Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
2Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
3Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран
КошаркаСелекторот Смилковски одбра 18 кошаркари за Евробаскетот до 20 годиниМакедонската младинската машка кошаркарска репрезентација ова лето ќе настапи на Европското првенство за кошаркари до 20 години.За младинскиот Евробаскет во А Дивизијата што од 13 до 21 јули ќе се одржи во полскиот град Гдиња селекторот Боро Смилковски денеска го објави списокот со 18 кошаркари. Стартот на подготовките на македонската репрезентација, како што е соопштено попладнево, ќе стартуваат на 10. јуни во СРЦ „Кале“. Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, а по десетина дена ќе замине во Црна Гора на пријателски двомеч. До крајот на јуни планирани се и два контролни дуели против Словачка на домашен терен. Последна контрола пред настап на младинскиот Евробаскет е закажана повторно во Скопје, со селекцијата на Швајцарија. На списокот на селекторот Смилковски се најдоа 18 кошаркари: Андреј Шошкиќ – Работнички Михаил Стојанов – ТФТ Mozzart Ненад Јовановиќ – Roseto Basket Рубин Стефанов – Pescara Basket Алек Петкоски – Феникс 2010 Петар Бошалески – Работнички Лука Димитриевски – МКК Куманово Бојан Стојановски – МЗТ Уни Банка Ангел Кечовски – Ангели Гојчо Стевковски – МЗТ Скопје Аеродром Петар Башоски – Blanca de Castilla Григориј Јакимовски – Next Step Rapallo Никола Бојчев – Еуро Никел 2005 Павел Иванов – Кожув Тома Стојаноски – Гостивар Виктор Стојковски – Навико Академија ФМП Метин Саити – Работнички Теодор Симиќ – IgokeaКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари. Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра. W Polsce ukarano niemieckich turystów za fotografowanie granicy z obwodem kaliningradzkim Dwóch obywateli Niemiec wjechało rowerami do zamkniętej strefy przygranicznej, ignorując znak drogowy, ponieważ chcieli z bliska zobaczyć zewnętrzną granicę Unii Europejskiej. Dodatkowo… pic.twitter.com/P1cn6tAp7s — NEXTA Polska (@nexta_polska) August 6, 2026 Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија. На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат. Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането. Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГрузија во мрак: Третпат за две неделиВо вечерните часови во средата, Грузија повторно се соочи со прекин на електричната енергија на национално ниво – трет таков инцидент во последните две недели. Весникот „Цивил“ (Civil) објави дека снабдувањето со електрична енергија било прекинато околу 20:10 часот, што довело до застој во работата на метрото во Тбилиси, додека граѓани од целата земја известувале за прекинот на социјалните мрежи. Снабдувањето со електрична енергија почнало постепено да се обновува околу 21:00 часот. Гиорги Пангани, член на Грузиската национална регулаторна комисија за енергетика и водоснабдување (GNERC), изјави дека прекинот настанал за време на „планирано тестирање“ спроведено од „Грузискиот државен електросистем“ (GSE) – оператор и сопственик на главната преносна мрежа во земјата. Според него, тестирањето се одвивало во хидроелектраната „Енгури“ – најголемиот производител на електрична енергија во Грузија – и го опфаќало делот од системот што ја снабдува окупираната област Абхазија. Од GSE подоцна соопштија дека работата во електраната „Енгури“ имала за цел да се утврди причината за претходниот прекин на електричната енергија, што се случи на 24 и 25 јули. Компанијата наведе дека, за време на тестирањето, електроенергетскиот систем морал да работи во изолиран режим и на невообичаени фреквенции, што резултирало со привремен прекин на струјата низ целата земја. Медиумите претходно објавија дека директорот на GSE, Вано Зардиашвили, бил разрешен само неколку дена по големиот прекин на електричната енергија на 24 и 25 јули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве БаирПремиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир.Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски потпишаа договори за финансирање на изградбата на третата фаза, од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир од коридорот 8 во свечената сала на владата. Премиерот Мицкоски рече дека коридорот 8 ќе биде додадена вредност на македонската економија. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter