лав за животно дело, пишува People. Бред Пит се пошегува за Клуни Во среда, 2 септември, Лора Дерн му додели почесна награда на 65-годишниот Клуни, а за време на церемонијата прочита и порака што му ја испратил неговиот долгогодишен пријател и колега Бред Пит. „Тој може сè - да глуми, да продуцира, да се натпреварува во сè, и е подобар од нас во сè. Но, ве молам, не го пуштајте на подиумот за танцување“, му рече Пит на својот колега од „Оушн единаесет“. „Тој дури и не е свесен за тоа. А сега тој тип од Кентаки со чудното одење, тој почитуван господин кој се појавува секој пат кога не можете да го добиете Бред Пит - затоа што нема награда по која нема да дојде - добива награда за животно дело? Зошто? Зошто воопшто го сакаме Џорџ Клуни?“ Дерн продолжи, читајќи ја пораката на Пит. „Тој е шармер, шегаџија, алтруист, актер и спортист. Единствената личност што ја сакате покрај себе во криза. Татко, сопруг, човек од светот, борец за правда и... навистина лош танчер“, заклучи Пит. Признание за долгата и успешна кариера Џорџ Клуни беше во Венеција и минатата година, кога таму премиерно се одржа филмот на Џеј Кели, во кој глуми и Лора Дерн. Во филмот, Клуни игра актер кој патува низ Европа пред церемонијата на доделување награди на која се признава неговата кариера. Клуни и Пит штотуку го претставија својот заеднички филм „Волци во Венеција 2024“. Тоа беше нивната прва филмска соработка по комедијата „Гори по читањето“ (Burn After Reading) од 2008 година. Во својот говор, Дерн се осврна на долгата кариера на Клуни како актер, режисер и продуцент. Таа, исто така, потсети дека тој е еден од само тројцата луѓе кои беа номинирани за Оскар во шест различни категории за време на неговата кариера. Клуни досега има освоено два Оскари. Првата награда ја освои во 2006 година за најдобра споредна машка улога во филмот „Сиријана“, а втората во 2013 година како продуцент на филмот „Арго“ во режија на Бен Афлек. Вкупно, осум пати беше номиниран за оваа награда. „Тој е човек со исклучителна човечност и интегритет, некој што е посветен на помагање на другите и на вистината. Со сето тоа, тој чувствува потреба да раскажува приказни. Ова се приказни што нè забавуваат, но и нè охрабруваат да бидеме подобри, да бараме добрина во себе и во другите. Приказни што ги штитат нашите слободи и повикуваат на одговорност“, рече Дерн. „И додека ги прави сите тие работи - како актер, сценарист, режисер, продуцент и активист - тој е исто така најдобриот пријател што некогаш би можеле да го имате и најдуховитата личност што некогаш ќе ја сретнете. И да, двапати е прогласен за најсекси маж на светот. Двапати!“, додаде таа.Тагови: Бред Пит Џорџ Клуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп ќе гради триумфална капија, висока 76 метри- нема ни дозвола, ниту одобрение (ФОТО)Администрацијата на Доналд Трамп вчера објави дека ќе започне со изградба на Триумфална капија висока 76 метри во Вашингтон, и покрај законските пречки и фактот дека проектот сè уште не добил конечно одобрение за планирање. Капијата е дел од поширокиот притисок на Трамп да остави свој белег врз архитектурата на главниот град на нацијата, што вклучува проекти како што се нова балска сала во Белата куќа, реновирање на базенот во спомен на Линколн и терен за голф во паркот Ист Потомак. Министерот за внатрешни работи Даг Бургум објави на социјалните медиуми дека ископувањата за масивната триумфална капија ќе започнат „во следните две недели“. Споменикот, чиј дизајн потсетува на Триумфалната капија во Париз, треба да биде подигнат во близина на Националните гробишта Арлингтон, воени гробишта за кои предлагачите велат дека ќе им оддадат почит на паднатите американски ветерани. Противниците, сепак, тврдат дека лакот ќе го наруши внимателно изработениот историски поглед помеѓу Споменикот на Линколн и гробиштата Арлингтон. Иако Конгресот ја одобри изградбата на споменикот на локацијата пред повеќе од 100 години, демократите во Конгресот тврдат дека проектот бара ново одобрение од Конгресот според закон. We are pleased to announce that after a very long wait (over 125 years!), we are preparing to start, over the next two-week period, the excavation work necessary for the Great Triumphal Arch and Military Observation Deck, at Memorial Circle on Columbia Island between the Lincoln… pic.twitter.com/8aff90jKNd — Secretary Doug Burgum (@SecretaryBurgum) September 3, 2026 Во тужбата со која се бара запирање на проектот, исто така, се вели дека на Трамп му е потребно одобрение од Конгресот. Проектот, исто така, сè уште не добил конечно одобрение од Националната комисија за просторно планирање на главниот град. Се разгледува дали да се одобри исклучок од ограничувањето за висина на згради од 40 метри што важи за поголемиот дел од Вашингтон. Администрацијата на Трамп тврди дека ограничувањето не треба да важи за Триумфалната капија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаИграл за големи