Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
1Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
2Мицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметници
3Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ФормулаСензационален триумф на Саинц и Ферари, на Верстапен му експлодираа кочниците (ВИДЕО)Возачот на Ферари, Карлос Саинц, сензационално победи на трката за Големата награда на Австралија, само две недели по операцијата на слепо црево, поради која ја пропушти ГН на Саудиска Арабија.Саинц доминираше по четвртиот круг кога Макс Верстапен мораше да се откаже откако му експлодираше дискот на сопирачката при влегувањето во боксот. Холанѓанецот потоа задржа помалку од секунда разлика од Шпанецот, но потоа следеше голем проблем со сопирачките и тој се повлече. Ова е прво повлекување на Верстапен поради неуспех во последните две години. Последен пат тоа му се случи исто така во Австралија. @geeksobreruedas Ferrari ¿ARREPENTIDO?😱 Sainz Gana el GP de Australia 😱#f1 #australiangp #ferrariSainz le dice a Ferrari: Arrepientete, ya que gana el GP de Australia de manera contundente, desde las primeras vueltas adelanta a Verstappen el cual se retira en la vuelta 5 por problemas de sus frenos que prácticamente explotaron, en el podio acompaña Leclerc y Norris, y si bien las posiciones desde la clasificación no tuvieron modificación, Russell hace un Russell al chocar en la penúltima vuelta, haciendo que mercedes sume cero puntos ya que Hamilton también abandona por problemas de Motor. Checo Pérez le alcanza para el sexto lugar, que hubiera sido tercero si no fuera por la penalización desde la clasificación causada por su equipo. Albon a pesar de haber tomado el coche de su compañero sumó cero puntos, igual que Ricciardo que es humillado por su compañero el gigante Tsunoda ¡Dinos en comentarios qué te pareció la carrera! ♬ sonido original - Geek Sobre Ruedas Саинц извозе до својата трета победа во кариерата, а славењето на Ферари го комплетираше Шарл Леклер, кој го престигна Ландо Норис преку боксот за првиот двојник на Ферари од Бахреин во 2022 година и нивниот прв двојник во Австралија од 2004 година кога Шумахер заврши на првото и второто место со Барикело. Норис заврши на третото место за Мекларен, откако забележа пет круга пред тимскиот колега Осакар Пјастри. Но, подоцна го пушти да си оди по наредбите од боксот да заврши четврти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОтворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во ДојранМинистерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија.Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски заедно со генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Владимир Обрадовиќ, ја отвори Националната младинска летна школа за социјална инклузија, во Дојран. Од 14 до 18 септември, на школата учествуваат околу 60 млади на возраст од 15 до 29 години од целата земја. Летната школа е организирана од Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Во текот на петдневната програма, младите учесници од различни делови на државата ќе имаат можност преку интерактивни, едукативни и спортски активности да стекнат нови знаења и практични вештини во повеќе области, меѓу кои комуникација, тимска работа, лидерство, социјална инклузија, личен развој и вработливост. Посебен фокус во програмата е ставен на пристапот „Спорт за развој“, преку кој спортот се користи како алатка за учење, градење доверба и соработка, поттикнување на меѓукултурниот дијалог и развивање на лидерските способности кај младите. Целта на Националната младинска летна школа е младите да не бидат само учесници во неколкудневна програма, туку од Дојран да заминат со нови контакти, конкретни знаења и вештини, поголема самодоверба и мотивација за активно учество во своите заедници. Министерството за социјална политика, демографија и млади заедно со своите партнери продолжува да создава и унапредува можности за младите од целата држава да се поврзуваат, да учат, да разменуваат искуства и непосредно да учествуваат во процесите и активностите што се од значење за нивниот личен и професионален развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди и да поддржува домашни уметнициНајпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. „Најпрвин, ќе ми дозволите да им се заблагодарам на сите луѓе коишто учествуваа во оваа достоинствена прослава и одбележување на 35-годишнината од независноста. Почнувајќи од првиот настан, каде што гостуваше повторно светска ѕвезда на стадионот во Битола — под Тумбе Кафе, на 2-ри август, па сè до последниот настан, каде што беше повторно мега-светска ѕвезда — Дејвид Гета. Во меѓувреме имавме неколку мјузикли низ градовите во државата, под мотото „Силно светнал ден“. Потоа беше оној настап на светската мега-ѕвезда, Хосе Карерас, заедно со македонскиот „ол-стар“ состав на скопскиот плоштад. Тука беа и поединечни настани, исто така со светски ѕвезди во Струмица — Окенфолд, Ван Дајк, македонски рок-бендови, меѓу кои и концертот на „Меморија“ во Струмица итн. Станува збор за опфат од помеѓу 200.000 и 250.000 среќни македонски граѓани коишто ова лето се дружеа со македонските, но и со светските ѕвезди“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостувањето во Централниот дневник на МРТ. Мицкоски се осврна на активностите коишто се одвиваа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија и соопшти дека ќе продолжи праксата Владата да помага да се носат светски музички ѕвезди, како и да се поддржуваат домашните уметници. „Им благодарам на македонските пејачи, актери, организатори, продуценти, режисери, сценаристи — нека ми прости некој ако биде заборавен. Им благодарам што направија навистина лето коешто ќе биде незаборавно, лето коешто долго ќе се памети и ќе претставува основа за годините коишто следат“, рече Мицкоски и додаде: „Јас слушав на прес-конференцијата дека обврска на организаторот е да достави трошковник до Државната лотарија и, според изјавите на директорот на Државната лотарија, тој трошковник ќе биде доставен и објавен. Така што опозицијата нека продолжи да тоне во своите интриги и измислици, а ние ќе продолжиме да работиме и да го испорачуваме она што го очекуваат граѓаните од нас. Еве, ќе кажам и ќе најавам тука повторно, уште еднаш, дека општествено одговорна компанија како Државната лотарија ќе продолжи и во годините коишто следат да ги поддржува македонските културни работници, македонските актери, македонските музички изведувачи итн.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСтигна казната за судиите од манчестерското дербиМет Донахју, ВАР-судијата кој го потврди победничкиот гол на Ерлинг Халанд во победата на Манчестер Сити од 1:0 над Манчестер Јунајтед, нема да биде ангажиран на натпревари во Премиер лигата следниот викенд.Донахју беше во VAR-собата за време на градското дерби, а по натпреварот беше потврдено дека VAR-тимот направил грешка при проценката на клучната ситуација. Неговиот помошник во VAR-собата, Блејк Ентробас, беше изоставен од списокот на судии за следното коло. Според моменталниот план, ниту еден од нив нема да се врати на теренот најмалку до крајот на претстојната репрезентативна пауза. Одлуката ја донесоа главниот судиски функционер Хауард Веб и раководството на организацијата задолжена за судењето. Халанд ја затресе мрежата за 1:0 во второто полувреме, но неговиот гол првично беше поништен поради офсајд. По проверката преку VAR, одлуката беше променета и голот беше признат, откако беше утврдено дека норвешкиот напаѓач не се наоѓал во недозволена позиција во моментот на упатувањето на топката. Сепак, дополнителната анализа покажа дека ВАР (VAR) не ја зел предвид улогата на неговиот соиграч Енцо Фернандез. Фернандез се обидел да одигра со топката додека бил во офсајд-позиција, што, според правилата, можело да влијае врз проценката на целата ситуација. Поради тоа, судиската организација призна дека ВАР направил грешка. Така, спорната одлука директно влијаеше врз исходот на големото дерби на Манчестер, а Донахју и Ентробас сега ќе мора да чекаат најмалку до крајот на репрезентативната пауза за повторно да добијат ангажман во Премиер-лигата.Тагови: ВАР технологија Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17