Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери
1Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери
Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
2Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата
ЗдравјеСензорите за мерење на шеќер не се доволно квалитетни, се жалат лицата со дијабетесСензорите за мерење на шеќер кои пациентите ги добиваат од државата, се недоволно кавлитетни се жалат дел од луѓето со дијабетис. Велат наместо 14 им траат по 3 до 4 дена, па месечно треба да одвојат плус уште речиси 100 евра за да може без проблем да го минат месецот. Таков е и случајот на 11 годишната Јана Костадиновска, чии татко раскажува случајно пред околу една година и била откриена болеста, без претходно да има било какви симптоми. „Овие треба да траат 14 дена, нас ни траат 3,4 дена. Овој трансмитер откажува и после прашалници нема... после си купуваме на приватно... тоа месечно не чини уште 100 евра... Претпоставувме има трансмитери, тоа го полниме и тоа не трае повеќе од 3 дена, а треба 14 дена. Значи ни даваат 12 за 6 месеци, а нас ни траат по две недели... има убави сензори кои траае по 14 но се по 50 евра... “-изјави Костадин Костадинов – татко на дете со дијабетис. Јана вели животот не е ист како порано, но се труди да се привикне. „Малце ми е потешко да, ми се јаде малце благо, но пак си поткаснувам...“ изјави Јана Костадиновска – дијабетичар. Од Сојуз на здруженија на дијабетичари бараат референтна цена за терапијата и сите медицински помагала за дијабетичари. Дополнитело велат крајно време да се промени и позивитната листа на лекови која со години наназад е иста, па доколку дојде до промена наместо два тие би имале на располагање дополнително уште најмалку 7 лекови кој сега ги купуваат приватно. „Очекуваме следната година да нема тендери туку да се промени моделот со отворен пазар со референтна цена, се со цел граѓаните односно младите пред се да бидат здрави да можат нормално да го живеат својот живот... НАшето барање генерално и главната цел е сите ТИП 1 да добијат сензори, ТИП 2 да добијат сите и нова терапија, ние на позитивната листа цело време тоа го кажуваме, добиваме само 2 лека другите сите веќе 7ма година си ги купуваме на приватно. Позитивната листа доколку се смени по нивните критеритуми на докторите, државата што ги објави ние ќе имаме уште 7 или 8 лекови....“- изјави Диме Велев – СЗДМ. А токму денеска во организација на Сојузот се организизраше и настан за подигање на свеста за дијабетисот и градење на дијабетис култура. Во Македонија живеат над 100 илјади лица со дијабетис, а 4,1 % или околу 4 500 се со дијабетис тип 1. Од нив 650 се деца до 13 години, а 450 се млади од 14 до 24 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМексиканец се обидел да прошверцува 200 гуштери во Јапонија, спакувани во 22 чорапи- вредат стотици илјади долари Мексиканец е уапсен на аеродромот Ханеда во Токио откако царинските службеници пронајдоа околу 200 гуштери спакувани во 22 пара чорапи во неговиот куфер. Даниел Исак Веласко Балтазар, 23, е обвинет дека неодамна се обидел да ги прошверцува влекачите во Јапонија од Јужна Кореја без да ги пријави, а полицијата во Токио соопшти дека Даниел признал дека ги увезувал без дозвола. Еден од гуштерите бил мртов кога бил отворен случајот, а девет од нив биле мексикански алигаторски гуштери, познати и како дрвени алигаторски гуштери, вид кој живее исклучиво во планинските шуми на Мексико и бара дозвола од владата за каква било прекугранична продажба според Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови. Осомничениот им рекол на истражителите дека ги купил гуштерите во Мексико за цена помеѓу 560 и 750 јени секој (околу 3 до 4 фунти). Животните се ретки во Јапонија и се продаваат за околу 100.000 јени (520 фунти). Полицијата во Токио добила дојава кон крајот на јули 2026 година дека мексикански државјанин се обидува да ги прошверцува гуштерите во земјата. Царинските службеници во Ханеда беа во состојба на готовност и го претресоа куферот на Балтазар, каде што ги пронајдоа животните завиткани во чорапи и маици. Куферот содржеше и други видови гуштери, а властите сè уште се обидуваат да утврдат за кој вид станува збор. Мексиканските алигаторски гуштери се светло зелени и бавно се движат и живеат во боровите и дабовите шуми на Сиера Мадре во централно Мексико, каде што сечата и собирањето за трговија со домашни миленици го десеткуваа видот, кој е класифициран како загрозен, според Индепендент. Јапонија е еден од најголемите пазари во светот за егзотични влекачи, а запленувањата на шверцувани животни на аеродромите не се невообичаени.Тагови: гуштери јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери Двајца тинејџери, на возраст од 17 и 18 години, се повредени во експлозија на железничка станица во германскиот град Аугсбург.Според полициските извештаи, железничкиот сообраќај е целосно прекинат. Германските медиуми јавуваат дека најверојатно експлодирала рачна граната во близина на продавница за златари. Експлозијата оштетила и прозорци. Експерти за експлозиви од баварската покраинска криминалистичка полиција се на местото на настанот, потврди полицијата по истрагите. „Дер Шпигел“ известува дека во меѓувреме е пронајден уште еден сомнителен предмет. Според „Билд“, полицијата истражува можна поврзаност со организиран криминал, а се сомнева дека железничката станица не била целта. „Зградата на станицата и перон 1 моментално се затворени“, изјави портпаролот на полицијата. Железничкиот сообраќај е нарушен и се одвива на другите перони. Патниците можат да пристапат до другите перони преку северниот и јужниот влез.Тагови: Железничката станица тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаТензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководствоБурна атмосфера во Лекарската комора...Денешното Собрание мина со викотници и остри обвинувања помеѓу докторите... Тензии и препукувања меѓу докторите пред изборите на ново раководство и претседател на Лекарската комора. На денешното собрание беа распишани избори за нови делегати, но паднаа и обвинувања дека поради истечениот мандат на актуелната претседателка од јули, лекарите нема можат да ги обноват лиценците. Калина Гривчева Старделова која осум години раководи со комората ги отфрла обвинувањата и кажа дека нејзиниот потпис и одлуките се легитимни се до завршување на изборниот процес. „Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде.“ „Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност кои се потпишувани од лекарската комора.“ За едни тоа што досега немало собраниска седница е опструкција на процесот, за други пак немање на кворум за нејзино одржување. „Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа и не можат да дојдат, изјави Калина Гривчева Старделова.“ „Тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката - избори, изјави Ленче Неловска.“ По две последователни мандати, Гривчева-Старделова заминува од челната позиција во Комората. Изборот на новите делегати е првиот чекор, а новиот претседател треба да биде избран до крајот на октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter