ЗдравјеСекојдневното пиење вода со цеден грејпфрут прави чуда за вашиот организамЌе ги решите проблемите кои долго ме мачат.Грејпфрутот е овошје со специфичен слатко-кисел вкус, а црвениот грејпфрут се издвојува како здрав поради високата содржина на витамин Ц, ликопен и каротеноиди. Сепак, и жолтиот и зелениот грејпфрут имаат свои нутритивни вредности, иако се помалку познати. Сите грејпфрути се богати со витамини, минерали и други хранливи материи и се одличен извор на витамин Ц, бета-каротин, витамини од групата Б и калиум. Покрај витамини и минерали, грејпфрутот содржи и флавоноиди кои имаат исклучително корисни антибактериски, антигабични и антиканцерогени својства. Овие флавоноиди главно се наоѓаат во кората, семките и белата опна на грејпфрутот, што му дава дополнителна вредност на ова овошје. Дали диетата со грејпфрут е ефикасна за слабеење? Иако тврдењата дека обичниот грејпфрут содржи магични ензими кои помагаат во согорувањето маснотии не се поткрепени со истражувања, студиите открија дека грејпфрутот е позитивно поврзан со губење на тежината. Едно истражување покажа дека учесниците кои консумирале грејпфрут секојдневно со своите оброци имале намалена големина на струкот. Студијата од 2014 година покажа дека жените кои консумирале грејпфрут во споредба со оние кои не консумирале, имале намалување на телесната тежина, обемот на струкот и индексот на телесна маса (БМИ). Иако е можно брзо и привремено намалување на тежината со помош на диетата со грејпфрут, сепак порталот „Healthline“ наведува дека тоа најверојатно се должи на фактот што внесувате помалку од 1.000 калории дневно. Предности Сепак, вклучувањето на оваа нискокалорична намирница со висока содржина на хранливи материи е паметен и здрав избор - не само за губење на тежината, ако тоа е вашата цел, туку и за целокупното здравје. Еден грејпфрут содржи над 60 % од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Витаминот Ц има антиоксидантни својства, познато е дека го штити и јакнее имунолошкиот систем. Покрај заштитата на имунолошкиот систем, истражувањата покажуваат дека консумацијата на грејпфрут е поврзана со поголемо внесување на магнезиум, калиум, диетални влакна и подобрување на квалитетот на исхраната. Грејпфрутот кој исто така содржи растителни влакна може да ви помогне да се чувствувате посити и да внесувате помалку калории во текот на денот, што може да ви помогне во губење на тежината. Порција од 100 гр грејпфрут има 32 калории, а сите потекнуваат од јаглехидратите, пишува „One fit“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
МакедонијаФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема РечицаФБИ ѝ честита на Единицата за сајбер-криминал при Бирото за јавна безбедност на Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн-пазар OLVX.Активен во периодот од 2023 до 2025 година, OLVX, според наводите, незаконски продавал лични податоци со кои може да се идентификуваат жртвите („PII“ – Personally Identifiable Information), како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 профили на продавачи. Постоењето на овој онлајн-пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на безбедноста и интегритетот на корисничките сметки што ги користат. Оваа акција претставува прва сајбер-операција воопшто координирана меѓу ФБИ и Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ да работи со партнери ширум светот за заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЕвропаРуте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за трошењето пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис. Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците. Естонскиот премиер Кристијан Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе биде најсилната безбедносна гаранција за Естонија на долг рок. Тој најави дека неговата земја ќе издвои 0,28 проценти од БДП за воена помош на Украина оваа година, во споредба со 0,35 проценти минатата година. Q: Is Russia foolish enough to consider attacking any NATO country? NATO's Rutte: We don't think so, and we see no imminent threat against NATO territory. And if we were to see a buildup, we would react to it. https://t.co/9869xng9nM — Clash Report (@clashreport) October 14, 2026 Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на некои членки, вклучувајќи ги и САД. Во меѓувреме, иницијативата PURL има за цел да ѝ обезбеди на Украина американско оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана. Исто така, беше забележано дека европските земји се стремат да ја зајакнат сопствената одбранбена индустрија, додека безбедносните прашања во Балтичкото Море и Ормутскиот Проток дополнително ја истакнуваат важноста на заштитата на морските патишта.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
МакедонијаМитева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева .На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и истакна дека суштината на дејствувањето на Унијата на жени е во препознавањето на проблемите, нивното јавно отворање и заедничкото делување за изнаоѓање вистински решенија, нагласувајќи дека секој навреме направен преглед, рано откриена промена, побрзо поставена дијагноза и навремено започната терапија претставуваат победа во грижата за здравјето на жените. „Сплотени дејствуваме – за една победа повеќе е пораката под која сме собрани вечерва, но би сакала уште на самиот почетокот да кажам дека овие зборови за нас ја изразуваат суштината на она што сакаме да го постигнеме како Унија на жени, организација која умее да препознае проблем, да го отвори јавно, да ги собере луѓето кои можат да помогнат и според нас она што е најважно, да придонесе проблемот да добие вистинско решение. Кога зборуваме на оваа тема, зборот победа има една многу важна тежина. Победа е прегледот што не бил одложен. Победа е промената којашто сме ја откриле навреме. Победа е дијагнозата којашто е поставена побрзо, терапијата којашто е започната без непотребно губење на време, лекарот до кого пациентката можела да стигне тогаш кога ѝ бил најпотребен“, рече Митева. Митева истакна дека политичката одговорност подразбира не само препознавање, туку и решавање на проблемите, нагласувајќи дека иницијативата во Штип е пример за институционална соработка и конкретни резултати во интерес на граѓаните. „Во тоа сите ќе ја препознаат и пошироката политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас, политичката одговорност не завршува со детектирањето на проблемот, туку започнува токму таму. Да кажеме што не функционира за нас е најлесниот дел, многу потешко, но и многу поважно, е да преземеме одговорност да го подобриме. Затоа за мене оваа иницијатива во Штип е јасен пример за политичката култура што сакаме да ја градиме, култура на работа, на институционална соработка и на решенија што имаат мерлив ефект врз секојдневието на луѓето. Позицијата нема смисла сама по себе ако зад неа не остане чесност, посветеност и резултат. И токму затоа нашата одговорност како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е голема, капацитетот на партијата, на нејзините луѓе но и на нејзините структури да се стави во целосна функција не само за една политичката дебата, туку и за подобрување на реалните состојби во државата“, посочи Митева. На крај Митева истакна дека посветеноста на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за подигнување на свеста и поддршка на пациентките ќе продолжи и по октомври, нагласувајќи дека грижата за здравјето нема временско ограничување и бара континуирана ангажираност и конкретни решенија. „Нашата одговорност не смее и нема да заврши на 31 октомври. Оваа болест нема календар, пациентките немаат месец за кампања, а грижата не смее да биде сезонска. Затоа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива оваа тема и по октомври, со истата амбиција како што започнавме, да слушаме, да поврзуваме, да помагаме и таму каде што можеме да оставиме решение зад себе. Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, децидна е Митева, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook