МакедонијаСекој ден сме на улица, бараме плата и ништо повеќе, порачаа вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје Вработените на „Паркови и зеленило“ - Скопје денеска повторно протестираа пред ова јавно претпријатие и искажаа револт зошто се уште не им е исплатена плата за септември и за октомври. Ги повикуваат и другите вработени, кои се членови на синдикат, да дојдат и утре на протест, што ќе се одржи на истото место, и да изразат незадоволство. Атанас Георгиевски, претседател на Независниот синдикат на државна администрација „Паркови и зеленило“ потенцира дека на работниците им треба само плата. - Се собравме по не знам кој пат да го изразиме незадоволството и покрај празните ветувања за плата, вчера до 15 часот, па утрово... Се уште плата нема. Бараме две плати и бараме здравствено осигурување. Работниците не можат да си ги однесат своите деца на лекар, не можат да земат лекови на рецепт. Бараме плата и ништо повеќе. Штрајкот се уште е во мирување, но имаме дадено 150 барања за арбитража. Сега нека мислат, нека најдат пари, нека обезбедат средства за луѓето да земата плати, изјави Георгиевски. Горан Ристески, претседател на гранскиот Независен синдикат на државна администрација, каде членува синдикалната организација Независен синдикат ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје изјави дека како репрезентативен синдикат на ниво на работадавач имаат веќе 150 поднесоци за арбитража, а имаат поднесено и тужби до Основниот граѓански суд Скопје со цел да не застарат одредени побарувања. - Ние продолжуваме и понатаму со протести бидејќи веќе немаме трпение. Секој ден сме на улица. Се е завршено од наша страна, и мировен совет, штрајкот е ставен во мирување се со цел да дадеме можност преку преговарање да го решиме ова. Нема слух, ниту од Управен одбор на „Паркови и зеленило“, ниту, пак, од директорот на „Паркови и зеленило“. Вчера за време на протестот не прими директорот, каде ги кажавме нашите барања, кои и тој ги знае. Даде ветување дека вчера во текот на денот ќе се исплати плата, но тоа беше ветување и во четвртокот минатата недела. Плата не е исплатена, рече Ристески. Додаде дека вчера го информирале директорот дека вработените во „Паркови и зеленило“ нема да учествуваат во т.н. генералка од 72 часа што ја организира Град Скопје. - Нема пари, нема плата, нема услуга. Граѓаните не се должни да патат заради ова. Секој граѓанин плаќа да има убав град, средена околина, паркови итн. Сите услуги се направени од страна на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“, но нема фидбек, потенцира Ристески, кој посочи дека нередовното чистење во главниот град може да предизвика проблеми. Тој не ја исклучува можноста од петок „Паркови и зеленило“ да оди на штрајк. Членовите на синдикатот денеска на протестот доброволно потпишуваа полномошно за тужби, како и за арбитража. Оваа постапка, како што рече, трае веќе една недела и продолжуваме со друг институционален начин за да ги оствариме правата на вработените. Одговорајќи на новинарско прашање зошто не им се исплаќа плата и што им кажал на средбата директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ристески вели дека им соопштиле дека се чека пари од Град Скопје да се исплати по основ на доспеани фактури од извршена услуга од ЈП „Паркови и зеленило“, како и пари од ЈП „Водовод и канализација“, каде граѓаните плаќаат и за зеленило. Потсети дека и со досегашната градоначалничка се обиделе да стапат во контакт, но не биле примени. Најавуваат дека ќе побарат и прием кај новиот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски за да му ги објаснат причините и потребите за регулирање на нивните права - исплата на К-15, јубилејна награда, новогодишен додаток, отпремнина за работници со преостанат работен однос и исплата на помош за починат член во семејството. Тагови: протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00