ЗдравјеСензорна соба за 20 ученици во училиштето „11 Октомври“ во населба Пролет Во пресрет на Денот на народното востание и патрониот празник учениците со образовни потешкотии во ООУ „11 Октомври“ добија нова и комплетно опремена сензорна соба која е донација од компанијата ВЕРО, соопшти денеска Општина Центар.Сензорната соба е опремена со сензорна светлечка маса, светленки листови и бројки, сензорни влакна, пректор со диск, базен со топчиња, лулашка, трамполина, светлечки ЛЁЕД ципли кои ќе ги подобрат совладувањето на наставните содржини. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера ја отвори сензорната соба и порача дека овие алатки им помагаат на децата со потешкотии во образованието полесно да го совладаат наставниот материјал. -Вложувањето во инклузивното образование има огромен бенефит за вклучување на сите деца во образовниот систем. Сензорната соба која ќе им биде достапна на дечињата од ова училиште е уште еден чекор кон исполнувањето на нашата образовна цел, а тоа е нивна целосна инклузија во образованието. Предноста на оваа сензорна соба е тоа што можат да ја користат деца кои немаат вербална комуникација, но исто така може да се користи и во ситуации за намалување на вознемиреност, развојни потешкотии и сл. На компанијата ВЕРО искрено им се заблагодарувам за оваа донација која верувам дека ќе придонесе за полесно совладување на наставниот материјал, ќе донесе поголема мотивација децата да учат и да истражуваат, но и да го намалат стресот и да ја зголемат концентрацијата, изјави градоначалникот Герасимовски. Сензорната соба е наменета за околу 20 ученици од основното училиште „Киро Глигоров” и ќе биде во функција додека се изведува воспитно-образовната настава. Во Општина Центар функционираат сензорните соби во ООУ Киро Глигоров, Гоце Делчев, Ј.Х. Песталоци, 11 Октомври, Кочо Рацин, и училиштето Кирил и Методиј. Покрај отворањето на сензорната соба во училиштето беше одбележана 68 годишнина од основањето на училиштето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив. Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)На социјалните мрежи кружи видео кое тврди дека прикажува припадник на руска мобилна противвоздушна единица како ја губи контролата врз екстремно брз тежок митралез со четири цевки, „YakB-12.7“, за време на операција.Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува на страна и го влече војникот со себе, додека друг член на единицата, кој бил во негова непосредна близина, успева да се наведне во последен момент и да го избегне рафалот. Видеото е објавено од профилот „WarMonitor“, тврдејќи дека станува збор за авионски митралез пренаменет за соборување беспилотни летала. Russian mobile fire group training goes wrong while using a YakB-12.7 rotary machine gun developed for a Mi-24 helicopter mount This is what happens when an aircraft rotary gun with brutal angular recoil is treated like a regular ground weapon. They ignored that fact, slapped… https://t.co/bA51ppaKua pic.twitter.com/jwqMmInOLL — Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) July 12, 2026 Сè уште не е познато каде и кога е снимено видеото, ниту на која единица припаѓаат војниците на видеото. Што е „YakB-12.7“? Митралезот „YakB-12.7“ е развиен во Советскиот Сојуз за борбениот хеликоптер Ми-24, каде што е инсталиран во далечински управувана купола под носот на леталото и поврзан со системот за нишанење. За разлика од повеќето слични митралези со повеќе цевки кои користат надворешен електричен мотор за погон на цевките, „YakB-12.7“ ја користи енергијата на барутните гасови генерирани за време на пукањето за да ротира блок од четири цевки. Оружјето тежи околу 45 килограми и е долго приближно 1,35 метри, а според специјализираниот портал „WeaponSystems.net“, може да испука помеѓу 4.000 и 5.000 куршуми во минута. Украинскиот воен портал „Militarii“ наведува дека модерната верзија на овој систем има два режима на пукање - околу 4.000 и околу 4.500 куршуми во минута. Извор: Б92Тагови: војник Митралез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
МакедонијаИ Здравје и Работа: Државата треба да го слуша стручниот глас за „Иловица Штука“Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти!Веруваме дека е време ова прашање конечно да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се одлучува за проекти што влијаат врз животната средина, здравјето на граѓаните, економијата и иднината на државата, пресудни треба да бидат фактите, стручноста и законите, а не гласните ставови без стручна основа. Даваме целосна поддршка на универзитетските професори и експерти кои јавно ги презентираа своите стручни ставови за современите рударски технологии и проектот „Иловица – Штука“. Во демократско општество, научната аргументација мора да биде охрабрена и почитувана, а не замолчувана преку притисоци и дискредитации. Во современите демократии, одлуките за вакви проекти се носат врз основа на научни анализи, експертски мислења, законски процедури и независни институции. Денешното рударство е суштински различно од она од минатото. Напредокот на науката и технологијата овозможува далеку повисоко ниво на еколошка контрола, управување со ризици и заштита на животната средина. Затоа, секој проект треба да се оценува според конкретните решенија и стандарди што ги применува, а не според застарени претстави и искуства. За „Иловица – Штука“, надлежните институции треба темелно да ги разгледаат сите стручни анализи, Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и законските критериуми. Ако проектот не ги исполнува условите, не треба да добие одобрение. Но доколку ги исполнува највисоките технички, законски и еколошки стандарди, тогаш заслужува поддршка и фер можност за реализација. Истовремено, не смее да се занемари неговиот развоен потенцијал. Македонија има потреба од нови инвестиции, нови работни места и посилен економски раст. Проектот „Иловица – Штука“ може да донесе значајни економски придобивки, нови можности за домашните компании и поттик за развојот на југоисточниот регион. Во време кога државата се соочува со иселување на младите и недостиг од инвестиции, секоја сериозна развојна шанса заслужува објективна и професионална оценка. Затоа ги повикуваме Владата и надлежните институции да продолжат да одлучуваат врз основа на науката, стручноста и законите. Само така ќе обезбедиме и висока заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, но и ќе го искористиме природниот потенцијал на Македонија за повисок животен стандард, економски напредок и посигурна иднина за младите генерации. се вели во соопштението на „И здравје И работа“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook