Секој што ќе купи Јагуар добива уште еден бесплатно, но под еден услов - Канал 5

Секој што ќе купи Јагуар добива уште еден бесплатно, но под еден услов

Станува збор за тешко остварлива цел, првата и можеби најтешката пречка е Франција.

Секој што ќе купи Јагуар добива уште еден бесплатно, но под еден услов

Имено, станува збор за Светското првенство во фудбал и евентуалниот премин на англиската репрезентација. Јагуар вели дека секој што ќе купи нов Јагуар ќе добие уште еден на подарок под услов Англија да биде светски шампион.

Со секој нов успех, купувачите на Јагуар се поблиску до скап подарок. Во исто време, обложувалниците малку го намалуваат коефициентот, па сега според нив шансите Англија да биде светски првак се 1/7. Подобро (досега) рангираат Бразил, Франција и Аргентина.

Во Јагуар очекуваат дека оваа маркетиншка кампања драстично ќе ја зголеми продажбата, а со тоа и заработката. Се чини дека не размислуваат за опцијата Англичаните навистина да стигнат до финалето и да победат.

„Јагуар е бренд за луксузни автомобили од светска класа, познат по тоа што ги произведува најпосакуваните автомобили во секој сегмент, на кои луѓето навистина им се восхитуваат пред да купат БМВ, Ауди или Мерцедес“, изјави за Top Gear инсајдер на Јагуар. „Моравме да направиме нешто радикално, така што овој план е потенцијално најефективниот начин буквално да ги удвоиме нашите годишни бројки за продажба.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

Осум лица се ранети во   Маниса во  Турција, откако утрово непознато лице отворило оган пред средно училиште, соопшти канцеларијата на гувернерот на Маниса.

Осум лица се ранети во средно учлиште во Турција

На снимките од безбедносните камери се гледа како осомничениот оди по улицата со пушка во раката, а потоа брзо бега од местото на настанот заедно со оружјето. По вооружениот напад во училиштето во Маниса, на местото почнале да пристигнуваат вознемирени родители, додека полицајците се обидувале да ја смират толпата и да ја стават ситуацијата под контрола.

YouTube video

На местото на настанот е присутен голем број припадници на безбедносните служби, а родителите се обидуваат да добијат информации за своите деца. првичните извештаи укажуваат дека се ранети осум лица, од кои едно е во критична состојба.напаѓачот побегнал од местото на настанот. Полицијата започнала голема потрага и тој набрзо бил уапсен.пукањата во училиштата се ретки во Турција, иако претходно оваа година имаше два напади во еден по друг дена на југот од земјата што предизвикаа гнев кај локалното население

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче утринава на прес конференција на која зборуваше за повеќе теми рече дека Македонија е изолирана земја и а Мицкоски  го нарече руски прокси играч.

Филипче: Македонија е изолирана земја, а Мицкоски е руски „прокси играч“

Целосната изјава погледнете ја во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

СДС се дрзна да каже дека ВМРО-ДПМНЕ ја распродавала државата, и тоа замислете од партијата водена од најголемите докажани квинслинзи на Македонија, Зоран Заев и Венко Филипче. 

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Коте од Руља би бил жив, ќе се гордееше со предавниците Заев и Филипче, сменија име, знаме, устав

Кога Коте од Руља кој е синоним за прадавство би бил жив, на овие двајца вода може да им носи. Сменија име, сменија Устав, сменија знаме, се откажаа од македонското малцинство во соседните држави, кажуваа дека Бугарите биле ослободители, дека македонскиот јазик почна од Втората светска војна.

Донесоа француски предлог и ултиматум и го направија критериум за напредок кон Европската Унија.

Па СДС е таму каде што е токму поради овие предавства.

Така да предавствата станаа второ име за Филипче и Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер