Секуларизам или милитантен марксизам? Дебата за религиското образование во Македонија - Канал 5

Секуларизам или милитантен марксизам? Дебата за религиското образование во Македонија

Прашањето за воведување на религиското образование во јавните училишта во Македонија е долгогодишна и нерешена дебата која ги открива фундаменталните предизвици во разбирањето и практикувањето на секуларноста во посткомунистичкиот контекст.

Секуларизам или милитантен марксизам? Дебата за религиското образование во Македонија

Анализата на овој спор сугерира дека дел од елитите и јавноста, неаргументирано и ненаучно бранејќи го секуларниот поредок, запаѓаат во исклучива форма на секуларизам, наречена „марксистички секуларизам“, која е во спротивност со основните принципи на верската слобода и човековите права, во кои спаѓа и правото на верско образование.

Од осамостојувањето во 1991 година, Македонија е уставно дефинирана како секуларна држава, со што се означи раскинувањето со агресивниот атеистички модел на комунистичкиот режим. Меѓутоа, три децении подоцна, принципот на секуларност сè уште е предмет на длабока поделба.

Македонскиот јавен дискурс честопати се трансформира во исклучив, неплуралистички пристап. Така, наместо да се обезбеди државна неутралност и рамноправност на сите граѓани, вклучувајќи ги и верниците, се инсистира на целосна елиминација на религијата од јавниот простор. Ова е директна аналогија на антирелигиската политика на тоталитарните режими.

Спорната позиција на отпор кон религиското образование е во директен судир со универзално заштитените човекови права. Правата на верско образование и запознавање со сопствената вера се гарантирани со:

– Европската конвенција за човекови права (член 9 и Првиот протокол).

– Универзалната декларација за човекови права.

– Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Според овие принципи, обезбедувањето на верско образование во јавните училишта не претставува обврска на државата кон верските заедници, туку извршување на обврската кон граѓаните и нивните права. Притоа, се почитува принципот на секуларност, бидејќи државата не фаворизира ниту една религија, туку создава услови за остварување на правата на сите верници.

Европските модели

Силниот отпор кон религиското образование во Македонија е спротивен на европските трендови. Скоро сите западни, централни и источноевропски секуларни држави одамна ја разбраа клучната потреба од воведување на религиско образование во државните училишта, бидејќи тоа промовира плурализам, толеранција и разбирање на културата и традицијата.

Во Европа се применуваат неколку модели:

Деноминациски (конфесионален) модел – традиционален модел каде наставата се изведува според конкретна религија или деноминација, а часовите се организираат одделно за ученици од различни вероисповеди. Овој модел е застапен како задолжителен или изборен (со широка примена) во: Германија, Австрија, Полска, Шпанија, Грција, Романија, Унгарија, Италија, Хрватска, Латвија и др.

Неконфесионален / Интегративен Модел – модел чија што цел е да ги едуцира сите ученици, без оглед на нивната верска припадност и светогледи, за да развијат религиозна писменост, разбирање на различностите и толеранција. Овој модел се фокусира на главните светски религии и секуларни светогледи, а е застапен во Обединетото Кралство, Швајцарија и сите скандинавски земји.

Модел на Лаицизам (Секуларен) – модел кој обезбедува државна неутралност во јавните училишта, а религиското образование е врзано со задолжителен предмет по етика и морал, историја на религиите, или религиозно и културно наследство. Овој тип на образование е застапен во: Франција, Албанија, Црна Гора, Косово и др.

Уставниот поредок и религиското образование: Регионална споредба

Политичката традиција, историјата на односите меѓу Црквата и државата, како и уставниот поредок се клучни фактори кои одредуваат дали и како религиското образование ќе биде дел од јавниот образовен систем. Разгледувањето на моделите во соседните земји открива дека тие успешно ги интегрираат верските права во секуларната рамка:

Така на пример, во Грција е застапен модел на државна религија. Источноправославното христијанство е уставно прогласено за „доминантна религија“ во државата, а во исто време постои слобода на вероисповед и признавање и на другите религиозни заедници. Во Грција православниот катехизис се учи и во основното и во средното образование, а предметот е задолжителен за сите.

Во Романија постои модел на позитивен секуларизам, каде државата не само што гарантира слобода на вероисповед, туку активно ја поддржува и верската едукација. Уставот ја дефинира Романија како демократска и социјална држава која ги почитува човековото достоинство и правата и слободите на граѓаните. Верските заедници уживаат слобода на дејствување, а државата овозможува веронаука во јавните училишта во согласност со специфичностите на секоја верска заедница.

Бугарија воспоставила умерен секуларизам, кој ја признава клучната историска и културна улога на источноправославното христијанство, со што му доделува симболичка предност без да го наруши религискиот плурализам. Овој уставен аранжман претставува балансиран пристап – повеќе од класичен секуларизам, но недостижен за да биде дел од групата земји во кои е имплементиран моделот на државна религија. Во бугарските училишта религискиот предмет е изборен, но Црквата има стабилна институционализирана улога во сите фази од религиското образование – од иницирање на политики до поддршка на спроведување.

Србија негува класичен секуларизам, заснован на јасна одвоеност помеѓу државата и верските заедници. Уставот ја прогласува Србија за световна држава и прецизира дека ниту една религија не може да се воспостави како државна или задолжителна. Во јавниот образовен ситем на Србија постои изборен религиски предмет, насловен како Веронаука.

Нестабилната пракса во Македонија

Уставот на Македонија ја гарантира слободата на вероисповед и утврдува дека сите признаени верски заедници (МПЦ-ОА, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската заедница и други) се одвоени од државата и се еднакви пред закон.

И покрај оваа формална еднаквост, практиката во однос на религиското образование е нестабилна и контроверзна. Во минатото, одредени политички субјекти, повикувајќи се на секуларниот модел, постојано го укинуваа или девалвираа овој вид на образование, сметајќи го за закана, додека другите, иако го поддржуваат, не успеаја да најдат трајно законско решение:

2002/2009: Религиското образование е двапати воведувано и веднаш потоа укинувано (со одлуки на Уставниот суд).

2010: Воведен е предметот „Етика во религиите“ како задолжително-изборен предмет, кој ги изучува моралните аспекти на уставно признатите вероисповеди од секуларна гледна точка.

2021: Со новата Концепција за основно образование, „Етика во религиите“ добива уште понизок статус: слободно-изборен предмет, со што практично е доведен до исчезнување.

Клучната дилема

Долгогодишната практика на сериозно прекршување на правото на религиско образование под плаштот на заштита на секуларноста, води кон изолација на мнозинството верници и создава нов облик на дискриминација во мултирелигиското општество.

Во врска со ова, Комисијата за односи со верските заедници, Верските лидери и Асоцијацијата на професори по Етика во религии излегоа со заеднички барања, сите во согласност со уставниот секуларен поредок: Враќање на „Етика во религии“ во неговиот претходен статус како задолжително-изборен предмет; воведување на редовен предмет „Религиозно и културно наследство“ со фокус на проучување на заедничката култура и традиција; и наоѓање законска можност за трансформација на работниот однос за дипломираните теолози – специјалисти, кои веќе 16 години се соочуваат со сериозна дискриминација во образовниот систем.

Дали со овие барања се загрозува секуларниот поредок на државата? И каде во овие барања се забележува мешање на верските заедници во работата на државата, кога овие предмети ги предаваат цивили, со завршено шест годишно акредитирано образование?

Во оваа смисла се поставува клучното прашање:

Дали Македонија, бранејќи ја секуларноста со отпор кон религиското образование, навистина подобро ја разбира секуларноста од буквално сите останати земји во регионот и во Европа, или, пак, несвесно го ограничува остварувањето на основните човекови права под плаштот на заштита на државното уредување?

Заклучокот изведете го сами!

Автор:

Монахиња Ефимија Зајковска

Извор:

бигорски.орг.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер