Сензационалниот Нилс славеше во трката во супервелеслалом во Гармиш-Партенкирхен, Алегр победи со резултат 1:11,92 минути. Тој беше за 0,18 секунди побрз од Италијанецот Гиљермо Боска, за кого ова е и најдобар резултат во кариерата.
На последното скалило на победничкиот подиум се искачи третопласираниот на целта Швајцарецот Лоик Мајер, кој беше за 0,25 секунди побавен од победникот. Лидерот во генералниот пласман на Светскиот куп, Швајцарецот Марко Одермат денешната трка ја заврши на четвртото место со заостанување од 0,28 секунди од победникот.