Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон - Канал 5

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Од наредната недела ќе се сослушуваат родителите на загинатите во Кочани, а со дадените искази пред обвинителите ќе може да се приклучат на кривичниот прогон и да бараат отштета, велат од Јавното обвинителство. 

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Оттаму посочуваат дека вака, блиските на починатите директно ќе се информираат и за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија.

-Во следните два дена во соработка со волонтерите од “Support Kocani”, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право. Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток). Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени.-Јавно обвинителство.

Претходно, појаснувајќи дека предметот е во сензитивна фаза, јавниот обвинител Љупчо Коцевски прогнозираше крај на истрагата за почетокот на јуни, а обвинение да биде покренато на средината од истиот месец. Истрагата се води против 70-тина осомничени, а од Обвинителството засега нема нови осомничени..

-Обвинителите работат по утврдена динамика.. Се надеваме за десетина дена треба да заврши истрагата со тоа што после ќе има увид одбраната и некаде таму во средината на месец јуни се чека јавнообвинителска одлука.. Се прибираат докази. Распрашани се значително голем број на сведоци, над 300,--Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ (22.05.2025).

Во меѓувреме, од затворски притвор излезе уште еден од осомничените. По екс министерот за економија Крешник Бектеши и поранешната државна секретарка Размена Чекиќ – Дуровиќ, дома е пуштен и Министерот без ресор, кој претходно беше Директор на Агенцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

Штипска апелација ја прифатила неговата жалба и мерката затворски му ја заменила со мерки на претпазливост – одземен пасош и задолжително пријавување во скопскиот суд.

Во притвор остануваат десетина осомничени, двојно повеќе се дома, во куќен притвор, а за дел од осомничените на сила се мерки на претпазливост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени.

Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава.

Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер