Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синѓелиќ за да обезбеди простор за други гробни места - Канал 5

Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синѓелиќ за да обезбеди простор за други гробни места

Шок и неверување за три семејства.

Семејства обвинуваат дека АД Бутел изместил гробни места во Синѓелиќ за да обезбеди простор за други гробни места

Кога дошле на вечните почивалишта на нивните најблиски на градските гробишта во Скопски Синѓелиќ, наместо гробни места, нашле бетонска основа врз ковчезите, а на помалку од 50тина сантиметри од лежиштата на гробните места, биле ископани нови, слободни парцели.

-Вчера во 18 часот дојдовме со цел да запалиме свеќи бидејќи беше 3 месеци од починувањето на мојот сопруг и затековме целосно поместување на гробното место. Мојот сопруг буквално е закопан помеѓу овие 2 цигли. Не е само гробот на мојот сопруг, телата не се поместувани туку се зациментирани одозгора, поместени се и други два гроба. Тука се три гроба, немаше празен гроб помеѓу мојот сопруг и следниот кој е закопан. Ковчегот на мојот сопруг се наоѓа под бетонот.- Сопруга на починат чијшто гроб е изместен.

Освен недостоинствената состојба во која сега се наоѓаат овие вечни почивалишта и неколку околу нив, неодамна општината Гази Баба го стеснила патот кој поминува над гробиштата, што создало опасност од одрон врз гробовите, но како што тврдат ожалостените семејства, ниту општината ниту Акционерското друштво за погребни и придружни активности БУТЕЛ не превзеле одговорност, па трошоците за изградба на потпорен ѕид над парцелите, паднале врз семејствата.

-Парцелите кои што ги имаме, ова е бр.9 гробно место, тие беа 7 и 8, а сега ова како ќе го крстат, 7,5? Константно вознемирување, првото вознемирување беше кога го правеа асфалтот, веројатно од АД Бутел за да ги поместат гробиштата понагоре, телото на мојот сопруг лежи до овде негде, па го искасапија патот. Ни кажаа дека нема да има потпорен ѕид бидејќи не била нивна надлежност, на о.Гази Баба исто не била нивна надлежност, бил само патот, ние сами да си го направиме. И тоа прифативме, ама ова нема да го прифатиме бидејќи ова е вандализам. Сега јас да газам врз телата? - Сопруга на починат чијшто гроб е изместен

Од АД Бутел засега не сакаат да коментираат како е направен ваков превид поради кој дошло до целосно изместување на гробните места, но најавуваат информации од увидот во понеделник.

Неофицијално, се работи и за т.н „есклузивни гробни места„ а трошоците за нив надминуваат и преку 320 000 денари, бидејќи иако самото гробо место чини 12 000 денари, за да го добијат, семејствата тврдат дека морале да се согласат АД Бутел да ги изготви надгробните плочи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

Шпанија е во големото финале на Светското првенство по победата над Франција (2:0), но една снимка од стадионот предизвика вистинска бура меѓу навивачите на „Црвената фурија“. 

Видео: Јамал видно уморен и исцрпен по дуелот против Франција

По завршувањето на натпреварот, камерите го снимија Ламин Јамал како го напушта теренот видно исцрпен, а она што им падна в очи на сите беше фактот дека младиот ас буквално едвај одеше.

Секој чекор изгледа болно, а социјалните мрежи за рекордно време се вжештија од коментари на загрижените навивачи.

По мундијалското полуфинале Шпанците се пожалија на грубоста од француските фудбалери кон младата светска фудбалска ѕвезда.

Во текот на целиот натпревар, Французите не бираа средства за да ја запрат најголемата ѕвезда на Шпанија. Јамал беше под постојан притисок, претрпе бројни дуели и стартови, а токму врз него беше направен прекршокот по кој Шпанија доби пенал за водство.

YouTube video

Иако видеото на кое тој тешко се движи воопшто не е пријатно за навивачите на „Црвената фурија“, првите информации од шпанскиот табор влеваат оптимизам. Не се очекува повредата да го загрози неговиот настап во финалето; станува збор попрво за последици од жестоките дуели и големиот физички напор за време на полуфиналето.

Сепак, јасно е дека шпанскиот медицински тим внимателно ќе ја следи неговата состојба во наредните денови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе патува во САД во сабота, објави „Џерусалим пост“.

Нетанјаху ќе патува во САД, сака да се сретне со Трамп

Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморација за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот.

Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата последна посета на САД беше во февруари.

За време на неодамнешниот телефонски разговор во кој Нетанјаху му честиташе на Трамп за 250-годишнината од американската независност, двајцата лидери се согласија да се сретнат „наскоро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Поддршка за компаниите од 5,4 милиони евра за вработување на 1385 лица.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На средбите Ристески пред присутните ја презентираше мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на Оперативниот план за вработување, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

- Креирањето на нови работни места е приоритет за Владата и Министерството за економија и труд, а годинава преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година создаваме повеќе од 3.500 нови работни места. Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ обезбедуваме поддршка на компаниите за зголемување на бројот на вработени, годинава со оваа мерка ќе бидат опфатени 1385 лица, а вкупниот буџет изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра – кажа заменик-министерот Ристески.

Со јавниот повик една компанија може да аплицира за финансиска поддршка за најмногу 5 работни места и вкупна поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. И оваа година најголема финансиска поддршка од 250.000 денари се предвидува за вработување на младо лице до 29 години.

Ристески и претставниците на стопанските комори апелираа до сите компании кои имаат интерес и ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат во некој од центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик е отворен до 24 јули 2026 година

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (https://av.gov.mk/).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер