ЗабаваСелфи мис Израел и мис Ирак предизвика бурни реакции (фото)Додека учесничките на избор за Мис универзум 2017 година, се собраа оваа недела во Лас Вегас, мис Израел и мис Ирак – двете официјално непријателски земји, позираа за селфи фотографија која ја поставија на Фејсбук и Инстаграм. Сакајќи да промовираа мир и љубов веројатно не ни знаеле какви реакции ќе предизвикаат на социјалните мрежи. Мис Израел, Адар Ганделсман на својот Инстаграм налог ја означи мис Ирак, Сару Идан и доби скоро 3000 лајкови. Miss Iraq Sarah Idan and Miss Israel Adar Gandelsman (no relation...) met at the Miss Universe beauty pageant and became friends. Miss Iraq posted this photo on her Instagram. What a great message of hope for the region. Good luck to both Sarah and Hadar. pic.twitter.com/GV9L9JW7Rg — Ofir Gendelman (@ofirgendelman) November 14, 2017 Сара Идан која пораснала во Ирак, а се преселила во САД каде студира музика, на својот Фејсбук налог напишала дека е многу почестена со тоа што е прва Ирачанка која после 45 години ја претставува својата земја на ова натпреварување. Реагирајќи на фотографијата некои прокоментираа дека “не за сечиј вкус“. Професорот Асад Абукалил кој живее во САД на својот Твитер налог напиша дека “кралицата на убавината на Ирак среќно позира со кралицата на убавината на окупацијата и бруталноста“, пренесе „БиБиСи“. Меѓутоа, еден ирачки активиста напиша дека “фотографијата на Арапка или муслиманка со Израелка не го одразува односот во политиката на Израел, кој е непријателски спрема човештвото и мировните прашања“. Во одговор на критиките, Ирачанката објави соопштение на Инстаграм, изјавувајќи дека мис Израел и пришла додека траело фотографирањето и изразила надеж за мир меѓу двата народа. „Таа ме праша дали би сакала да се фотографираме заедно. Реков дека би била среќна доколку ја шириме пораката. Целта на фотографијата беше израз за надеж за светски мир“ – напиша Идан, додавајќи дека фотографијата не покажува поддршка за Израел. „Би сакала да им се извинам на оние кои ја сметаат фотографијата за навредлива, бидејќи тоа не е целта, тоа беше само повика за мир и надеж за решавање на палестинската криза“ – констатираше мис Ирак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотИдентични близначки се омажија за идентични близнаци, тајната ја чувале четири години (ФОТО)Идентичните близначки Камил и Кенерли Кит, познати како музичкото дуо „The Harp Twins“, се венчаа со идентичните близнаци Дромил и Дромал Волфганг.Двојката се венча во 2022 година, но со години го криеја бракот од јавноста и го потврдија дури на почетокот на оваа година. Двата пара близнаци привлекуваат внимание на социјалните мрежи, каде што објавуваат содржини поврзани со музика. Се запознаа по концерт Нивната приказна започна во 2019 година, кога браќата Волфганг, кои се тапанари, чекаа во ред по концертот на сестрите Кит за да ги запознаат. Тие донесоа цртеж на кој беа прикажани двете сестри. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) „Тоа е една од оние ситуации кога веднаш знаете дека ова е тоа“, изјави Камил за Today. По првата средба, четворицата музичари брзо се зближија. Браќата Волфганг наскоро им се придружија на сестрите на турнејата, поради што ги напуштија своите работни места во градежништвото и се посветија целосно на музиката и заедничкиот живот. Со текот на времето, Камил и Дромил се заљубија, како и Кенерли и Дромал, па двете сестри се омажија за двајцата браќа близнаци. Тие ја криеја свадбата со години Двата пара се венчаа на ист ден, 22 февруари 2022 година, и во исто време - во 14:22 часот. Церемонијата се одржа во друштво на најблиските роднини и пријатели. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) Тие ја објаснија одлуката да го задржат бракот за себе со желбата да избегнат дополнително медиумско внимание и бројни прашања што веројатно ќе следат поради нивната необична семејна комбинација. „Некои луѓе велат: „Тоа е чудно““, рече Дромал, а потоа додаде: „Ние велиме: „Па, можеби си чуден“.“ „Сите сме најдобри пријатели“ Дромил, исто така, зборуваше за посебната врска што ја дели со својот брат. Тој вели дека луѓето кои не се близнаци честопати тешко разбираат колку може да биде блиска таквата врска. „Луѓето кои немаат близнак честопати не разбираат или не ги одобруваат толку блиските врски“, рече тој. View this post on Instagram A post shared by Harp Twins (@camillekennerly) Четворицата беа силно поврзани од самиот почеток, а нивната свршувачка е дополнителна потврда за нивната компатибилност. Двата пара се свршија во исто време и со идентични прстени. „Сите сме најдобри пријатели“, рече Кенерли. „Ги имаме нашиот близнак, нашиот сопружник и неговиот близнак. Тоа е навистина најдоброто од сè.“Тагови: близнаци близначки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДоживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо НагоричанеДоживотна казна затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане -кумановскиот суд го прогласи за виновен по сите точки од обвинението, односно за четири убиства и два обиди за убиство. Според судот, таргет биле изнемоштени и стари жени, а мотивот бил некрофилија. Кумановскиот суд не успеал да најде ниту една олеснителна околност при изрекувањето на пресудата. Обвинителството е задоволно од пресудата - за обвинителот Љубомир Лапе, судот немал друга опција освен да му изрече доживотна затворска казна на Бојковски. Бојковски и неговиот адвокат смирено ја дочекаа пресудата во судница - но надвор од неа, осудениот на доживотна казна затвор за четири убиства, при влезот во возилото, демонстрираше нервозно однесување и неразбирливи гестикулации. Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обид за убиство на Слоботка Арсовска и Росанка Трајковска. Кривичните дела на свиреп и грозоморен начин биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинетиКонстатирани 161 прекршок.На 08.10.2026 година, во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мотоцикли, трицикли, четирицикли и лесни електрични возила (тротинети). При контролите констатирани се вкупно 161 прекршок, за кои се преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола – 44, потоа од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 28, како и на подрачјата на Секторот за внатрешни работи Велес и Секторот за внатрешни работи Струмица, со по 22 прекршоци. Во рамки на контролите поднесени се и осум кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик. Констатирани се и 493 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.Тагови: Акциски контроли Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter