Семејна драма во Прилеп: Напаѓачот убил дете и татко а потоа си пресудил сам - Канал 5

Во живо

последно ажурирање на 7.2025

Семејна драма во Прилеп: Напаѓачот убил дете и татко а потоа си пресудил сам

Како што објавија повеќе медиуми, во семејната трагефија која синоќа се случила во населба Точила во Прилеп, животот го загубуле три лица, меѓу кои и едно дете.

Семејна драма во Прилеп: Напаѓачот убил дете и татко а потоа си пресудил сам
на 7.202510:25

ОЈО: Увид во Прилеп по извршено двојно убиство и самоубиство

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење“, се вели во соопштението од ОЈО.

на 7.202509:19

Според досегашните информации, случајот бил пријаден во попладневните часови, а интервенирале и специјалци од МВР.

Неофицијално, маж со огнено оружје во својот дом отворил оган врз членови на неговото потесно семејство. Тој прво ги застрелал својот внјук и неговиот малолетен син, а по нападот, наводно, си пресудил и самиот. Се уште не се потврдени точнире релации меѓу учесниците во овој инцидент.

Од МВР засега нема официјални информации околу деталите за мотивите и текот на инцидентот, но потврдуваат дека полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и дека е отворена истрага.

Според очевидци ситуацијата била напната. Напаѓачот бил тешко вооружен, наводно фрлил и експлозивна направа (бомба), пукал кон полициски службеници, и подолго време ги држел во заложништво останатите членови од семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори.

Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа.

„Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко.

Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат.

Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск.

Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила.

Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите.

Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања.

Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на Законот за заштита на личните податоци. 

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Агенцијата е недоволно финансирана, нејзините капацитети за надзор над зголемената употреба на вештачка интелигенција и биометриски податоци се ограничени, а дигиталните заштитни механизми во државните институции се недоволни.

Ова не е оценка на ДОМ, туку предупредување од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. Комисијата посочува и дека мислењето на Агенцијата за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи било занемарено, што довело до неусогласеност со директивата NIS2 во делот на заштитата на личните податоци.

Во вакви услови, Владата ја најави изградбата на национален дата-центар во 2027 година. Но, како ќе се гарантира безбедноста на податоците што ќе се чуваат и обработуваат во него, кога институцијата задолжена за нивна заштита нема доволно луѓе и ресурси? Кој ќе врши независен надзор и кој ќе сноси одговорност во случај на злоупотреба или безбедносен инцидент?

Отворено е и прашањето дали постои конкретен план за обезбедување на неопходната инфраструктура – електрична енергија, вода и комуникациско поврзување. Според кои правила ќе функционираат ваквите капацитети и како ќе се контролира нивното функционирање е сѐ уште нејасно за јавноста.

Дата-центрите не се само сервери и објекти, туку дел од критичната дигитална инфраструктура на државата. Нивното планирање мора да вклучува и високи стандарди за сајбер-безбедност, заштита на личните податоци, независен надзор и одговорно управување со сите неопходни ресурси.

Дигиталниот развој не смее да почне со изградба на објекти, а заштитата на податоците и институционалната одговорност да останат на маргините. Национален дата-центар значи и национална одговорност за безбедноста на податоците на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесување

Демократски сојуз најостро го осудува бруталното насилство врз 26-годишната Сара Ѓоргиевска од Охрид, која по нападот се наоѓа на болничко лекување со тешки телесни повреди.

Демократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесување

Она што дополнително загрижува е првичното постапување на институциите, особено одлуката осомничениот да биде пуштен со мерки на претпазливост, наместо да му биде определен притвор. Постојат сериозни околности и сведоштва кои налагаат случајот да биде темелно истражен и да се испита дали станува збор за обид за убиство, а не само за тешка телесна повреда.

Особено сериозни се наводите на семејството на Сара за можна вмешаност на таткото на осомничениот во настаните по нападот, вклучително и во обидите за прикривање на трагите и ослободување од телото на жртвата, за кои мора да се утврди дали имаат доказна поткрепа. Бараме овие наводи да бидат предмет на целосна и независна истрага. Доколку се потврдат, таткото на осомничениот мора да одговара за својата улога и за секое сторено кривично дело, со најстрога примена на законот. Ниту неговите семејни, ниту евентуалните политички и институционални врски смеат да бидат основа за каква било заштита.

Демократскиот сојуз бара:

Обвинителството да ги испита сите околности и докази и да ја преиспита правната квалификација на делото, вклучително и можноста за обид за убиство.

Да се утврди целосната одговорност на сите лица кои учествувале во нападот, неговото прикривање или евентуалното влијание врз истрагата.

Да се испита постапувањето на полицијата, обвинителството и судот и да се утврди дали имало пропусти, притисоци или обиди за привилегирање на осомничениот.

На Сара и на нејзиното семејство веднаш да им се обезбеди ефикасна институционална заштита.

Нема посилна обврска на институциите од заштитата на човечкиот живот и безбедноста на граѓаните. Нема поважен принцип од еднаквоста пред законот.

Овој случај не смее да заврши со формална кривична пријава, нецелосна истрага и префрлање на одговорноста меѓу институциите. Никој не смее да биде недопирлив, без оглед на тоа чии син или татко е, какви функции има или какви врски поседува.

Бараме целосно расчистување на случајот и најстрога законска одговорност за секој што ќе се утврди дека учествувал во ова злосторство или помогнал во неговото прикривање.

Демократскиот сојуз ќе инсистира на институционална одговорност и правда за Сара, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер