Селекторот Заборски го објави списокот на каратисти за Европската Универзијада - Канал 5

Селекторот Заборски го објави списокот на каратисти за Европската Универзијада

Универзитетската карате репрезентација на Македонија ги завршува подготовките за Европската Универзијада која ќе се одржи во Полска.

Селекторот Заборски го објави списокот на каратисти за Европската Универзијада

Македонската универзитетска репрезентација во карате, веќе една недела е на завршните подготовки во хотел Макпетрол во Струга. Каратистите интезивно се подготвуваат за учество на Европските универзитетски игри кои ќе се одржат во Лодж, Полска во периодот од 17-31 Јули. На игрите се пријавени 5000 студенти од 400 европски универзитети од 40 држави и тие ќе се натпреваруваат во 20 различни спортови.

- Во Струга сме на десет дневни подготовки и веќе сме при крај со подготовките. Многу сум задоволен од моменталната форма целиот тим се работи многу сериозно и во Полска одиме да направиме успех. Ние имаме голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзитетски првенства, светски универзитетски првенства и европски универзитетски игри. Имаме бројни медали кои нашите каратисти ги освојуваа ширум светот за последните 20 години. Универзитетското карате е многу силно и квалитетно, на овие игра ќе има голем број на пријавени спортисти-ки, бидејќи скоро сите квалитетни спортисти и репрезентативци кои настапуваат за своите национални тимови се истовремено и студенти,Бошко Заборски селекторот на универзитетската карате репрезентација.

Конечниот список на спортисти-ки кои ќе отпатуваат за Полска се:

1, Марија Петровска -50 кг

2. Симона Заборска -55 кг

3. Викторија Јовановска -61 кг

4. Моника Пендаровска -61 кг

5. Ангела Мојсовска -68 кг

За тимот во екипно борби ќе настапат Симона Заборска (капитен), Ангела Мојсовска, Моника Пендаровска и Викторија Јовановска

Во машка конкуренција ќе настапат следните спортисти:

6. Давид Петков -67 кг

7. Петар Заборски -75 кг

8. Петар Спасеновски -84 кг

9. Глигор Петков + 84 кг

10.Илиевски Димитар -84 кг

Сите спортисти од машката екипа ќе настапат и во екипна конкуренција дисциплина кумите (борби)

Само за потсетување во тимот кој ќе отпатува за Полска, има спортисти кои имаат големи постигнувања за Македонскиот спорт да потсетиме дека Симона Заборска во категоријата -55 кг е Светска сребрена медалистка од Светското универзитетско првенство во Брага Шпанија 2016 година, исто така таа е носител на сребрен медал и од последната европска универзијада која се одржа во Загреб, Додека пак Петар Заборски -75 кг во 2017 година во Куимбра, Португалија беше европски универзитетски првак во категоријата -75 кг, а во Загреб на последната одржана универзијадата во 2019 година, и сребрен медал во екипна конкуренција борби. Петар Спасеновски -84 кг, има бронзен медал од последната универзијада во Загреб и сребро од екипниот настап , додека пак Ангела Мојсовски во -68 кг е бронзена медалистка. Сакам да нагласам дека очекуваме добар настап од нашите спортисти во поединечна и во екипна конкуренција борби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Брајан Киф повеќе не е тренер на Вашингтон Визардс. 

Вашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБА

Клубот го отпушти во саботата навечер, неколку часа по поразот на домашен терен од Орландо Меџик со 91:116. Визардс загубија десет од последните 13 натпревари и ја отворија сезоната со резултат од седум победи и 13 порази.

Киф забележа 50 победи и 173 порази на клупата на Вашингтон, или 22,4 проценти од победите. Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА со најмалку 200 натпревари на клупата, а CBS вели дека е втор најлош меѓу оние со најмалку 100 натпревари.

Капорн ја презема функцијата до крајот на сезоната

До крајот на сезоната, тимот ќе го води неговиот прв помошник Адам Капорн. „Одлуки како оваа никогаш не се лесни, но време е тимот да продолжи напред со нов глас“, рече претседателот на клубот, Мајкл Вингер. „Адам има целосна поддршка од организацијата и со нетрпение очекуваме тој да го води тимот до крајот на сезоната“, додаде тој.

Киф ја презеде функцијата привремен тренер на Визардс за сезоната 2023-24 откако Вес Анселд Џуниор беше отпуштен, а следната лето му беше доделена постојана работа. Во последниот натпревар, Вашингтон заостануваше со 30 поени на полувремето против Орландо.

Јанг, Дејвис и првиот избор

Вашингтон влезе во сезоната со поголеми амбиции. Треј Јанг потпиша големо продолжување на договорот, Ентони Дејвис остана во тимот, а Еј-Џеј Дибанца пристигна како прв избор на драфтот. Сепак, Визардс загубија осум натпревари по ред во еден момент, од кои шест со двоцифрена разлика.

Јанг има просек од 17,1 поен со 36,8 проценти шут од поле, додека Дибанца има просек од 16,7 поени, 7,2 скока и 3,1 асистенции по натпревар, но со слаб процент на шутирање. Ниту еден од најголемите надежи на Вашингтон досега не донесе пресврт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Минатата недела, повеќе од 12.000 посетители беа евакуирани од најголемата арена во Обединетото Кралство откако на концертот на раперот Дон Толивер беше ослободена „непозната супстанца“.

Се огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО)

Полицијата околу 22 часот добила извештаи дека посетителите ги почувствувале ефектите од одредена супстанца во арената Co-op Live во Манчестер. Сега објавија дека се сомневаат дека инцидентот не бил случаен.

Имено, локалната полиција (Полицијата на Голем Манчестер) објави дека работи на идентификување на осомничените, како и на супстанцата што била ослободена за време на инцидентот во салата.

Се верува дека група организирани криминалци намерно предизвикала хаос за да изврши кражби за време на концертот, пишува The Guardian.

Тие објавија дека сè уште никој не е уапсен, но дека полицајците ги прегледуваат снимките од надзорните камери, како и снимките од мобилните телефони на посетителите. Тие исто така соработуваат со други безбедносни служби низ Европа, бидејќи слични инциденти се случиле на уште два концерти на Толивер, за кои истражителите веруваат дека се „релевантни“ за нивната истрага.

За потсетување, снимките од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи, на кои се гледаат луѓе како кашлаат и си ги покриваат устите додека го напуштаат местото на одржување. Полицијата првично помисли дека станува збор за солзавец, но подоцна соопшти дека станува збор за „непозната супстанца“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје.

ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје, кои во ноќта на 28 ноември беа брутално претепани од група лица кои самите се идентификувале како комити- како што известува Pa censurë.

Фактот што напаѓачите најпрво ги прашале работниците дали се Албанци, а потоа ги нападнале, и тоа додека биле облечени во работните униформи, отвора сериозни сомнежи за етнички мотивиран напад.

Ова е неприфатливо во мултиетничка држава, во која безбедноста и еднаквоста мора да важат за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

ДУИ бара од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, институционална одговорност, целосна истрага, идентификување на сите напаѓачи и нивно санкционирање.

Бараме:

* Целосно идентификување на сите членови на групата кои учествувале во нападот;

* Целосна и професионална истрага за мотивите на нападот, вклучително и сомнежите за етничка мотивираност;

* Покренување соодветни постапки и казнување на сите одговорни;

* Јавно појаснување за мерките што ги презело и ги презема МВР за гарантирање на безбедноста на граѓаните.

Албанците не смеат да стравуваат да работат, да живеат и безбедно да се движат во главниот град на сопствената држава!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер