Семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани повторно на протест - Канал 5

Семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани повторно на протест

Семејствата на загинатите во Пулс на уште еден протест за правда на нивните најмили, прв откако се одбележаа 40те дена од трагичната смрт на оние кои загинаа.

Семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани повторно на протест

Силнио дожд не ги поколеба да се соберат во голем број, со слики во рацете од оние кои ги загубиле да ги испратат своите пораки до надлежните.

Започнаа од градскиот плоштад во Кочани, па продолжија до демолираното кафуле на газдада на Пулс, а потоа, од институција, до институција побараа разрешување на трагедијата, притоа никој да не биде поштеден.

Велат, семејствата не им ги зацрнила несреќата, туку корупцијата на системот, во која и Кочани со години се "давело".

Пред Општина изразија револт кон институционалното работење, продолжија кон МВР за како што кажаа, да посочат дека реакцијата им била задоцнета, а завршија пред Основниот суд Кочани барајќи отчет за сработеното и неселективна правда“,

Најострите пораки дојдоа токму од таму.

Инаку, од обвинителство посочија дека веќе се прибираат контактите од семејствата на настраданите за да им се посочат правата во постапката и за вклучување во истата со нивно испитување.

Процесот на испитување на оштетените се предвидува да започне од почетокот на мај, за што ќе следи дополнително известување, имајќи го предвид големиот број оштетени и засегнати лица кои ќе бидат испитани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

 Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига.

43 санкционирани возачи на мотоцикли и лесни електрични возила во акциска контрола во скопски Чаир

Вчера (21.08.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјето на општина Чаир во Скопје за санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и лесни електрични возила кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот.

За сите прекршители на сообраќајните правила изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Белорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.

Белорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворена

Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“.

Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор.

Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Анкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.

Продолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел Авив

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху.

Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа.

Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер