Селфи на леталото „Одисеј“ од вселената (ФОТО) - Канал 5

Селфи на леталото „Одисеј“ од вселената (ФОТО)

Вселенското летало „Одисеј“ на американската компанија Intuitive Machines ги испрати првите фотографии од вселената на Земјата.

Селфи на леталото „Одисеј“ од вселената (ФОТО)

Овие неколку „селфи“, бидејќи сондата се фотографирала себеси и Земјата во позадина, се направени веднаш штом се одвоила од ракетата „Фалкон 9“ на компанијата SpaceX.

- Intuitive Machines успешно ги испрати првите слики од мисијата IM-1 на Земјата на 16 февруари 2024 година. Сликите се направени веднаш по одвојувањето од вселенското летало SpaceX на првото патување на Месечината под иницијатива на НАСА - компанијата Intuitive Machines наведе на Икс (поранешен Твитер).

Ако сѐ оди според планот, Одисеј треба да слета во областа на лунарниот јужен пол на 22 февруари. Станува збор за област каде што досега успешно слета само индиската сонда Викрам, а тоа беше во август минатата година. Исто така, тоа би можело да биде прво успешно слетување на сонда од приватна компанија на Месечината.

Сондата „Одисеј“ тежи 675 килограми и е со големина на типична британска телефонска говорница, поради што некои ја споредија со уредот TARDIS од британската научно-фантастична серија „Dr Who“. НАСА, која имаше договор од 118 милиони долари со приватната компанија, носи шест инструменти на Месечината, како и шест комерцијални товари.

Месечевата сонда Одисеј беше лансирана во вселената на Реунион на 15 февруари од вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Неговиот лет до Месечината го означува вториот обид на НАСА оваа година да испрати приватна сонда на површината на Месечината. Првиот обид, воедно и првиот американски обид за враќање на Месечината по 1972 година, заврши со дебакл – сондата „Перегрин“ имаше големи проблеми само неколку часа по полетувањето, па беше вратена на Земјата, каде што изгоре во атмосферата.

Русија беше првата земја која успешно спушти вселенско летало на Месечината - сондата Луна-9 на 3 февруари 1966 година, но потоа на 16 јули 1969 година, Америка беше првата и единствена која слета луѓе на површината на Месечината. Ниту една од овие две земји не слетала успешно вселенско летало на сателитот на Земјата од 1970-тите. Кина тоа го направи успешно во 2013 година, Индија во 2023 година и Јапонија пред еден месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава

Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. 

Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава

Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата.

Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик.

Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање.

Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша.

Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години.

„Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор.

Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно.

Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом.

Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров

Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци.

Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна.

Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството.

По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани..

Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.

Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура

Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија.

Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа.

Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство.

На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер