Секој киловат е важен: На Македонија ѝ се потребни сите инвестиции во производство на струја - Канал 5

Секој киловат е важен: На Македонија ѝ се потребни сите инвестиции во производство на струја

Македонија денес произведува околу 5 685 GWh електрична енергија годишно, но дома троши околу6 072 GWh. Разликата се уште се покрива со увоз, кој во 2004 година е во нето износ од 711 GWh, или 11,7 % одвкупното снабдување.

Секој киловат е важен: На Македонија ѝ се потребни сите инвестиции во производство на струја

Како енергетскиот систем да постигне независност од увозот?

Околу 1 356 GWh од домашната струја, според официјално достапните статистички податоци од 2024 година, заврши во извоз, што покажува дека балансот натрговијата е чувствителен и зависи од хидролошкитеуслови и цените на берзата. Впрочем, Македонија за првпат се појави како извозник во 2023 година, кога поради обилен хидролошки период и новите соларни и ветерни капацитети имаше вишок од околу 840 GWh, штопрвпат ја претвори државата во нето‑извозник.

Сепак, државата се уште најголем дел од домашното производтсво го добива од термоцентралите на јаглен и гас, и тоа 2534 GWh во 2024 година и 1366 GWh од големите хидроелектрани.

Во овој мозаик забележливо е дека секторот за обновливи извори бележи брз раст на производството, при што сончевите паркови испорачаа 270 GWh, ветерниците – 166 GWh, а биогасните постројки- 60 GWh. Малите хидроелектрани (МХЕ) додадоа околу 180 GWh, со што вкупното производство од обновливиизвори сочинува 27% од целата електрична енергија во државата, а нивниот удел во инсталираната моќност веќе е 56%.

Срамежлива енергетската транзиција

Иако побавно, Македонија стабилно влегува во деценијата на забрзана енергетска транзиција во која сите облици на домашно производство – од големите хидро и термо постројки, до ветерните, соларните, биогасните и малите хидроелектроцентрали (МХЕ) – имаат своја улога.

Според податоците од МЕПСО во јуни годинава над 94% од електричната енергија потрошена во земјата беше обезбедена од домашни извори, сигнал дека инвестициите на терен даваат резултат во желбата да се намали зависноста од увоз преку диверзифициран домашен производен микс.

Термoелектраните на јаглен и гас денес ја носат базната моќност во системот и работат 24 часа, но резултираат со високи емисии на CO₂, SO₂ и други честички. Скапи се одржување бидејќи постројките се стари и дополнително, зависиме од увозно гориво и неговата ценовна волатилност.

Големите хидроелектрани се столб на нискојаглеродната базна енергија и имаат значајна улога затоа што можат за миг да го зголемат или намалат производсѕтвото на струја според потребите на конзумот. Сепак, тие се силно зависна од врнежите, а изградбата на масивни брани бара високи иницијални инвестиции.

Малите хидроелектрани – објекти под 10 MW што обично работат без акумулации – нудат стабилен, флексибилен прилив преку цела година. Но, дали ги користиме.

Колку вода има – колку струја дава

Вкупниот хидропотенцијал останува најголемиот неискористен домашен ресурс. Техничкиот потенцијал на Македонија е проценет на 5 500 GWh годишно, а од негоденес се користи едвај една третина.

Големите хидроелектрани во 2024 година заеднообезбедиле околу 1 366 GWh, што е речиси една четвртинаод вкупната домашна електрична енергија и најголемиотединечен извор на нискојаглеродна базна моќност воземјата.

Државните студии проценуваат дека реките Вaрдар и Црн Дрим носат теоретска хидроенергетска можност од околу 8 900 GWh годишно. Од нив, технички искористливи сесамо 5 500 GWh, но денес се експлоатираат само1 500 GWh, или една четвртина од расположливотоколичество. Вкупната инсталирана моќност на постојнитехидроцентрали како „Тиквеш“, „Вруток“, „Козјак“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Света Петка“ е 580 MW, штозначи дека во просек се користат 27 % од потенцијалот.

Од вкупните 1 636 MW технички можни, само 255 MW сево мали хидролектрани. Тоа значи дека малатахидрорасположливост – која може да се гради безмасивни брани – и натаму е простор за раст.

Последната деценија донесе 23% пораст на домашнотопроизводство, во услови кога и производството од ветар и сонце, кои се силно зависни од временксите услови, растат со троцифрени стапки.

Малите ХЕЦ може да произведуваат околу 1000 GWh годишно

Денес во мрежата работат околу стотина МХЕ, а војуни 2025 година 92 вакви централи произведоа13 530 MWh – 43 % од струјата на сите 178 повластенипроизводители.

Но според проценка изработена од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), технички изводливиот потенцијал на малите хидроелектрани опфаќа 200 локации со вкупна инсталирана моќност од 230 MW, годишно производство од околу 990 GWh и потребнаинвестиција од приближно 460 милиони евра.

За разлика од сонцето и ветерот, турбините во хидроелектраните можат моментно да го зголемат или намалат протокот за да одговорат на скоковите во побарувачката, што ја намалува потребата од скапи резервни термо‑капацитети.

Во услови кога Македонија уште увезува струја и не е искористен просторот за раст на вкупниот домашен капацитет, се доаѓа до заклучокот дека тоа не е можно без комбинација од сите технологии: модернизирани термо‑резерви, експлозивно растечки солар и ветер, ревитализирани големи хидроцентрали – и, секако, малихидроелектрани. МХЕ носат чист киловат‑час, локалниработни места и стабилност на мрежата. Во мапата наидните инвестиции тие не се алтернативна, туку нужнакоцка во мозаикот на енергетската независност.

Извор: Капитал.мк

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

Денес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело.

Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.

Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник.

Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември.

На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени.

Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер