Селена Гомез за навредите за нејзиниот изглед: Немам веќе тело на тинејџерка (ФОТО) - Канал 5

Селена Гомез за навредите за нејзиниот изглед: Немам веќе тело на тинејџерка (ФОТО)

Селена Гомез проговори за навредите за нејзиниот изглед по операцијата поврзана со лупус.

Селена Гомез за навредите за нејзиниот изглед: Немам веќе тело на тинејџерка (ФОТО)

Само 24-годишна во тоа време, таа се присети на чувството дека сфатила дека „повеќе нема тинејџерско тело“ додека пробувала облека за снимање на списание.

„Ниту една од големините на облеката што ми ја дадоа не одговараше и тоа би направило да се чувствувам непријатно. Нереално е да се очекува нормалното женско тело да не се менува“, рече таа во новото интервју за Fast Company. Пејачката била подложена на трансплантација на бубрег и хемотерапија.

Неколку месеци подоцна, папараците ја уловија на една од австралиските плажи во костим за капење. На тие видеа јасно се гледаат лузните од операцијата, а Гомез набрзо стана цел на исмејувачки коментари на социјалните мрежи.

Работите да бидат уште полоши, поранешната ѕвезда на Дизни каналот во тоа време јавно се занимаваше со раскинувањето со пејачот Џастин Бибер. „Штотуку поминав низ тешко раскинување“, изјавила тогаш таа за медиумите и нагласила дека „не требало сите да ја видат нејзината состојба“.

Гомез претходно призна дека избегнувањето на социјалните мрежи ѝ помогнало да ја олесни нејзината анксиозност и дека во 2017 година ги дала своите лозинки на нејзиниот асистент. Нејзината состојба се влошила во 2018 година кога паднала во психоза и се пријавила во центар за лекување. Набрзо ѝ било дијагностицирано биполарно растројство.

Понатаму, таа објаснила како ѝ било полесно по поставената дијагноза. "Добив второ мислење. Многу сум среќна што имам луѓе кои можат да ми помогнат да преживеам секој ден", додала таа.

„Дури и на многу млада возраст имав одговорност затоа што младите гледаа на мене. Не знаев која сум. Имајќи ја таа одговорност, често одев како по јајца. Мислев дека може да биде штетно да им кажам на луѓето која бев навистина. Тоа ме избезумуваше“, истакнала Гомез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште еден сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери

Двајца тинејџери, на возраст од 17 и 18 години, се повредени во експлозија на железничка станица во германскиот град Аугсбург.

Уште еден  сомнителен предмет е пронајден по експлозијата на железничката станица во Аугсбург- повредени се тинејџери

Според полициските извештаи, железничкиот сообраќај е целосно прекинат.

Германските медиуми јавуваат дека најверојатно експлодирала рачна граната во близина на продавница за златари.

Експлозијата оштетила и прозорци. Експерти за експлозиви од баварската покраинска криминалистичка полиција се на местото на настанот, потврди полицијата по истрагите.

„Дер Шпигел“ известува дека во меѓувреме е пронајден уште еден сомнителен предмет.

Според „Билд“, полицијата истражува можна поврзаност со организиран криминал, а се сомнева дека железничката станица не била целта.

„Зградата на станицата и перон 1 моментално се затворени“, изјави портпаролот на полицијата.

Железничкиот сообраќај е нарушен и се одвива на другите перони. Патниците можат да пристапат до другите перони преку северниот и јужниот влез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Бурна атмосфера во Лекарската комора...Денешното Собрание мина со викотници и остри обвинувања помеѓу докторите... 

Тензии и обвинувања во Лекарската комора – почнува изборот на ново раководство

Тензии и препукувања меѓу докторите пред изборите на ново раководство и претседател на Лекарската комора. На денешното собрание беа распишани избори за нови делегати, но паднаа и обвинувања дека поради истечениот мандат на актуелната претседателка од јули, лекарите нема можат да ги обноват лиценците. Калина Гривчева Старделова која осум години раководи со комората ги отфрла обвинувањата и кажа дека нејзиниот потпис и одлуките се легитимни се до завршување на изборниот процес.

„Лекарската Комора мора да функционира, ние имаме јавни овластувања кои мора да ги обавуваме, службите мора да работат во континуитет дефинитивно, согласно одлука на Уставен суд се е најлегитимно како и сегде.“

„Во овој период сите документи потпишани од именуваната госпоѓа се нелегитимни. Проблемот е што можат да западнат во правни проблеми доктори, здравствени установи кои што имале потреба од документи, лиценци или било што во овој период на нелегитимност кои се потпишувани од лекарската комора.“

За едни тоа што досега немало собраниска седница е опструкција на процесот, за други пак немање на кворум за нејзино одржување.

„Од 30 април досега имавме 3 обиди, ова е 4 да се соберат делегатите на Собранието. Морам да кажам дека има делегати кои бараа објаснувањее зошто тоа не е направено, но има и делегати кои молеа тоа да не биде во летен период кога се сами и дежураат по 24 часа и не можат да дојдат, изјави Калина Гривчева Старделова.“

„Тоа е една таква манипулација каде беа вршени притисоци на членови на собранието да не доаѓаат на сите претходни седници за да нема кворум. Која им била целта незнам. Денес беа сложни дека конечно мора да има избори и денес на оваа седница за прв пат се стави на дневен ред точката - избори, изјави Ленче Неловска.“

По две последователни мандати, Гривчева-Старделова заминува од челната позиција во Комората. Изборот на новите делегати е првиот чекор, а новиот претседател треба да биде избран до крајот на октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Денеска во Скопје на 71-годишна возраст почина универзитетскиот професор и амбасадор Јован Донев.

In memoriam: Почина професорот и дипломат, Јован Донев

Донев зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера. Во текот на својот професионален ангажман беше посветен на истражувањето на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1979 година. Магистрирал во 1986 година, а докторирал во 1993 година, посветувајќи значаен дел од својот научен интерес на меѓународните политички аспекти на македонското прашање.

Својата научна кариера ја градеше во Институтот за национална историја во Скопје, каде што достигна звање научен советник и редовен професор. Предавал и на повеќе високообразовни институции, меѓу кои Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Во периодот од 1999 до 2012 година беше извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а претходно бил и директор на Охридскиот летен универзитет.

Во деведесетите беше претсадател и на управниот одбор на Фондацијата Инстут Отворено Општество Македонија, под покровителство на филантропит и финансиер Џорџ Сорос.

Во дипломатската кариера, Јован Донев беше амбасадор на Република Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон, во периодот од 2013 до 2017 година.

Во истиот период бил акредитиран и како амбасадор во Ирска и Исланд, претставувајќи ја Македонија во важен период од нејзините меѓународни односи.

Во 2017 година бил и член на Советот за безбедност на Република Македонија.

Донев е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика. Меѓу неговите позначајни дела се публикации посветени на Македонија во меѓународните договори, односите на големите сили кон Балканот и македонското прашање во периодот на Балканските војни.

Во последните години беше активен како колумнист и политички аналитичар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер