Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор
Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
1Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор
2Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава
Шоу бизСемејството на Брус Вилис објави дека актерот по афазијата, сега има деменција Откако семејството на Брус Вилис објави во март 2022 година дека на актерот му била дијагностицирана афазија и дека ќе се повлече од актерството, сега е откриено дека на актерот му била дијагностицирана деменција.„Откако ја објавивме дијагнозата на афазија на Брус во пролетта 2022 година, состојбата на Брус напредуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD). За жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза“, напиша неговото семејство во соопштението на веб-страницата на Здружението за дегенерација на фронтотемпорал. Румер Вилис ја сподели веста, заедно со фотографија од нејзиниот татко, на Инстаграм. „Ние сме исклучително благодарни за сета љубов и поддршка што ни ја дадовте и во тој дух сакавме да ви дадеме ажурирање за нашиот сакан сопруг, татко и пријател, бидејќи сега имаме подлабоко разбирање низ што тој минува“, напиша. Вилис, кој ќе стане дедо, неодамна се појави во јавноста и со својот изглед ги загрижи фановите. Неодамна, извори блиски до актерот открија за медиумите дека неговата состојба се влошува и дека неговото семејство се надева на чудо, по што на Инстаграм се појавија фотографии на кои тој насмеан позира со сопругата Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и неговите ќерки. После тоа се дозна дека Брус оваа година ќе стане дедо. Среќната вест ја сподели идната баба Деми која на својот Инстаграм профил откри дека нивната ќерка Румер чека дете со момчето Дерек Ричард Томас. Покрај Румер, Вилис со својата поранешна сопруга има и ќерки Талула и Скаут и уште две со сегашната сопруга, чии имиња се Мејбел и Евелин. Деменцијата, состојбата која му беше дијагностицирана Брус Вилис, е наследна болест која ги зафаќа фронталниот и темпоралниот лобус. Карактеристичната возраст на почеток е типично помлада (55-65 години) отколку кај Алцхајмерова болест. ФТД влијае на личноста, однесувањето и обично јазичната функција (синтакса и флуентност) повеќе, а меморијата помалку од Алцхајмеровата болест. Апстрактното размислување и вниманието (одржување и пренасочување) се нарушени, одговорите се неорганизирани. Ориентацијата е зачувана, но потсетувањето може да биде нарушено. Најмногу се зачувани моторичките вештини. Пациентите имаат потешкотии да ги завршат задачите по одреден редослед, иако визуопросторните и градежните задачи се помалку засегнати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСо одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затворАпелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов.Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов, кој беше прогласен за виновен за убиството на вонбрачната партнерка 52 годишната Сузана Серенакова извршено во јануари 2025 година во Кавадарци. И одбраната на Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда. Но, апелација одлучи казната да биде повисока со цел да има поголема казна врз основа на направеното дело за лице кое било осудувано и претходно и во чести состојби на афект ја физички и психички ја малтертриал неговата партнерка. Обвинетиот не го признал делото негирајќи дека не бил кај жртвата дома, но ДНК анализата покажала дека траги од него биле пронајдени на облеката и под ноките на жртвата, за што биле клучни во истрагата. Панов беше обвинет за убиство за дело кое е привидена најстрога казна доживотен затвор. Семејното насилство е во пораст, од периодот од 2018 до 2025 година извршени се 42 убиства, 24 обиди и 192 тешки повреди, а имало скоро 45 илјади пријави за семејно насилство. Психологот Мирјана Јовановска Стојановска објаснува дека високите затворски казни се во ред, но самата казна не ја менува мотивацијата кај насилникот и неговата внатрешна намера, го менува само однесувањето да ја избегне казната. „Она што се случува внатре во личноста казната не го менува. Да треба казна но најдобро е да има комбиниран систем каде освен казна ќе му се помогне на оној што ги прави делата. Затоа што очигледно е дека им треба многу помош“, вели изјава Мирјана Јовановска Стојановска. Со новите измени во законот за спречување и заштита од насилство се предложува полицајците да имаат ново овластување со кое полицаецот врс основа на процена на ризик ќе може веднаш да изрче мерка за заштита на жрвата, насилникот да се отстрани од домот без согласност на жртвата и да трае до 48 часа со што судот може да ја продолжи до 30 дена или да ја укине. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријаваЗа настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Алкохол мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски сака статистика – граѓаните гледаат празни фрижидериЕвростат повторно објави податоци.Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра. Словенија е со 1.482 евра. Македонија? 624 евра бруто, односно околу 421 евро нето. Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора. Ние сме на долниот дел од листата. Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија… Граѓаните не живеат од проценти. Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот. И таму статистиката е јасна: празно. Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек. Минималната плата останува меѓу најниските во Европа. Цените растат. Инвестициите паднаа. Младите си одат. Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект - најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт. А она што самите го допреа, најчесто го упропастија. Или само се фотографираат. Оваа власт е неспособна да создаде подобро. Способна е само за тендери, за криминал и за корупција. Тоа се „тендер-патриотите“ - силни во поделба на пари, слаби во сè друго. Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат. Тие тоа го гледаат секој ден. И тоа е единствената статистика што важи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook