Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
1Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
МакедонијаСекое училиште што ги исполнува условите може да организира настава со физичко присуствоЦаровска вчера имаше одделни состаноци со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, како и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.Учебната година може да почне со комбиниран модел и секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата, предвидува Планот за почеток на учебната 202/2021 година од 1 октомври што го усвои денеска Владата на својата прва седница. Планот на Министерството за образование се базира за потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до ширење на КОВИД-19, рече на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска. Во овој план, појасни Царовска, нудиме комбиниран модел на настава. -На општините и училиштата им даваме можност да организраат он лајн настава во училиштата каде не се исполнети условите предвиден со протоколот за физичко прустсво во училиштата. За успешна реализација на учењето во далечина забрзано се работи на воспоставување единствена национална онлајн платформа која ќе ја презентираме многу скоро на јавноста. Сепак планот нуди опција и за почнување на настава и за физичко присуство на учениците независно од возраста или одделението и дали се работи за основно или средно секаде каде просторните услови го дозволуваат тоа и е во согласно со протоколите, рече Царовска. Таа ги повика општините да ги известат родителите и наставниците да ги разгледаат протоколите и понудената комбинираната настава. При ваков тип на настава во училниците ќе присуствуваат најмногу 20 ученици, со час од 30 минути во основните и од 35 минути во средните училишта, петминутен одмор помеѓу часовите. Царовска вчера имаше одделни состаноци со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, како и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата. Претходно Средношколскиот сојуз одржа протест во Скопје за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развојБанката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова беше истакнато на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која се разговараше за реализацијата на тековните проекти и за идната соработка. „Продолжуваме да го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ, насочувајќи ја поддршката кон проекти што придонесуваат за подобри јавни услуги, поквалитетно образование и економски развој“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. ЦЕБ е присутна во земјава од 1997 година, а досега има одобрено кредити за 10 проекти во јавниот сектор во вкупен износ од 314 милиони евра, а исто така има дадено и значајна поддршка за обезбедување на инвестициски грантови и грантови за техничка помош за подготовка на проектите. Поддршката е насочена кон социјалната инфраструктура и социјалната интеграција, вклучително здравството, образованието, правосудството и социјалното домување, како и кон поддршка на микро, малите и средните претпријатија. На средбата беше разгледана реализацијата на тековните проекти, меѓу кои дополнителното финансирање со заем и грантови во вкупен износ од 24.1 милион евра за изградба, надзор и опремување на 30 спортски сали во основните училишта, како и за реконструкција на основни и средни училишта. Оваа поддршка е продолжение на успешно реализираниот проект во чии рамки беа изградени и опремени 70 спортски објекти во основните училишта, а беа реконструирани и 90 основни и средни училишта. Соработката со ЦЕБ опфаќа и кредитна линија од 50 милиони евра за создавање работни места во микро, малите и средните претпријатија, која се реализира преку Развојната банка. Посебен акцент на средбата беше ставен на проектите што се подготвуваат за наредниот период. Меѓу нив е проектот за довршување на изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ. Во фокусот на идната соработка е и проектот за основна дигитална инфраструктура. Проектот е насочен кон унапредување на дигиталната инфраструктура и поддршка на процесот на дигитална трансформација. На средбата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ, со фокус на ефикасна реализација на тековните проекти и обезбедување поддршка за нови инвестиции од значење за економскиот и социјалниот развој на земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонемеСекој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле.Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад. И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши. Само 18 милиони евра странски инвестиции во втор квартал 2026 година. Минус 100 милиони евра странски инвестиции во трет квартал 2025 година. За споредба, во 2024 година странските директни инвестиции беа 1 милијарди евра со политиките на СДСМ. Бајкте на Мицкоски за „трета економија“ се распрнати како меур од сапуница. Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на криминалните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде арамијата Мицкоски. Ова е инвестициски дебакл. Македонија тоне. Мицкоски е премиер со најниско ниво на странски инвестиции и со најлоши економски резултати. За само две години, ВМРО ја урниса деловната клима што беше градена со години и ја намали довербата кај странските инвеститори. Оваа Влада ниту знае како да ги задржи постојните инвеститори, ниту има капацитет да привлече нови. Корупциски скандали, партиски тендери и премиер арамија кој по телефон нарачува судски одлуки. Политиките на Мицкоски со оддалечувањето од ЕУ, блокада на европскиот пат, соработка со Русија и Кина, соработка со авторитарни режими скапо ја чинат Македонија. Ова значи помалку капитал, помалку работни места, и забавен економски раст. Никој не сака да инвестира во држава во која премиер има арамија како Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИО Скопје, 17.09.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа20 повредени во руски напади врз Украина - американскиот конгрес усвои нов пакет санкции за Москва20 луѓе се повредени, меѓу кои и две деца, во последниот бран руски воздушни напади врз неколку региони во Украина..Како што соопшти претседателот Володомир Зеленски, во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека меѓу повредените имало деца на 10 и на 12 години, а десетина биле пренесени во болница. По американскиот Сенат, синоќа и Претставничкиот дом усвои закон за сеопфатни санкции и царини со кои треба да се зголеми економскиот притисок врз Русија.. Мерката предвидува нови санкции против руски функционери, олигарси, банки и финансиски институции, како и механизми насочени кон приходите од руската продажба на енергенси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00