Секс за време на лет (видео) - Канал 5

Секс за време на лет (видео)

Летот бил од Манчестер до Ибица

Секс за време на лет (видео)
Пар бил снимен како имаат секс за време на летот кој бил од Манчестер до Ибица.

Парот воопшто не обратил внимание на тоа дека авионот е полн со патници.

Тие се продолжиле во уживањето и покрај коментарите на другите патници.

Патниците исто така се пожалиле на тоа дека стјуардесите не презеле ништо за да го спречи вљубениот пар да има секс.

Погледнете го видеото кое го снимил еден од патниците:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името

Филипче денес се најде да зборува за распродавање, а не трепна кога Заев го распродаваше името, јазикот и Уставот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех на државата, а не трепна кога заедно со Заев го продаваа името

Селфито во авионот на пат кон „брзата ЕУ интеграција“ ја турна државата во ќорсокак, а што е до него и одма би потпишал нов бланко лист.

Селективната принципиелност на Филипче е смешна, му пречат дата центри, не му пречат провизии од вакцини. Неговиот мандат како министер јасно покажа дека му одговара само некој тендер, провизија од вакцина, па дури сакаше и да одземе болница со уцени за судски спорови.

Јасно ни е, на Филипче му пречи секој успех на Македонија, му пречат економските политики на Владата оти ја движат земјата во правилна насока, а за тоа говорат 8-те последователни квартали со раст на БДП од над 3%.

Филипче да се преиспита што точно му одговара, дека до сега знаеме оти не му пречат висококатниците во Дубаи, златни визи, јахтите во Грчка, знаеме дека е фан на Џиновиќ и на Заев, ама не знаеме зошто му пречат сите неуморни напори на Владата да ја води државата напред и да го подобри животот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Томас Тухел го објави составот на Англија за Лигата на нации,неколку повратници на списокот

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го објави составот на фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на нации – негов прв избор по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Томас Тухел го објави составот на Англија за Лигата на нации,неколку повратници на списокот

Англија треба да одигра четири натпревари.

Најпрво, „Гордиот Албион“ го очекува спектакл на „Вембли“ против светскиот шампион Шпанија на 26 септември во 19:45 часот, по што следува гостување кај Чешка во вторник, 29 септември, во 19:45 часот.

Густиот распоред продолжува со гостување кај Хрватска во сабота, 3 октомври, во 17:00 часот, а циклусот завршува во Лондон против Чешка во вторник, 6 октомври, во 19:45 часот.

Селекторот Тухел смета на следниве играчи за претстојниот маратонски циклус:

Голмани: Џордан Пикфорд, Џејсон Стил, Џејмс Трафорд.

Одбрана: Трент Александер-Арнолд, Џарад Брантвејт, Трево Чалоба, Марк Гехи, Луис Хол, Езри Конса, Тино Ливраменто, Нико О'Рајли, Џарел Кванса.

Среден ред: Елиот Андерсон, Џуд Белингем, Мајлс Луис-Скели, Коби Мејну, Кол Палмер, Деклан Рајс, Алекс Скот.

Напад: Доминик Калверт-Луин, Еберечи Езе, Ентони Гордон, Хари Кејн, Рио Нгумоха, Маркус Рашфорд, Морган Роџерс, Букајо Сака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Г.Скопје: Сабота и недела, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 19.09.2026 година (сабота) и на 20.09.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје.

Г.Скопје: Сабота и недела, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против комарци

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер