ЗабаваСекси танц за кој целиот свет зборува: Еве како “тверка“ познатата пејачка (видео)Популарната пејачка Џенифер Лопез имаше возбудлив перформанс во Њујорк. Освен извонредниот изглед и енергија, таа ја покажа својата умешност и во тверкањето. Џенифер Лопез настапи на еден хуманитарен настан во рамките на кои во живо ги изведе своите најнови хитови. Famous bottom... Jennifer Lopez never misses a chance to show off her bum on stage. Jlo gave a red hot performance at the annual TIDAL X BROOKLYN charity concert in NYC. Of course the Bronx native was in red with knee high boots. . . . . . #JenniferLopez #Jlo #TIDALXBROOKLYN #2hilarious #fashionaddict #celebrityblogger #fashiongram #instafashion #fashionista #fashionaddict #fashionblogger #fashionstyle #fashionlovers #fashiondiaries #fashionable #casual #momonduties #Tidal A post shared by 2Hilarious (@2hilarious) on Oct 19, 2017 at 9:38pm PDT Воедно, пејачката на сцената изведе вистински перформанс кој беше испратен со овации. Тоа и не чуди, бидејќи видео снимките од концертот ја откриваат фантастичната атмосфера, а како што пишуваат светските медиуми, најмногу поради нејзиниот изглед и секси танц. I love this queen, legend, icon so much❤️👑 #jlo #jenniferlopez A post shared by chanelle 💓✨6614|4416|32817 (@jloverbby) on Oct 19, 2017 at 5:37pm PDT Џен на сцената се појави во црвен шорц од латекс, а потоа во секси сребрен костим кој ги откри нејзините бујни облини, а кога започна да танцува, сите останаа без здив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во ОхридПоради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки .Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што на 27 овој месец ќе се одржи во Охрид, од денеска СВР Охрид ќе презема мерки за забрана на паркирање на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Мерките ќе ги спроведуваат полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид а интензивно ќе се вршат на двете страни на булеварот „Туристичка“ со укажување кон сопствениците на патнички и други моторни возила за забрането запирање и паркирање на нивните возила и за неопходноста од некористење на една коловозна лента на булеварот, како паркинг зона. Засилените мерки ќе се интензивираат во пресрет на најавениот самит и ќе ги опфатат и магистралните, регионалните и локалните патишта но и останатите делови од градот за што, навремено ќе ја информираме јавноста. Апелираме до граѓаните-возачи на патнички и други моторни возила, да ги почитуваат насоките на полициските службеници, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЌе можат ли младите брачни парови полесно да доаѓаат до стан?Најмалку 20% пониска цена за становите наменети за млади брачни парови до 35 години, но попустот нема да се пресметува според цената што инвеститорот ја бара во моментот, туку според просечната цена на продадените станови во претходната година. Ова дополнително го појасни премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера ги најави новите мерки за полесно решавање на станбеното прашање на младите, меѓу кои и обврската градежните компании да издвојат најмалку 10% од станбената површина во новите објекти за млади брачни двојки. Мицкоски вели дека со законски решенија и подзаконски акти ќе се спречат можните злоупотреби, а најави и горна граница за цените на комерцијално продаваните станови. -Оваа цена која што ќе биде понудена на брачни парови до 35 години ќе биде за 20% минимум, за 20% пониска од цената за катастарската општина просечна во претходната календарска година. И тука ќе нема можност за артифициелно или вештачко зголемување на цената на квадратот. Значи силингот, односно плафонот ни е јасен и врз основа на тој плафон за младите брачни парови, односно брачните парови до 35 години, ќе ја добијат цената за таа катастарска општина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Освен оваа мерка, Мицкоски најави и ослободување од комуналии за градење на куќа за младите – мерка која според градежниците побрзо и поедноставно би се спровела. Од здружението за градежништво при стопанската комора ја поздравуваат иницијативата на Владата, но сметаат дека треба поширока дискусија и консултации со инвеститорите и бизнис-заедницата. - Овие исклучувања тврдам дека нема да имаат никаква улога ниту импакт врз цената на становите во иднина, затоа што се работи за иницијативи за помош на млади брачни парови, кои што треба заедно со бизнис-заедницата да бидат усогласени во едно решение кое што ќе значи помош. Тоа е субвенција врз база на која младите би добиле станбени единици. - Андреја Серафимовски – претседател на здружение за градежништво при стопанска комора Од опозициската СДСМ пак, во соопштние оценија дека одлуката била дискриминаторска, дополнително, обинуваат дека Владата ги копирала политиките на поранешниот претседател на Србија Вучиќ. Таквата одлука е дискриминаторска и противуставна. Не смее да има старосно ограничување. Што е со немажените и неженетите до 35 години во Македонија? Зошто ваква поделба? Зошто пак кампања по примерот на Вучиќ? – соопштија од СДСМ Иако слична поддршка за младите при купување прв дом во Србија се спроведува од март минатата година, сепак моделот е поразличен. Таму, лицата од 20 до 35 години без разлика на нивниот брачен статус, можат да добијат станбен кредит со минимално учество од 1%, при што државата гарантира дел од кредитот и субвенционира дел од каматата во првите шест години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе областиГрчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски.Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис упати пофалби за напредокот на земјава во повеќе области и јавно му честиташе на македонскиот министер Тимчо муцунски, во обраќањето на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ што се одржува во Атина. По него, двајцата министри попладнево имаа и билатерна средба. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28