Секој петти здравствен работник на боледување, поголем број осигуреници од бројот на жители - Канал 5

Секој петти здравствен работник на боледување, поголем број осигуреници од бројот на жители

Секој петти здравствен работник во државните болници е на боледување поради вирус, спондилоза или други болки во грбот. 

Секој петти здравствен работник на боледување, поголем број осигуреници од бројот на жители

Ова го покажува просекот од 20 отсто на лекари и останат медицински персонал што наместо да лекуваат, често користат боледување за лекување. Овој податок го соопшти првиот човек на Фондот Сашо Клековски кој кажа дека годишно има околу 17000 боледувања поради болест и 10000 по основ на породилно.

Поради очигледни злоупотреби, се бара механизам кој ќе овозможи крај на злоупотребите кои најчесто доаѓаат од јавниот сектор, бидејќи тие земаат 90 до 100% од платата.

Дополнително, парадоксално е тоа што има повеќе здравствени осигуреници, отколку што има жители во Македонија. Според Клековски, ова највеќе се должи на фактот дека кога се преселуваат во друга држава, голем број од семејствата се водат како невработени или по друг основ си го задржуваат правото на државно да се лекуваат кога ќе си дојдат на одмор.

Според раководителите на Фондот кои стапија на функција пред една година, веќе има подобрување на работата и во однос на лековите и здравствените услови за граѓаните, а им пораснале и платите на вработените кои не толку одамна штрајкуваа. Директорите на ФЗО се задоволни што успеале по 10 години стагнација да ја ревидираат позитивната листа на лекарства.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби  околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.

Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба.

По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани.

Вучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“

„Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ.

Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.

Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија.

Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ.

„Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук.

Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер