ЖивотСемејствата со едно дете најбројни во ЕУ 12,1 отсто од домаќинствата во ЕУ биле со по едно дете, 9,3 проценти со по две деца и три отсто со три или повеќе деца. Нешто помалку од една четвртина од речиси 198,5-те милиони домаќинства во ЕУ или 24,3 отсто во 2022 година вклучувале и деца, при што најбројни се семејствата со по едно дете, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат по повод Светскиот ден на детето - 20 Ноември. Според податоците на Евростат, како што јави дописникот на МИА од Брисел, 12,1 отсто од домаќинствата во ЕУ биле со по едно дете, 9,3 проценти со по две деца и три отсто со три или повеќе деца. Во однос на вкупниот број на домаќинства во ЕУ, тој лани се зголемил за 6,9 отсто во споредба со 2012 година, додека во истиот период процентот на семејствата со деца се намалил за 2,4 процентни поени. Најголем удел на домаќинства со деца во вкупниот број има во Словачка од 33,9 проценти, по што следуваат Ирска со 32,2 и Кипар со 30,6 отсто. Од друга страна, најмал удел на домаќинства со деца имало во Финска од 18,4 проценти, пред Германија од 20,1 и Холандија од 21,8 отсто. Од вкупниот број семејства со деца во ЕУ, речиси половина или 49,5 проценти во текот на 2022 година имале само по едно дете, 38,1 отсто по две деца, а 12,4 проценти било со најмалку три деца. Семејствата со едно дете биле најбројни во сите земји на ЕУ, освен во Холандија, каде најголем процент отпаѓа на семејствата со две деца. Од вкупниот број семејствата со деца во Португалија, Бугарија, Романија, Малта, Литванија, Летонија, Италија, Шпанија и Унгарија над 50 отсто имале само по едно дете. Кога станува збор пак за семејствата со три или повеќе деца, кои биле најмалубројни во сите членки на ЕУ, нивниот проценти е најголем во Ирска од 22,3 отсто, пред Шведска со 21,2 и Финска со 19,0 проценти. Овие семејства биле најмалубројни во Португалија со 6,3 отсто, пред Бугарија со 6,5 и Италија со 7,4 проценти. Целта на Светскиот ден на детето е да се подигне свеста за заштита и за зголемување на благосостојбата на децата ширум светот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени09:00Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
БалканВидео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ. Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади. SCENES 🇬🇷 A #wildfire burning out of control on the #Greek mainland west of #Athens, one of several blazes burning in parts of the country#climatechange #heatwave pic.twitter.com/njRPV7wUpA — ShanghaiEye🚀official (@ShanghaiEye) August 1, 2026 За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски плановиСветската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени). Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот. „Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“ Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена. Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме. Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи. „Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА. Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗемјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“. Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси. Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook