Семејството Хјустон го демантира Боби Браун, Кристина не е разбудена! - Канал 5

Семејството Хјустон го демантира Боби Браун, Кристина не е разбудена!

Семејството Хјустон ги демантира зборовите на пејачот Боби Браун кажани на концерт во тексас дека неговата ќерка Боби Кристина е разбудена од кома.

Семејството Хјустон го демантира Боби Браун, Кристина не е разбудена!
За ТМЗ тие изјавиле дека Боби не е во прави и дека неговата ќерка не е исклучена од апарати.
Боби Браун инаку викендов на концерт во Тексас изјави дека неговата ќерка од бракот со Витни Хјустон Бои Кристина по три месеци во кома се разбудила .
-Денеска можам да ви кажам дека Боби Кристина е будна и ме гледа, изјави Боби Браун на концертот во Тексас.
ТМЗ пренесува и дека сестрата на Боби Браун , Тина на својата Фејсбук страница објавила дека Боби Кристина „ се разбудила е дека веќе не е приклучена на апарати за одржување во живот“.
Но , сега некој од семејството Хјустин ги демантира овие информации.
„Постојат минимални реакции . Повремено Боби Кристина трепка со очите , но засега тоа е се“, изјавија членовите на семејството Хјустон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи.

Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години.

Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер