Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“ - Канал 5

Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал, го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Селекторот Берокал го објави поширокиот список на кандидати за настап во јулскиот ФИБА „прозорец“

За дуелите од „А“ групата од преткивалификациите, оние со селекциите на Ирска (во Скопје) и Луксембург (на гостински терен), машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје.

Првиот официјален собир е закажан за 15. јуни, со почеток во 10. часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Во јулскиот ФИБА „прозорец“ од претквалификацискиот циклус, нашите најдобри кошаркари ќе одиграат два натпревари, и тоа против соодветните национални селекции на Ирска и Луксембург.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

2.јули, 2026 - Скопје: Македонија – Ирска

5.јули, 2026 - Луксембург: Луксембург – Македонија

ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – ЈУЛИ 2026

Ненад Димитријевиќ - Баерн Минхен-Германија

Андреј Јакимовски- Тренто – Италија

Адем Мекиќ - Задар (Хрватска)

Лејсон Зеќири – Башкими - Косово

Валмир Какруки - Сигал Приштина – Косово

Резарт Мемед - Бора (Косово)

Андреј Шошкиќ - НЦАА-САД

Павел Иванов - НЦАА - САД

Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко - МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков - МЗТ Скопје Аеродром

Виктор Ташовски – ТФТ

Страхил Николов- ТФТ

Стојан Ѓуроски - МКК Куманово

Мухамед Тачи – Чаир 2030

Рубин Стефанов - Ангели

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски - Пелистер

Лука Стојановски - Пелистер

Никола Бојчев – Кожув

Теодор Симиќ - Кожув

Амар Хот - Маџари

Марко Луканоски – Маџари

Петар Бошалески - Тиквеш Голден Игл

Михаил Наумоски – Феникс 2010

За претквалификациските дуели со селекциите на Ирска и Луксембург, следува дополнителен повик и до натурализираните кошаркари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра

„BYD“ подготвува нов луксузен седан „Da Han“, кој ќе им се нуди на клиентите како целосно електричен модел или „plug-in“ хибрид.

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра

Станува збор за автомобил кој користи иста платформа како и теренецот „Da Tang (Great Tang)“, и носи импресивни перформанси и многу брзо полнење на батеријата.

Електричната верзија добива батерија „Blade“ од втора генерација, која, според производителот, овозможува полнење од 10 до 97 проценти за само девет минути. Моделот ќе има управување на задните тркала, како и активна суспензија.

Со должина што е 6,6 сантиметри подолга од стандардниот „Mercedes-Benz S-Class“, „Da Han“ е меѓу најголемите луксузни седани на пазарот.

Основната електрична верзија користи еден електричен мотор сместен на задната оска кој развива 496 КС (370 kW), додека помоќната варијанта со погон на сите тркала има вкупна моќност од дури 764 КС (570 kW).

„BYD“ сè уште не го објави капацитетот на батеријата на електричната верзија, но наведува дека моделот со погон на задните тркала може да помине до 1.008 километри според кинескиот циклус на мерење „CLTC“.

Верзијата со погон на сите тркала има деклариран опсег од 880 километри. Треба да се напомене дека стандардот „CLTC“ дава пооптимистички резултати во споредба со европскиот „WLTP“ циклус.

„Plug-in“ хибридот користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 154 КС во комбинација со електричен мотор со 268 КС. Благодарение на „LFP“ батеријата со капацитет од 54 kWh, овој модел може да помине до 470 километри само на електрична енергија според кинеските мерења.

Според првичните информации, „BYD Da Han“ треба да има почетна цена од околу 41.000 евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“.

Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив.

Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео кое тврди дека прикажува припадник на руска мобилна противвоздушна единица како ја губи контролата врз екстремно брз тежок митралез со четири цевки, „YakB-12.7“, за време на операција.

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка.

Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува на страна и го влече војникот со себе, додека друг член на единицата, кој бил во негова непосредна близина, успева да се наведне во последен момент и да го избегне рафалот.

Видеото е објавено од профилот „WarMonitor“, тврдејќи дека станува збор за авионски митралез пренаменет за соборување беспилотни летала.

Сè уште не е познато каде и кога е снимено видеото, ниту на која единица припаѓаат војниците на видеото.

Што е „YakB-12.7“?

Митралезот „YakB-12.7“ е развиен во Советскиот Сојуз за борбениот хеликоптер Ми-24, каде што е инсталиран во далечински управувана купола под носот на леталото и поврзан со системот за нишанење. За разлика од повеќето слични митралези со повеќе цевки кои користат надворешен електричен мотор за погон на цевките, „YakB-12.7“ ја користи енергијата на барутните гасови генерирани за време на пукањето за да ротира блок од четири цевки. Оружјето тежи околу 45 килограми и е долго приближно 1,35 метри, а според специјализираниот портал „WeaponSystems.net“, може да испука помеѓу 4.000 и 5.000 куршуми во минута. Украинскиот воен портал „Militarii“ наведува дека модерната верзија на овој систем има два режима на пукање - околу 4.000 и околу 4.500 куршуми во минута.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер