Семејството на убиената снимателка поднесе приватна тужба против Алек Болдвин - Канал 5

Семејството на убиената снимателка поднесе приватна тужба против Алек Болдвин

Алек Болдвин се соочува со нова тужба од роднините на снимателката Халина Хачинс, која беше убиена кога актерот несвесно испукал вистински куршум од пиштол со кој што вежбал за време на снимањето во Ново Мексико, пренесува Sky News.

Семејството на убиената снимателка поднесе приватна тужба против Алек Болдвин

Семејството на снимателката, меѓу другото, го обвинува холивудскиот актер за предизвикување душевна болка и невнимание.

Во тужбата е вклучена и филмската продуцентска куќа Руст. Треба да се нагласи дека се работи за граѓанска, односно приватна тужба, каде обвинетиот не може да се казни со затвор, туку само со исплата на надомест.

На Болдвин му се заканува и кривично судење. Тој треба да се појави пред американскиот суд на 24 февруари. Како и оружарката на сетот, Хана Гутиерез Рид, тој е обвинет за убиство од небрежност. Ним им се заканува затворска казна до пет години.

Американската обвинителка Глорија Алред, која ќе ги застапува роднините на Халина Хачинс, денеска ја објави новата тужба на прес-конференција.

„Јасно ни е дека животот на сите мои клиенти е нарушен и тие нема да можат да живеат на ист начин како кога нивната скапоцена Халина беше жива. Халина беше светлината на нивните животи“, рече Алред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли барањата на Украина за приклучување кон трансатлантската алијанса во овој момент.

Руте го разочара Зеленски: Моментално нема согласност за влез на Украина во НАТО

Тој на годишната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Берлин изјави дека постои можност Украина да стане дел од Алијансата во иднина, но дека членките на НАТО во моментов не се едногласни по ова прашање, објави „Зидојче Цајтунг“.

„На НАТО е да одлучи кој може да стане членка на НАТО“, рече Руте.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно повторно се залагаше за прием на неговата земја во НАТО.

Тој оцени дека ова е подобро решение за безбедноста во Европа отколку безбедносните гаранции кои само личат на клаузулата за заемна помош во член 5 од договорот за НАТО.

Русија го отфрла влезот на Украина во НАТО, а Одбранбената алијанса во принцип одлучи дека Украина треба да стане членка, но САД се спротивставија на тоа во последните години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда

Претставничката на Црна Гора на натпреварот Мис Универзум што ќе се одржи на 24 ноември, Марија Александра Ивезај, покажа „двоглав орел“ за време на парадата со костими.

Црногорската мисица Марија, која „леташе орли“ на Мис Универзум: Бев горда

Сега таа одговори на прашањата на јавноста за нејзиниот потег за време на презентацијата и рече дека е горда и на своето албанско потекло и на Црна Гора, објави Телеграф.

Откако нејзиното претставување на натпреварот Мис Универзум привлече големо внимание, бидејќи покажа „двоглав орел“ на сцената, Марија Александра Ивезај се огласи на социјалните мрежи.

- Многу луѓе ме прашаа зошто го покажав албанскиот орел за време на моето претставување на натпреварот Мис Универзум. Размислував за тој момент пред да излезам на сцената и ОДБРАВ да го направам тоа затоа што сакав девојките со албанско потекло од Црна Гора да видат дел од себе таму горе со мене. Двајцата мои родители се родени и израснати во Црна Гора. Моето семејство е од Тузи и пораснав враќајќи се таму секое лето. Тоа што сум Албанка е дел од приказната на моето семејство, а Црна Гора е дел од таа приказна. Кога реков „Црна Гора“ на сцената и го кренав орелот, бев горда и на двете. Дојдов на Мис Универзум со надеж дека луѓето од малцинските заедници во Црна Гора исто така ќе се чувствуваат претставени. Прославувањето на нашето наследство беше еден од најлични начини на кои можев да оддадам почит на земјата што моето семејство ја нарекува дом. Би го направила тоа повторно - напиша таа на Инстаграм.

Таа покажа двоглав орел на сцената

За потсетување, на 75-от избор за Мис Универзум, имаше неочекуван скандал кога претставничката на Црна Гора, Марија Александра Ивезај, направи гест за време на парадата во национални носии што крена многу прашина.

Таа покажа „двоглав орел“ со рацете на сцената, што често се смета за симбол на таканаречената голема Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.

Средба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина.

Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии.

Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион.

Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот.

Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната.

На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер