Села поднесе иницијатива до Уставен за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците поврзани со „Безбеден град“ - Канал 5

Села поднесе иницијатива до Уставен за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците поврзани со „Безбеден град“

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците, кои се донесени со цел имплементација на проектот „Безбеден град“.

Села поднесе иницијатива до Уставен за оценување на уставноста на измените на Законот за прекршоците поврзани со „Безбеден град“

Според Села, законското решение е спорно од повеќе аспекти - од процедурата на носење преку прекршување на човековите права и непочитување на Законот за употреба на јазиците, па сè до инфраструктурната неподготвеност на општините.

По поднесувањето на иницијативата, Села пред новинарите изјави дека ваков закон, кој директно влијае врз сите граѓани, не смеел да биде донесен по брза постапка и предлаган преку пратеници наместо како владин предлог што би подлежел на широка јавна расправа.

- Прво, со овој закон се удира врз целото население на Република Северна Македонија, врз сите граѓани и никако не е дозволено да помине со брза постапка. Прашањето што може да се постави е зошто за проектот кој веќе со месеци се промовира од страна на Владата иницијативата се прави од пратеници во Собранието. Еве едно јавно прашање: - Што сака да скрие Владата? Зошто самите не излегоа со оваа иницијатива - рече Села.

Тој посечи дека во самиот закон има многу прашања што удираат директно врз рамноправноста на граѓаните.

- Премиерот, исто и така и претседателот и сите функционери што се избрани, треба да ги почитуваат законите. Затоа даваат заклетва, дека ќе ги почитуваат Уставот и законите на оваа држава. А еден од законите што тие треба да го почитуваат е и Законот за употреба на јазиците. И треба да го почитуваат бидејќ,и почнувајќи од премиерот, без разлика кој е и со каков политички став, треба да го почитува и Законот за јазиците. И во законот треба да стои дека пораките треба да пристигнуваат двојазично - изјави Села.

Тој забележа и дека несериозно е за една држава казни и судски одлуки да пристигнуваат преку порака бидејќи не постои законска обврска некој граѓанин да има мобилен телефон или електронска пошта.

- Ние законски не сме обврзани на тоа. Еве јас имам право да не носам телефон со мене, имам право да немам имејл-адреса. А законска должност ни е да имаме адреса на која живееме. Ако веќе може да се предвиди такво законско решение, во тој случај ние треба да се пријавиме во полиција секогаш кога ќе менуваме број, секогаш кога ќе менуваме имејл-адреса. Значи, се отвораат многу прашања, кои нормално дека требаше да биде предмет на јавна расправа пред да се донесе законот. Соочени со ваква ситуација, принудени сме да доставиме иницијатива до Уставниот суд - рече Села.

Забележа и дека во контекст на еднаквноста на граѓаните не може проектот да се имплементира само во три града, а другиот дел од територијата на државата да не биде покриен. Смета дека пред да се имплементира, требало да се земат предвид и примерите во други држави. Како пример ја посочи Швајцарија, каде што казните не се пуштаат на порака, туку на домашна адреса.

На прашањето зошто амандмански не регирале пред гласањето во парламентот, тој рече дека ваков закон не требало да се носи во брза постапка бидејќи тоа оневозможувало детаљно разгледување на законот не само правно, туку и содржински.

Села упати критика и за функционирањето на Собранието нагласувајќи дека државата е само копија на парламентарна демократија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие две

Мегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер.

Бен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие две

Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез.

Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“.

Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“.

„Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој.

Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор.

Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги.

„Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот.

„Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мазда вгради звучник што му овозможува на возачот да им се обрати на пешаците

Новите автомобили од „Mazda CX-6e“ е опремена со необична функција која му овозможува на возачот да испраќа гласовни пораки до пешаците и велосипедистите преку надворешен звучник. 

Мазда вгради звучник што му овозможува на возачот да им се обрати на пешаците

Сепак, системот дозволува и внесување на сосема произволен текст. Функцијата, наречена „External Announcement“ (Надворешно соопштение), е дизајнирана како начин возачот да ги предупреди другите учесници во сообраќајот.

Меѓу претходно дефинираните пораки се вклучени опции како „Еј пријателе, тука сум“ и „Те молам, погледни нагоре и внимавај на патот; чувај се“.

Проблемот е во тоа што системот им овозможува на корисниците и сами да креираат пораки. Возачите го внесуваат текстот преку големиот централен дисплеј од 26,45 инчи, без очигледен филтер што би спречил употреба на навредлива или несоодветна содржина. Како резултат на тоа, функцијата наменета за добронамерна комуникација лесно може да се претвори во алатка за провоцирање на пешаците, пренесува *Revija HAK*.

Оваа функција е преземена од кинескиот пазар, каде што се продава технички сродниот модел Deepal S07. Како што пренесува B92, Mazda можеби ќе го реши проблемот преку софтверско ажурирање.

На одредени пазари, CX-6e користи литиум-железо-фосфатна батерија со капацитет од 78 kWh, која поддржува брзо полнење со моќност до 200 kW. Неговиот деклариран досег изнесува до 484 км според WLTP циклусот.

Достапен е во една конфигурација на погонскиот систем, која вклучува електромотор со моќност од 255 КС и погон на задните тркала. Сè уште не е потврдено дали функцијата за надворешен звучник е достапна кај европската верзија на CX-6e.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер