ЖивотСекоја боја во пастата за заби има своја улогаМногу луѓе ја опишуваат пастата за заби како тробојна смеса што се става на четка за заби. Изборот на бои не е случаен, т.е. производителите со причина ги полнат тубите со бел, бело-сино-црвен производ или сосем друга комбинација.Секоја боја има различни состојки со одделни ефекти врз забите. Се чини, поради некоја причина, велат познавачи, производителите на пасти за заби не се потрудиле доволно да им објаснат на потрошувачите зошто нивните пасти имаат одредена боја. Белите пасти, на пр. содржат супстанции кои го отстрануваат плакот и спречуваат појава на кариес. Црвената лента во смесата главно има активни состојки неопходни за нега на непцата, а пак, сината лента служи за освежување на здивот. Покрај тоа, сините пасти содржат и состојки со антимикробно дејство. Има и пасти со зелена, наместо сина линија. Некои истражувања, сепак, посочуваат дека во некои случаи боите немаат никаква врска со ефектите, туку тоа е рекламно-маркетиншки потег бидејќи е откриено дека луѓето купуваат повеќе пасти со три бои. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Влада набави вода за Гостивар за 100 илјади евра преку итна постапка без огласОколу 100 илјади евра потрошила Владата преку Службата за општи и заеднички работи за набавка на вода за пиење за населението во Гостивар. Шише вода од 1,5 литри ,кое во малопродажба се продава за околу 25 денари, преку набавката било обезбедено за 12,5 денари. Договорот со компанијата „Кожувчанка“ е склучен по постапка со преговарање без претходно објавување оглас, со образложение дека станува збор за крајна итност поради кризата со водоснабдувањето. -Точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“ .Компанијата учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината,- Влада. Од компанијата дополнително појаснуваат дека разликата меѓу редовната продажна цена и понудената цена од 12,5 денари ја преземаат на свој товар, како општествено одговорен придонес. Велат дека водата ќе биде бесплатно транспортирана до Општина Гостивар, со цел навремена помош за граѓаните. Соопштенијата на Владата и на компанијата Кожувчанка дојдоа како демант на претходните обвувања од СДСМ за можен судир на интереси поради изборот на компанијата и начинот на кој е спроведена постапката, посочувајќи дека според достапните информации компанијата е во сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци. Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ ја користи кризата со водата во Гостивар за добивање политички поени. -И додека народот се труеше, Мицкоски и ВМРО-ОКГ имале други приоритети. Бизнис зделка од 100 илјади евра за вода во Гостивар без тендер, без јавен оглас. Додека народот се труе, тендер-патриотите тераат бизнис,- Симона Цветановски – СДСМ. -Не може исти луѓе кои со години беа власт, денес да се претставуваат како да немаат никаква одговорност за состојбите што ги оставиле зад себе. Наместо политички театар, СДС и Филипче треба да им објаснат на граѓаните зошто ништо не направиле додека ја имаа целата институционална моќ во свои раце,- Валентин Манасиевски – ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓувреме, водата во Гостивар и натаму е само за техничка употреба и не е безбедна за пиење. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли се додека не се добијат три последователни исправни анализи со кои ќе се потврди исправноста на водата. Детали од истрагата засега не откриваат од ОЈО, со образложение дека се преземаат повеќе истражни дејствија кои не може да бидат споделени во интерес на постапката. За тоа како општината се справува со состојбата, недостапен на телефонските повици и пораки остана и градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛоша хидролошка состојба во регионот - каква е енергетската стабилност во земјава?Македонскиот електроенергетски систем е стабилен а ниските водостои во Европа во моментов не претставуваат ризик за домашното производство на електрична енергија – соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Соопштението следи откако во Европа се набљудуваат историски ниски водостои на големите реки како Дунав и Рајна, што предизвика кризни состојби во електроснабдувањето на земји како Унгарија, Романија и Франција. -Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем,- Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Енергетскиот експерт Константин Димитров предупредува дека состојба на критичен недостиг на производство на енергија во земји од коишто ние увезуваме, може да предизвика рестриктивни мерки за штедење и кај нас. -Ако се јави проблем како сега, еве нема доволно енергија во државите како Романија, делумно Бугарија, Унгарија кои што имаат проблем, како и Франција и Хрватска.. - Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија. ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА Месец Производство на електрична енергија Процент од домашната потрошувачка МАЈ 2026 462.653 MWh 96,5 % - АД ЕСМ ЗГОЛЕМЕНО ПРОИЗВОДСТВО 2025 / 2026 ОД ХИДРОЕЛЕКТРАНИ ЗА 76 ПРОЦЕНТИ ОД ВЕТЕРНИ ЕЛЕКТРАНИ ЗА 10 ПРОЦЕНТИ Македонија е увозно-зависна а поголемиот дел од домашното производство на електрична енергија доаѓа од приватни постројки, што значи дека за енергетски суверентитет во кризни моменти како долги суши, од национална важност е инвестирањето во државни капацитети на производство и акумулациски системи на енергија, посочува Димитров. -Да се изградат акумулациите Чебрен и Галиште, да се изградат две акумулации на реката Вардар и да се размислува за некои трети помали системи што ќе складираат вода на определени мали зафати. // ЕСМ треба да има изградено сопствени сончеви и ветрени паркови и да ги изгради хидроцентралите и тогаш веќе може да се стабилизра, а за тоа треба време. А во меѓувреме да се изградат и когенеративни постројки на гас за да се издржи тој период, негде до 2040 година да се стабилизира и да кажеме дека Македонија и во тешки моменти може да се задоволи со домашното производство,- - Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија. Поради долгата суша и топлотни бранови во Европа, производството на електрична енергија во неколку европски земји е значително намалено – нуклеарни централи во Унгарија и Романија се затворени, додека пак австриските хидроцентрали работат со намален капацитет а некои од нив се целосно затворени. Во соседна Србија пак актуелни се апелите до граѓаните за штедење и рационално користење на енергијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МетеоМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото времеПортокаловата фаза со високите температурите кои деновиве достигнуваат и до 40тиот степен го засилија предупредувањето за заштита на здравјето на граѓаните но пред се на работниците кои на овие темеператури се директно изложени.При обиколка на главниот град каде денеска температурата достигнува и до 38 степен, на дел од градилиштата во претпладневните часови можеа да се забележат работници, на дел не. Оние граѓани, пак кои поради работни или некој друг вид на обврски морале да излезат од дома, генерално ги почитуваа препораките за заштита од топло време од наделжните, како што е носење на лесна и светла облека, заштитни очила, капа. Работодавачите мора да ги заштитат работниците од тополниот бран – побараа денеска од Сојузот на синдикати, особено велат оние кои работат на отворено. Од синдикатот и денеска побараа законски измени со цел задолжително да се вметне во регулативата на кои температури плус и минус не треба да се работи на отворено. „ Ова наше барање е долгогодишно, но работодавачите немаат глух за него. Сепак нашите заложби ќе останат, и ние не отстапуваме од барањето имајќи во предвид дека мерките за заштита на здравето на работниците во услови на работа при топлотен бран или при минусни температури не смее да останат само препораки, туку обврска на работодавачите.“ -ССМ. Од Управата за Хидрометеоролошки работи велат земјава останува под влијание на топла воздушна маса од југ и на одредени места температурите во деновите кои следат може да надминат и над 40тиот степен. „Денес и во следните два дена се наоѓа во портокалова фаза од високи температури. Температурите дневни во следните денови ќе бидат во интервал од 33 до 39 степен. 40 степени наместа особено во јужното повардари очекуваме во деновите од викднот но може и 41 да имаме. Во Скопје во текот на утрешнито ден мак 38 во следните денови 39 степени... “-Јулијана Фиданска Мишковска – УХМР. Засега за заштита од екстремно високите температури има само препораки но не и мерки од надлежните. Синоптичарите очекуваат топлно време и понатаму, од УХМР најавуваат следанта недела температури кои би биле за степен, два пониски од сегашните но сепак велат ќе се над просекот за месец август. Инаку високи температури се забелеќани насекаде во регионот и Европа, а во Словенија е прогласена и црвена фаза... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter