Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
1Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава
2МАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“
Шоу бизСелма Хаек облечена во свила и кадифе среде пустина во Јордан со сопругот милијардер! Познатата актерка со мексиканско потекло ужива на патувањето во Јордан со својот сопруг, милијардерот Франсоа-Анри Пино(60) кој е наследник на модна империја.Селма неодамна „ги почести“ своите обожаватели на Инстаграм со видео од нејзиното патување во Јордан. На снимката, таа ги гали камилите и околните кучиња скитници, но најголемо внимание предизвика облеката што ја облекла за едно вакво патување. Имено, ден претходно таа објави дека е во Јордан и сподели неколку фотографии на кои е соодветно облечена. Таа имаше црно пончо, косата ѝ беше пуштена и немаше шминка. View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) - Ја вдишувам магијата на Џордан - напишала кратко во описот и нагласила дека фотографиите ги направил нејзиниот сопруг Пино. Меѓутоа, еден ден подоцна таа објави фотографии на кои може да се види како им приоѓа на камилите да ги гали и му се заблагодарува на локалното население што ѝ овозможиле да ужива во мирот и спокојот на нивната земја. Додека патува низ теренот со пустински пејзажи и карпести ридови, каде најверојатно дошла на камила, Селма е облечена како за модна писта. View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) Таа носи свилена блуза во пастелна киви-зелена боја со долги ракави и длабоко деколте, која ја искомбинирала со сатенски или можеби свилени, црни ѕвонести панталони. На вратот носи долг златен синџир со голем приврзок во форма на кристал. – Талкајќи низ древните чуда на Јордан, чекор по чекор – напишала таа, додека видеото доби 322.000 „лајкови“ и илјадници коментари. Се разбира, Селма на патувањето била со сопругот со кого се фотографирала. Инаку, тој е извршен директор на конгломератот Керинг, кој поседува многу луксузни модни брендови и вреди 59,9 милијарди долари. Тој стои зад брендовите Гучи, Ботега Венета, Александар Меквин и Баленсијага. Тие се во среќен брак 13 години, а се запознале случајно. - Беше толку глупаво. Почнавме да зборуваме за фудбал. И двајцата сме луди по фудбал. И потоа почнавме да зборуваме за наука. И двајцата ја сакаме вселената и физиката, а тој беше толку паметен, шармантен и забавен – открила таа за медиумите. Иако актерката никогаш не сакаше да ги открие деталите од нивното запознавање, медиумите дознаа дека таа и Пино се запознале пролетта 2006 година во Венеција на гламурозен настан организиран од Керинг. Само една година откако се запознале, се свршија и објавија дека чекаат дете. Но, токму во тоа време манекенката Линда Евангелиста откри дека Пино е татко на нејзиниот тригодишен син. Селма ја раскина свршувачката, но подоцна беше потврдено дека Пино не бил во врска со Селма кога ѝ го направил детето на Линда. Во 2009 г. познатата актерка и милијардерот се смирија и се венчаа во Париз на Денот на вљубените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛошо второ полувреме за нов пораз на најдобрите фудбалери во Лигата на нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија и покрај осумте нови фудбалери во однос на лошата премиера против Швајцарија, синоќа го доживеа и вториот пораз во новото издание на Лигата на нации. На гостувањето во Љубљана по лошото второ полувреме, Словенија славеше со 2-0 . Избраниците на Гоце Седлоски имаа рамноправно прво полувреме, но повторно останаа без реализација. Словенците го скршија нашиот отпор во вториот дел, постигнаа два гола и стигнаа до победа и три бода. Седлоски направи дури осум промениво стартниот состав во однос на дуелот со Швајцарија. Македонија добро се постави на теренот и во најголемиот дел од првото полувреме успеваше да му парира на домаќинот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјаваВршителот на должноста шеф во амбасадата на Македонија во Софија вчера бил повикан во министерството за надворешни работи на Бугарија откако на пратеник во бугараскиот парламент не му бил дозволен влез во земјава.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на бугарското МНР, пишува дека на пратеникот и претседател на парламентарниот комитет за бугарите во странство, Ангел Георгиев на 27 септември не му било дозволено да влезе во Македонија. Според наведеното, Георгиев како член на бугарска парламентарна делегација требало да присуствува на рочиште од судскиот процес што во Основниот суд во Кочани се води против Ива Михаилова, закажано за следниот ден . За време на средбата, бугарското министерство за надворешни работи побарало објаснување за причините за одбивањето на надлежните македонски власти да дозволат пратеникот да ја премине границата, особено имајќи го предвид тоа што Георгиев во претходните месеци непречено влегувал во Македонија за истата цел. Од бугарското МНР велат дека јасно изјавиле оти преземените дејствија од македонска страна ги сметаат за провокативни. Инаку, на Ива Михаилова ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи минатата година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
МакедонијаМАНУ ја промовираше книгата на акад. Таки Фити „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“На 29 септември 2026 година, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа промоција на книгата на акад. Таки Фити, со наслов „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“.Книгата претставува опстојна студија за неолибералните економски модели што доминираат во современиот свет, со посебен фокус врз факторите што го детерминираа подемот на неолибералната економска филозофија, причините за нејзината криза и новите економско-филозофски размисли за изградба на прогресивно и поправедно општество. Во книгата, во посебна глава е даден опсежен осврт на карактеристиките на македонскиот економски модел и на основните сегменти во кои тој отстапува од стандардите на економските модели на развиените земји, како и на можните пристапи за разрешување на проблемите. На промоцијата, на присутните им се обрати акад. Владо Камбовски, уредник на изданието, а за содржината на книгата и за препораките што произлегуваат од неа говореше проф. д-р Владимир Филиповски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Економскиот факултет во Скопје. На крајот на настанот, свое обраќање одржа и авторот на книгата, акад. Таки Фити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook