Семакедонски православен христијански собор во Велес - Канал 5

Семакедонски православен христијански собор во Велес

 Во Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Велес денеска на празникот на Сите македонски светители ќе биде одржан традиционалниот Семакедонски православен христијански собор. 

Семакедонски православен христијански собор во Велес

Со Светата архиерејска литургија, која ќе започне во 8:45 часот ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, во сослужение на архиереите на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на бројно македонско православно свештенство.

Семакедонскиот црковно-народен собор, почнувајќи од 1998 година, веќе дваесет и седум години се одржува во првата недела од месец октомври, период во кој се има случено еден од најважните настани за МПЦ-ОА. Во 1958 година, од 4 до 6 октомври, во катедралниот храм на „Света Софија“ во Охрид е одржан Вториот црковно-народен собор, на кој е донесена Одлуката за возобновување на Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Токму во чест и спомен на овој историски настан Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА го има востановено чествувањето на празникот на Сите македонски светители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Азир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски.

Сашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравство

Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола.

Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не.

За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат..

Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот?

Во видеото погледнете го целиот извепштај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри

Реконструкцијата е само ревидирана верзија на владата со заменети имиња на функциите кои нема да донесат подобар живот за граѓаните - оценува лидерот на СДСМ Венко Филипче. 

Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри

На прес конференција упати остри критики до премиерот Мицкоски дека на вчерашната собраниска седница тој и старо-новиот министер Иван Стоилковиќ навредувале пратеници од СДСМ, а на крај Мицкоски имал изнудено извинување во празна сала. Вели дека политичката комуникација била спуштена на многу ниско ниво, а потегот на премиерот според него е формален обид за спас на политичкиот углед.

-Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Иван Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. / Ова не е ново негово однесување. Граѓаните ги нарекуваше „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и други погрдни зборови, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието,- Венко Филипче – претседател на СДСМ.

Реакција има и од ДУИ, кои и денеска побараа одговорност за наводни навреди кон пратеничката од нивните редови Арбана Пашоли. Случувањата на вчерашната седница не биле случаен инцидент туку скандал за кој треба да има разврска.

ДУИ изразува целосна солидарност со пратеничката Арбана Пашоли и бара итна политичка одговорност. Премиерот не може да молчи пред таквото однесување, бидејќи молчењето значи одобрување. Владата на ВМРО-ВЛЕН-ЗНАМ мора да разјасни пред граѓаните дали говорот на омраза, навредите и понижувањето на пратениците Албанци се нејзин нов политички стандард. – велат од партијата на Ахмети. За какви навреди конкретно станува збор од партиите не открија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер