Сека Алексиќ за новата бременост! - Канал 5

Сека Алексиќ за новата бременост!

Ја прослави годишнината од бракот, а потоа сите ги изненади со изјавата!

Сека Алексиќ за новата бременост!

Пејачката Сека Алескиќ (41) прослави 14 години идилична љубов со сопругот Вељко Пиљикиќ (39) со кого има 2 сина, Јаков и Јован.

Меѓутоа, овојпат таа ѝ го привлече вниманието на јавноста со нејзината изјава за проширување на семејството.

-Мислам дека требаше порано да забременам. Јован има две и пол години. Сакав да направам мала разлика помеѓу децата затоа што сакам повеќе деца, па нема да раѓам на 50 години! Сакав да се реализирам како мајка до 45-тата година. Но секако дека ќе се обидам да родам што повеќе деца бидејќи тие се најголемото богатство – призна претходно Сека за „Ексклузив“.

Набргу потоа таа продолжи:

- Јован е сè уште мал и не може така да одговори, но Јаков сака сестра. Тој дури и знае како ќе се вика. Негова желба е таа да се вика Софија – истакна пејачката.

Сека на Инстаграм објави видео кое за помалку од 24 часа доби околу 20.000 „лајкови“, а видеото го наслови: „14 години љубов со Вељко Пиљикиќ“.

Според неа, таа не знае што е брачна криза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паѓа довербата во владата на Радев

Само два месеца по преземањето на власта, бугарскиот премиер Румен Радев се соочува со првиот посериозен пад на довербата.

Паѓа довербата во владата на Радев

Новото истражување на „Маркет линкс“ покажува дека поддршката за него и за неговата влада се намалува додека расте бројот на граѓани кои сметаат дека кабинетот не ги исполнува високите очекувања.

Во мај Радев имал доверба од 56 проценти, а 22 проценти од испитаниците изразувале недоверба.

Во јули неговиот позитивен рејтинг се намалил на 50 проценти, додека негативниот се зголемил на 33 проценти.

Меѓу главните причини за падот се реакциите на предложениот буџет за 2026 година, недостигот од убедливи резултати во домашната политика и слабеењето на пораките за решителна борба против корупцијата и стариот модел на управување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Предложен притвор за семејно насилство во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда .

ЈО: Предложен притвор за семејно насилство во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата сопруга по претходна вербална расправија во домот околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената. Тој почнал да ја навредува оштетената, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и клоци во главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди – повеќе крвни подливи.

Вечерта на 19 јули, откако оштетената го пријавила во полициската станица и заминала во куќата кај нејзината ќерка, обвинетиот испратил СМС порака со заканувачка содржина на телефонот на ќерката дека ако сопругата не се врати дома тој купил 10 литри бензин и ќе ја запали куќата, со што кај нив предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Имајќи ги предвид сите околности, а особено фактот дека обвинетиот ги сторил кривичните дела во услови кога е осуден за претходно сторено кривично дело загрозување на сигурноста и му е изречена мерка – условна осуда 3 месеци, а за која рокот на проверка од 1 година се уште трае, јавниот обвинител оцени дека е неопходно да предложи да му биде определена мерка притвор додека трае новата постапка против него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: 

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

„Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер