Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар - Канал 5

Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар

Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот.

Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар

Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, синоќа во Дебар одржа трибина за важноста на семејството и меѓурелигискиот дијалог.

На трибината, меѓу многуте присутни граѓани од различна етничка и верска припадност, присуствуваа и градоначалникот Хекуран Дука, епископ Антаниски г. Партениј и дебарскиот муфтија Решат Качалнику, свештеници, архимандрити и јеромонаси, монахињи, просветни и културни работници и голем број претставници на институции.

Трибината ја отвори психологот Ангелина Василевска, која го истакна значењето на соживотот во регионот низ децениите наназад, како и важноста од отворањето на овие теми во јавниот простор.

Градоначалникот на Општина Дебар, г. Хекуран Дука, поздравувајќи го одржувањето на оваа средба меѓу другото рече дека треба да ги развиваме ваквите заложби за поддршка на соживотот, со кој Дебар се гордее.

- Во фокус на оваа трибина, би сакал да кажам дека сум многу задоволен што ќе се дискутира на тема поврзана со семејството, бидејќи многу пати сум бил присутен на различни трибини каде што се зборува за правата на децата, правата на жената, но никогаш не сум бил присутен, ниту пак, сум разбрал дека има дебата на која се зборува за нашето најважно, а тоа е семејството, кое е основна клетка на општеството. Оти какво што ни е семејството, такво ќе ни биде општеството, рече градоначалникот на отворањето на трибината, кој вети дека ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи насочени кон развој на младите во општеството.

Сестра Ефимија Зајковска, од манастирот во Рајчица, се заблагодари за поддршката добиена од градоначалникот Дука, и се задржа на темата насловена како „Семејството, состојби и предизвици“.

- Од една страна, гледаме дека денешните општества се значајно развиени. Имаме неверојатен цивилизациски напредок во многу полиња. Денес можеме да се пофалиме со силен индустриски, односно технолошки развој, кој има за цел олеснување на човечкиот живот, потоа со развој во областа на медицината која е насочена кон заштита и унапредување на човековото здравје, имаме отворени граници за да можеме полесно да разменуваме лични и професионални искуства, интелектуално да се надградуваме, па и да создаваме трајни пријателства и сл. Но, и покрај сето ова, сепак, се забележува еден парадокс, кој рефлектира сериозни оштетувања внатре во човечката личност: наместо да напредува, човекот регресира, се соочува со неверојатен стрес, страв, незнаење, болести. А најсилен, пак, негативен ефект од современиот развој е настанатото отуѓување меѓу луѓето, што значи дека тие отстапуваат од целта заради која се создадени, а тоа е живот во заедница и соединување со Бога. Денес човекот професионално непрестајно се развива, но стагнира и потфрлува на семеен план, тој има многу виртуелни пријатели, но со никого не создава длабоки физички и емотивни врски, неверојатно е храбар за да освојува нови сложени предизвици, а сериозно исплашен да го отвори своето срце за да го пушти внатре својот ближен, истакна сестра Ефимија во своето обраќање.

Меѓу другото, таа ги поттикна присутните на размислување, поставувајќи им го прашањето: Дали денешните семејства имаат реална способност да се спротивстават на модерните трендови, кои се насочени пред сè кон индивидуалниот развој на човекот, за сметка на неговото отуѓување од ближниот?

- Како да го сториме тоа, кога сè ова изгледа толку многу тешко? Ете, токму таму, во модерниот амбиент во кој реално сите ние живееме, имаме задача да ја понудиме нашата перспектива, да придонесеме и системски да се променат нештата, да се избориме за подобро образование на нашите деца, да бидеме истрајни во почитувањето на моралните вредности. Го менуваме општеството влијаејќи на него со својот позитивен пример, бранејќи ги, додека дишеме, вредностите кои ги стекнавме и научивме благодарение на животот во нашите семејства: почитувањето на секоја личност, скромноста, чесноста, трудот, пожртвуваноста, добротата, незлобливоста, милосрдието, простувањето, љубовта! Овие семејни вредности, од нашиот мал семеен круг непрестајно треба да ги пренесуваме во големото семејство на светот. Ако тоа го имаме, тогаш тоа ќе го дадеме. Бидејќи, секој го пренесува она што го научил, секој од срцето го дава тоа што во него го поседува, порача сестра Ефимија.

Зборувајќи за семејството Сумеа Рамадани, рече дека во секоја религија семејството е свето нешто, единствено место каде што нè прифаќаат онакви какви што сме, бидејќи само во семејството се потпираме на љубов.

-Во семејството сите сме исти, еден за сите и сите за еден. Затоа семејството е свето. Љбовта е фундаментална потреба за да опстанеме во живот. Љубовта пренесена од родителите на детето, детето ја пренесува на светот. Семејството нè учи на сите социјални вештини и емоционална стабилност. Мајката е најсветото нешто, најубавиот цвет во семејството, мајката е таа која го собира целото семејство и треба да се почитува со милост. Секако клучна улога во семејството и развојот на детето во вистинска личност одигрува и таткото, меѓутоа, мајката е најубавиот подарок што таткото може да му ја даде на детето, рече меѓу другото Рамадани.

Имамот Орхан ефенди Зенго, не го криеше задоволството што може да даде придонес на една „ваква одлична средба“.

-Религијата има клучна улога во создавањето на вистинска здрава личност. Да се биде религиозен, значи да се биде човек во потполна смисла на зборот. Религијата нè поучува како најдобро да го изградиме нашето семејство. Семејството е првата институција во која се раѓа и се гради една вистинска личност. Од Исламска перспектива, за да изградиме здрава личност потребно ни е да изградиме здраво семејство. А предуслов за здраво семејство е бракот помеѓу маж и жена, кои треба да бидат здрави и изградени личности. Превземањето на одговорноста е на двајцата родители, кои треба да го едуцираат своето дете, да му ги инсталираат сите човечки и хумани вредности и да го изградат во вистинска личност. И општествениот развој зависи токму од самиот човек и неговата личност. Колку повеќе добри личности ќе изградиме толку побрзо ќе се промени и развие во подобро нашето општество, рече ефенди Зенго.

За крај се обрати и Архимандрит Кирил Деловски од Бигорскиот манастир.

- Со голема чест и радост се собравме денес во овој знаменит и благороден град Дебар, кој низ вековите претставува жив симбол на соживот, взаемна почит и братство. Град каде што христијанските и муслиманските заедници секогаш биле блиски, каде што воомовите се негувале семејните вредности и каде што грижливо се пренесувал духот на широкоградоста и меѓусебното разбирање од поколение на поколение. Секако, имало и негативни ситуации и такви што сакале да внесат раздор, непочит и омраза, но, овде, за среќа, историјата памети само добри примери и оние кои твореле добро. Во овој град, љубовта и почитта кон ближниот се градат на секојдневно ниво, правејќи го Дебар неприкосновен пример во нашата држава за заедништво и почитување на разликите, рече архимандрит Кирил.

Верувам, додаде, дека „денешното наше заедничко присуство е плод на вековната традиција на заедништво и меѓусебна почит, толку важна за овој град, но нема да претерам ако речам и за светот“. Токму затоа, им благодарам на сите кои се потрудија во организацијата на оваа прекрасна трибина, а особено на градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, со чијшто благослов сме вечерва тука и на почитуваниот дебарски муфтија, Решат Качалнику.

-Ќе се вратам повторно на зборовите од мојата внука Коприна: „Колку е тажен светот да немам родители!“ Децата, според природниот поредок, имаат неопходност од родители во секој аспект на нивниот живот. Потребата за топлината, присуството и поддршката на родителите е неизмерна и непроценлива – таа е вградена во самото битие на детето. Но, дилемата на нашето време, во ерата на технократија и непрестајна трка по материјалните вредности и современите трендови, е дали родителите се навистина тука за децата. Живееме во општество кое ги вреднува видливите успеси, во кое човекот се оценува според неговиот успех на социјалните мрежи, според висината на неговиот доход и престижот на неговата позиција. Овој безмилосен ритам ја осиромашува човечката душа и го оддалечува од суштинските врски кои го облагородуваат животот. Родителите, заслепени од новите идеали за успех и самореализација, сè почесто се жртви на зависноста од социјалните мрежи и на бездушната трка за кариера и богатство, првонаредувајќи го, пред сè, својот дигитален имиџ, на сметка на семејната близина. Притоа, невидливата цена на оваа опсесија се плаќа со тежок данок: во изгубени моменти, во изгубено присуство, во изгубено воспитание. Родителите, погледнати низ очите на детето, се далечни, отсутни – дури и кога физички се присутни. Колку тажно е кога децата го бараат погледот на своите родители, но наместо на поглед кој зрачи со емпатија, нежност, радост и разбирање, наидуваат на екрани кои светат со друга светлина, светлина која не е топла и животворна, туку студена и илузорна. Екраните, кои ја крадат внимателноста на родителите, на детето му порачуваат дека неговото време и неговата љубов не се доволно важни. Детето сака мајка и татко, а не успешни бизнисмени и нашминкани слики во дигиталниот простор“.

Како што беше најавено, наскоро ќе бидат одржани и други трибини со фокус на семејството, на развојот на младите, и за соживотот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? 

Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?

Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ.

„Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“

Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес.

„Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“

Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. 

Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!

Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

„На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски.

На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др.

Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски.

Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира.

Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.

Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха.

Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата.

Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични.

Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми.

Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите.

Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП

Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови.

Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“.

Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците.

Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер