ЖивотСело во Бразил во кое живеат само убави жени - мажи се примаат ретко, под одредени услови!Ноива До Кордеиро е село во Бразил оформено во 1890 година од Марија Сењорина де Лима и нејзиното семејство, откако била отфрлена од католичката црква како прељубница, поради тоа што го напуштила мажот со кој била принудена да се омажи. Била насилно омажена со Французин, но избегала за да живее со човекот што го сака. Со него имала 12 деца. Од тогаш во ова село моќта е кај жените - тие работат во полињата, го организираат животот, се грижат за своето место.Марија Сењорина де Лима и нејзиното семејство долго време биле екскомуницирани. Но полека селото се развило и во него владее матријархат. Оние кои имаат сопрузи, ги испраќаат сопрузите да работат во други градови, а се враќаат само за викенд. Машките деца се испраќаат од селото кога ќе наполнат 18 години. Ноива До Кордеиро е место познато по убави жени, но недостатокот од мажи сепак прави проблем. Она што нема да се менува е - ако некој сака да отиде таму и да се ожени, ќе мора да прифати неколку услови! - Единствените мажи кои тука ги гледаме или се женети, или ни се роднини. Но ние сакаме да живееме токму тука, не сакаме да одиме в град да бараме сопрузи - вели 25 годишната Нелма Фернадез. - Би сакале да запознаеме мажи кои ќе ги напуштат животите кои ги воделе до сега и ќе дојдат кај нас. Но, треба да се согласат да живеат по нашите правила - вели таа. - Жените многу подобро ги решаваат работите од мажите. Проблемите ги решаваме со договор, не влегуваме во конфликт, делиме се, дури и полињата кои ги обработуваме, се е заедничко - една за сите, сите за една - вели 50 годишната Розали Фернандез. Токму таа помогнала во голема мерка за развојот на селото, и за животот во него да биде таков каков што е денеска. Имено, Розали е најстара ќерка на Дона Делина, која била мажена со свештеник и во чие време (втората половина на минатиот век) Ноива До Кордеиро било место во кое се живеело по строги религиски правила. Токму Розали помогнала жителите на селото да го напуштат религискиот екстремизам. - Клучна беше 2004 година. Тогаш се случија најголемите промени. Не знам зошто, но луѓето тука ме натераа да се кандидирам на локалните избори и победив. Тогаш прв пат го напуштив местото, беше страшно, но многу научив. научивкако да се спроведуваат социјални проекти во селото, како да се развива - вели Розали. Втората промена се случила во 2008 кога печатот почнал да пишува за Ноива До Кордеиро. - Тоа беше важно за да бидеме прифатени и почитувани, дотогаш на нашето место се гледаше како на религиско затворено место. Денеска во Ноива До Кордеиро живеат 400 жители. Делат се, работат заедно. Ако некому му треба куќа помагаат сите... - Сега е подобро, убаво с еживее, но има уште за постигнување. Би била среќна кога би имале болница, училиште и пристоен пат кој води до нашето место - вели Розали. /marieclaire.co.uk Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20