Сенат: Распит на шефови на разузнавачките служби на САД

Распитот се одржа синоќа пред сенатскиот Комитет за армиска служба и беше отворен за јавоста околу еден час, а потоа продолжи зад затворени врати.

Директорот на разузнавачката служба при Министерството за одбрана на САД, генерал полковник Скот Бериер, на распитот синоќа во Конгресот изјави дека руските вооружени сили претставуваат „егзистенцијална закана" за САД. Директорот на националнато разузнавање, Аврил Хејнс, пак, укажа дека Кина се приближува до водството на САД.

Распитот се одржа синоќа пред сенатскиот Комитет за армиска служба и беше отворен за јавоста околу еден час, а потоа продолжи зад затворени врати.

Хејнс укажаа дека Кина станува „зголемено приближен сопреник", а Бериер посочи дека руските вооружени сили сами по себе претставуваат „егзистенцијална закана за САД".

– Русија конкурира со глобалното водство на САД и ги принудува противниците кои смета дека се предизвик за нејзините животно важни национални интереси, изјави Берјер.

Според него, воените сили на Русија се користат за ширење на своето влијание во соседните држави.

– Москва продолжува да инвестира во своите стратегиски нуклерани сили, во нови начини на засилување на стратегиското задржување, а со тоа ги става под закана САД, изјави тој.

Според него, Русите потврдиле дека модернизирале 82 отсто од својата „нуклеарна тријада" и развива нови атомски системи насочени на пробивање на системот на противракетна одбрана.

Нуклерна тријада е термин кој означува усовршена воеана структура составана од копнени лансери на нуклеарни проектили, нуклеарни балистички ракети инсталирани на подморници и стратегиска авијација со атомски бомби.

Според Бериер, нуклеарната тријада на Русија дава можност да „причини штети кои најверојатно би биле неприфатливи за Западот".

– Русија развива нови подморници со балистички ракети, ги зајакнува своите тешки бомбардери со прецизни крилести ракети и ги модернизира своите меѓуконтинентални балистички ракети. Нова тешка меѓуконтинентална балистичка ракета, трансокеанско беспилотно торпедо и меѓуконтинентална крилеста ракета, сите со нуклерно оружје, можат да бидат распоредени до крајот на оваа деценија, посочи тој.

Берјер подвлече дека моќта на руските вооружени сили е втемелена на инвестиции во атомско оружје и негов развој, но исто така и на „обично вооружување, во значајна мерка планирано за одбранбени и регионални активности. Тој укажа дека рускиот воен врв го зема предвид искуството стекнато од операциите во Сирија кога врши подготовки за воени маневри.

Тој потврди дека во време кога САД го почитуваат мораториумот на нуклерани тестирања, соодветно на стандардот за нулта опција, Русија тоа не го прави. Неговите заклучоци се од извештајот на разузнавачката служба објавен во 2018 година,

САД и Русија се наоѓаат во критично затегнати односи.

На почетокот на месецов Вашингтон воведе санкции против Москва поради вмешаност во претседатеските избори во 2020 година и кибернападите со „СоларВиндс", продолжената окупација на Крим каде „сериозно се нарушуваат човековите права", но и за потпомагање на агресијата во источниот дел на Украина.На распитот беа дискутрани и кибернападите, заканите од Северна Кореја и Иран, како и зголемената закана од климатските промени.

Официјално: Легендарен фудбалер по 12 години ја напушта Борусија

За тоа се шпекулираше и претходните месеци, објавија сите познати германски медиуми, а сега е и официјално! Марко Ројс по дванаесет години ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Напаѓачот преку социјалните мрежи им се обратил на навивачите и ја соопштил својата одлука да си замине. По 424 натпревари и 168 гола, два купа на Германија и еден Суперкуп, како и финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, соработката конечно дојде до крај.

- Неверојатно сум благодарен и горд за ова посебно време во мојот сакан клуб. Поминав повеќе од половина од мојот живот во клубот и уживав во секој ден, иако секако имаше тешки моменти. Веќе знам дека ќе ми биде тешко да се поздравам на крајот од сезоната – рече Ројс во пораката до навивачите.

Ројс има 34 години и се уште не е познато каде би можел да ја продолжи кариерата. Тој е дете на Дортмунд, но од 2006 до 2012 година играше за Рот Вајс Ален и Борусија Менхенгладбах пред да се врати.

За германската репрезентација одигра 48 натпревари и постигна 15 голови.

ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28).

Европската Унија и нејзините земји членки заедно со меѓународните партнери силно ја осудуваат злонамерната кибер кампања спроведена од т.н. Актер за напредна постојана закана 28 (АПТ28), кој е контролиран од Русија, против Германија и Чешка, се наведува во изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел.

Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот чинител беа и државни институции, агенции и ентитети во други земјите членки на ЕУ, меѓу кои и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска, како и дека во 2020 година Унијата воведе санкции за поединци и субјекти одговорни за нападите на АПТ28 насочени кон германскиот Федерален парламент во 2015 година.

- Злонамерната кибер кампања го покажува континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во кибер просторот, таргетирајќи ги демократските институции, владините ентитети и провајдерите на критична инфраструктура низ Европската Унија и пошироко. Овој тип на однесување е во спротивност со нормите на ОН за одговорно државно однесување во кибер просторот, како што е нарушување на користењето и работењето на критичната инфраструктура. Занемарувајќи ја меѓународната безбедност и стабилност, Русија постојано го користеше APT28 за да спроведе злонамерни кибер активности против ЕУ, нејзините земји членки и меѓународните партнери, особено Украина, се додава во изјавата на Борел дадена во име на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Борел нагласува дека ЕУ нема да толерира такво злонамерно однесување, особено активности кои имаат за цел да ја деградираат критичната инфраструктура, да ја ослабат општествената кохезија и да влијаат на демократските процеси, имајќи ги предвид избори во ЕУ и во повеќе од 60 земји во светот што се одржуваат во текот на оваа година.

- ЕУ и нејзините земји членки ќе продолжат да соработуваат со нашите меѓународни партнери за промовирање на отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор. ЕУ е решена да го искористи целиот спектар на мерки за спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот, се додава во изјавата.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

притисни ентер