ЗабаваСекое девојче деновиве бара кукла „ЛОЛ“, кога ќе ја распакуваат, родителите се во шокСамо да видите што се случува кога ќе се натопи во вода.Еден татко покрена лавина коментари кога откри што е моментално во мода во врска со куклите во светот на девојчињата и одлучи своето незадоволство да го изрази на социјалните мрежи. Патрик Џонсон се осврна на популарните кукли „LOL“, препознатливи по нивните провокативни комбинации и впечатлива шминка и фризури. - Ќерка ми побара кукла „LOL“, и секако дека ја купив, но не знаев што е всушност тоа - вели тој. - Ми се гади. Погледнете какви кукли им подаруваме на децата. Погледнете го нејзиното тело, облеката - вели тој, додавајќи дека на почетокот мислел дека можеби само една кукла е проблематична. Сепак, на негово изненадување, сите кукли во кутијата што ја купил биле слични. - Зошто не можеме да се вратиме на куклите како принцезата Тијана? Зошто мора да бидат вакви? Што се случува овде? Луѓе, мора да внимаваме што им даваме на децата - апелира тој, а видеото предизвика жестоки реакции. „Сега ми е јасно зошто татко ми ги мразеше куклите Братц што ги барав“, коментира една млада мајка. -Ако мислевте дека куклите Братц се премногу, ова е стопати полошо! Само да видите што прават овие кукли кога ќе ги намокрите во вода - пишуваат ужаснатите родители. -Имаат дупка помеѓу нозете? Не ме загрижува облеката толку, туку неразумните очекувања и стандардите за женското тело. Има и такви кои велат дека родителите претеруваат. - Тоа е таква линија на кукли, поентата е дека тие негуваат ризичен стил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55