тимови и возел БМВ- сега живее на улица и не сака никој да знае за него (ВИДЕО)Поранешниот бразилски фудбалер Режис Фернандес да Силва, попознат како Режис Питбул, денес има 49 години и живее на улиците на Сао Паоло. Поранешниот напаѓач на Коринтијанс, Васко, Понте Прета и голем број други бразилски и странски клубови со години се бори со зависност, а последните два месеци ги поминува во импровизирано засолниште во населбата Пиритуба. Неговата приказна ја објави оваа недела бразилскиот ge.globo, чии новинари го пронајдоа поранешниот фудбалер во мал парк на север од Сао Паоло. Тој спие под церада, ќебе и картон, а преку ден со велосипед оди низ населбата каде што пораснал. Луѓето од блискиот ресторан му даваат храна, му дозволуваат да го користи тоалетот и таму го полни мобилниот телефон. Muito triste! 😭- Régis Pitbull - na matéria do@geglobo - vive nas ruas: "Se achar que estou morto, é melhor". Atacante vestiu a camisa do Ceará em 1999. Participou da campanha do tetracampeonato. Um dos artilheiros com 9 gols. Atrás apenas de Júnior Amorim (19 gols). pic.twitter.com/DkaHwtwvGv — Gioras Xerez (@GiorasXerez) September 2, 2026 Питбул не крие дека сè уште зема дрога. Според извештајот на ge, неговата долгогодишна зависност во последните години се претворила во зависност од крек. Пријателите и членовите на семејството се обиделе да го убедат да се подложи на нов третман и да му понудат сместување, но досега тој одбива таква помош. „Не сакам никој да знае дека постојам. Ако мислат дека сум мртов, тоа е подобро“, изјави тој за бразилската телевизија. Порано возел БМВ, денес спие под церада Режис Питбул е роден на 22 септември 1976 година и ја започнал својата професионална кариера во Комерсијал од Рибеирао Прето. Кон крајот на 1990-тите години заминал во португалскиот Маритимо, по што се вратил во Бразил. Најзначајниот период го имал во Понте Прета, каде што некогаш играл со Луис Фабијан. Подоцна ги носел дресовите на Коритиба, Васко, Коринтијанс, Баија, Португалија и бројни други клубови. Играл и во Јапонија, Турција, Јужна Кореја, Кувајт и Португалија. Според податоците објавени од ge, за време на неговата професионална кариера одиграл 170 настапи и постигнал 49 гола. Одиграл седум натпревари во 2004 година за Коринтијанс, еден од најголемите бразилски клубови. Во разговор со новинарите, тој се потсети на периодот во кој заработувал добри пари, возел БМВ и Доџ Дакота и уживал во бројни бенефиции поради својот статус на професионален фудбалер. Денес, неговата ситуација е сосема поинаква. Ponte Preta, Coritiba, Vasco, Marítimo, de Portugal; Purple Sanga, do Japão; Gaziantepspor, da Turquia; Daejeon Citzen, da Coreia do Sul; e o Al-Nasr, dos Emirados Árabes, e #Corinthians. Futebol ilude. É triste ver o Regis Pitbull assim. O jogo mais difícil é a vida! pic.twitter.com/ikJpKN0Ob8 — Turco (@bastidoressccp) September 13, 2019 Проблемите со дрогата го следеле дури и додека играл Проблемите не започнале по завршувањето на кариерата. Додека сè уште бил активен фудбалер, Питбул двапати не успеал да помине допинг контрола за марихуана и не му било дозволено да игра вкупно повеќе од четири месеци. Подоцна, зависноста станувала сè потешка. Неколку пати се обидел со рехабилитација, но без траен успех. По завршувањето на професионалната кариера, повремено играл аматерски фудбал, што му носело пари, но периодите на закрепнување се менувале со нови рецидиви на дрога. Денес има стан во Сао Паоло, но повеќе не живее таму. Поради неплатени трошоци за градење и даноци, недвижнината е предмет на судски постапки и му се заканува губење. Ситуацијата дополнително ја влошиле сериозните проблеми со законот во текот на изминатата година. Тој заврши во затвор минатата година Во март 2025 година, Питбул нападнал 69-годишен маж кој бил заменик-менаџер во зградата каде што живеел. Снимките од безбедносните камери го покажале како го удира со глава и го тупаници по конфронтацијата во лифтот. Човекот кој бил нападнат изгубил три заба, а поранешниот фудбалер бил уапсен за нанесување тешки телесни повреди. Тој бил ослободен со кауција, што вклучувало електронска нараквица и редовни судски појавувања, но бил повторно уапсен неколку месеци подоцна. Глобо објави во јули 2025 година дека не се придржувал до одредени мерки и повторно завршил во притвор. Денес тој вели дека не му е потребен нов третман, туку работа. Луѓето кои разговарале со ge тврдат дека пријателите, поранешните соиграчи, навивачите и членовите на семејството се обидуваат да му помогнат, но дека најголемата пречка е неговата неподготвеност да прифати третман. Питбул ќе наполни 50 години на 22 септември. Бразилските новинари го пронашле само неколку недели пред неговиот роденден во соседството каде што пораснал и од кое ја започнал својата кариера во професионалниот фудбал. Денес, тој живее таму на улица и се обидува да преживее ден по ден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter