Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот - Канал 5

Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот

Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши.

Семејството на Теодора револтирано што Апелациониот суд во Гостивар ја потврди двегодишната затворска казна за возачот

Семејството на Теодора Ристовска со писмо до јавноста информираше дека Апелациониот суд во Гостивар ја потврдил пресудата на Основниот суд во Тетово, со која обвинетиот Менсур Пајазити од село Голема Речица е прогласен за виновен и осуден на две години затвор смртта на тогаш 22-годишната девојка во сообраќајна несреќа. Тие се револтирани од оваа пресуда на повисокиот суд.

-Оваа пресуда е срам за правдата. Животот на Теодора згасна, а казната изгледа како подбив. Наместо вистинска правда, добивме минимализирање на трагедијата која нè скрши. Обвинетиот во жалбата се повикува на интересот на јавноста и на владејачката партија како фактор за „превисоката” казна, но тој интерес е многу природен — затоа што кога млад живот е згаснат, секој е потресен. Ако судството не беше труло и корумпирано, никому немаше да му пречи овој интерес. Наместо правда што ќе донесе мир, добиваме систем кој со својата блага и селективна казна создава уште поголема недоверба и омраза, велат Ристовски во писмото до јавноста.

Семејството вели дека и покрај тоа што понатамошниот правен пат до Врховниот суд зависи од Јавното обвинителство, тие нема да молчат и ќе продолжат да бараат одговорност и преку јавноста да истакнуваат оваа неправда не смее да остане без последици.

-Ние не бараме привилегии. Бараме човечност и фер однос — она што му припаѓа на секој граѓанин. Кога казната е непропорционална со загубата, виновен станува не само сторителот, туку и самиот систем. Го гледаме осудениот како слободно се движи, дури повторно седнува зад воланот, без видливо чувство на вина. За нас, тоа е брутална навреда за сеќавањето на Теодора и за секој кој знае што значи да изгубиш дете, сестра или најблиска личност. Трагедијата на Теодора ќе остане наша вечна болка. Но срамот на оваа пресуда му припаѓа на правосудниот систем. Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва. Правдата мора да биде видлива, опиплива и вистинска. Животот на Теодора не е бројка во досие- тоа е нашата вечна рана. И нема да престанеме да бараме правда, за да покажеме дека жртвите не се оставени сами, пишуваат од семејството на Теодора Ристовска.

На 7 април 2025 година на повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, беше осуден на казна затвор од две години.

Виновен е затоа што на 15.08.2022 година во Тетово, како учесник во сообраќајот не се придржувал до прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Управувал возило „БМВ“ и се движел по булевар, со брзина од 59 километри на час, која брзина не е прилагодена на условите на патот за да може навремено да го запре возилото, при што не му отстапил првенство на минување на пешакот сега покојната Теодора Ристовска која поминувала на обележан пешачки премин, гласи пресудата од април.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Отчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација

ЗНАМ: Две години работа, две години резултати

Една љубов – Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот

отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас

јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се

испорачуваат резултати.

Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина

и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со

сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно

раководење, јасна визија и политичка поддршка.

Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана.

Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е

ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна

дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската

рехабилитација за возрасни и деца.

Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра,

а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за

современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет.

Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде

подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по

која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените

преку организиран мултидисциплинарен пристап.

Работата не се однесува само на медицинските услуги.

Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е

намалено загадувањето во центарот на Скопје.

Најголемата трансформација допрва следува.

Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за

целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката,

вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците,

топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива.

Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати.

ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту

само коректор на туѓите политики.

Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и

да се реализира преку институциите.

Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори

во конкретна промена.

Не велиме дека сите проблеми се решени.

Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се

застанува со име и презиме.

За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност.

Политиката значи работа.

А отчетот значи да се покаже што е направено.

Две години работа.

Две години резултати.

Една обврска – отчет пред граѓаните.

Една љубов – Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер