3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
КултураСеминар за народните инструменти и песни пред почетокот на фестивалот „Пеце Атанасовски"Во пресрет на почетокот на 45. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" што на 5 и 6 јули ќе се одржи во Прилеп и на Рудина кај Долнени, деновиве се одржа Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Тринаесет млади учесници истражуваа, ги осознаваа инструментите и песните кои народот ги создавал низ вековите и се дел од богатото културно и фолклорно наследство на овие простори. Оваа година семинарот е насловен „Доближувањето на младите до фолклорот", а работата е поделена на неколку етапи. Горан Василески, магистер по фолклористика и водач на семинарот, вели новост е теренско истражување во неколку села во општина Долнени каде младите се запознале со традиционалните песни и инструменти, а повозрасните им објаснувасле на младите за фестивалот, за традиционалните инструменти и песни, за обичаите, народните носии, сѐ со цел тие потемелно да навлезат во традицијата и во фолклорот. – Посетивме неколку културно-уметнички друштва. На пример, КУД „Пенка Котеска" од Прилеп ни излезе во пресрет и присуствувавме на нивната проба, ги слушавме изворните песни од регионот Прилеп-Мариово. Денеска имавме средба со изработувачот на народни инструменти, мајсторот Љубен Јуртовски, за да видиме директно како се изработуваат гајдите, тапаните, зурлите и кавалите, изјави Василески, објаснувајќи дека на затворањето на фестивалот, во Долнени, на Рудина, в сабота семинаристите ќе настапат со она што го научија, главно, тука е „химната" на Долнени и на фестивалот – песната „Отидов село Долнени, де". Учесниоците на семинарот, младите, ќе настапат со помош на КУД „Пенка Котеска". Василески се надева дека младите и наредните години повеќе ќе се интересираат за изворниот мелос зашто овој сменинар е единствен од ваков карактер каде не се плаќа партиципација и учесниците добиваат максимум од познавањата на изворниот мелос. -Семинарот се одржува 10-ина години. Се трудиме да има континуитет, без разлика колкави се средствата и ќе настојуваме во иднина да продолжи оваа традиција која директно е врзана со зачувувањето на богатиот македонски изворен фолклор. Има доста млади заинтересирани, кои сакаат д го изучат фолклорот. Секако, добредојдена е помошта од државата, од Министерството за култура и од сите извори да се зачува богатиот фолклор и да се пренесе на новите генерации. Сакавме да ги анимираме Македонците во Гора, во Мала Преспа, но се зависи од финансиските средства, додаде Василески. Младите велат дека треба да се возобнови интересот за фолклорот кој последниве години кај новите генерации стагнира. Младиот Борче Нунески, семинарист, 10 години игра во КУД „Мирче Ацев". – Вљубеник сум во Фолклорот. Играорец сум 10 години. Сега сакам да научам да свирам на гајда. Има млади кои се интересираат, но, за жал, сѐ е во изумирање. Не знам, ама треба да се подигне љубовта спрема фолклорот, вели Нунески. Десетгодишниот Давор Петкоски го сака фолклорот и играњето народни ора.-Имам 10 години. Одам во КУД „Мирче Ацев" во Прилеп седум години. Учествувам на овој семинар. Пееме и истражуваме народни песни. Свириме и истражуваме, вели Петкоски Според секретарот на фестивалот „Пеце Атанасовски", Златко Лаашкоски, сѐ зависи од инетересот на државата и дека токму нивниот фестивал се труди да ги зачува традицијата, изворниот мелос. -Во 1974 година кога почна фестивалот во Долнени имаше 100-ина гајдаџии, денеска нема ниту еден. Токму тоа е нашата мисија – да ја вратиме љубовта кон извпрниот мелос. А се надеваме овој семинар, кој стана традиција, ќе го стори тоа. Волја е на државата – ако се дотираат повеќе средства – ќе има поголема желба за зачувување на изворниот мелос. Ние сакавме на семинарот да имаме пет професори, над 30 учесници кои 10 дена ќе работат со семинаристите за изучување на народните иснтрументи и песни. Но, се зависи од средствата. Се надевам дека за ова народно културно богатство во иднина ќе има слух, објаснува Лашкоски. Фестивалот „Пеце Атанасовски" официјално почнува утревечер со дефиле на учесниците во центарот на Прилеп, со првата вечер на изведувачите на народни инструменти и песни на плоштадот „Александрија" во центарот на Прилеп. В сабота е трибината со етномузиколози за изворниот мелос некогаш и денес, промоција на зобрник со научни трудови, а вечерта в сабота на Рудина кај Долнени, е втората фестивалска вечер, прогласувањето на најдобрите и врачувањето на наградата „Гајдата на Пеце Атанасовски" на најдобриот гајдаџија. На Фестивалот ќе учествуваат околу 350 изведувачи од сите краишта на земјава. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република КосовоНа 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: режим на сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУпад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полицијаГрупа од неколку десетици луѓе, се собраа пред ТВ Информер вечерва, а подоцна упаднаа во редакцијата.Меѓу нив е и Дијана Хрка, мајка на една од жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Видео на кое се гледа групата пред Информер беше објавено на социјалните мрежи. „Да одржиме колегиум заедно“, стои во описот на видеото, во кое се слуша викање од толпата. Ma je l to dobri narod upao u Informer? https://t.co/Y9Z3rzQxr5 — Marijana 🇷🇸 (@MarijanaMM_) October 26, 2026 Група луѓе насобрани упаднаа во Информер Главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, рече дека групата тропала по прозорците и вратите и дека, како што тврди, „скршиле една од вратите на влезот во телевизиската станица“. „Тропаат по прозорците, скршија една врата, сега одат на другиот влез. Сакаат да провалат“, рече главниот уредник на Информер. За време на емисијата, тој ја повика полицијата да реагира. Вучиќевиќ го повика лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, да реагира во живо на програмата. Vrati konju glavu Draganeeeee uživo https://t.co/zO8D1tTIfe — Bora (@BoraKonj) October 26, 2026 Потоа толпата упадна во редакцијата, вклучувајќи ја и Дијана Хрка. Како што може да се види во преносот во живо на телевизија, неколку компјутери беа скршени. Полицијата пристигна пред Информер во полна опрема. Pripadnici zborova upali u Informer. Ne znam šta će sad sa ovim, valjda da ga osedlaju prvo https://t.co/RFydWPbTEC — Nevena (@nevena227) October 26, 2026 Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти редакцијата во придружба на група насобрани луѓе По расправија со Дијана Хрка и другите присутни, главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти канцеларијата во придружба на насобраните луѓе. Извор: БлицТагови: Србија Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТеа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварењеСпоред пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција. Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба. „Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34