Сејдиу: ВЛЕН за правична, еднаква и целосна застапеност за секој Албанец - Канал 5

Сејдиу: ВЛЕН за правична, еднаква и целосна застапеност за секој Албанец

Денес сме собрани да фрлиме светлина врз една од најголемите институционални неправди извршени врз албанскиот народ во Македонија: пописот на населението во 2021 година. 

Сејдиу: ВЛЕН за правична, еднаква и целосна застапеност за секој Албанец

Ова не беше статистички процес. Ова беше политички проект, дизајниран да ги сведе Албанците на хартија, да ги избрише од статистиката, да ги исклучи од процесот на донесување одлуки.

Со потписот на ДУИ и техничката имплементација на СДСМ, Државниот завод за статистика беше трансформиран во инструмент за манипулација, делејќи ги Албанците на „резиденти“ и „нерезиденти“, незамислива поделба, која имаше само една цел: да ги исклучи од пресметката илјадниците Албанци од дијаспората. Нашата дијаспора, која со децении ја одржуваше економијата на оваа земја, беше третирана како невидлива, како статистички безвредна, како проблем што треба да се избегне.

Но зошто? Затоа што дијаспората не можеше да биде контролирана од ДУИ. Не можеше да биде заплашена, не можеше да се купат гласови, не можеше да се манипулира. Така се роди најголемата измама на пописот: намерното етикетирање како „нерезиденти“. Ова не беше грешка, туку цинична калкулација: Колку помалку Албанци на број, толку е помала опасноста за нашата власт.

Јавно прашуваме: Како е можно во Речица е на пописот да се брои само 1.653 Албанци над 18 години, додека на последните избори само за албанските партии беа дадени над 2.400 гласови?

Прашуваме:

Како е можно во село Желино да има 3432 жители и 4103 гласачи? Како е можно во село Стримич да има 1937 регистрирани жители и 2644 гласачи? И оваа ситуација продолжува и во многу други села? Дали ДУИ користела надуени списоци за да ги пополни кутиите? Или ги преместила луѓето во „светот на тајната статистика“? И како во секоја шема на измама, на крајот се додавала „црешата на тортата“: фантомска категорија, „лица за кои се добиени податоци од административни извори“. Оваа категорија не постои во ниту еден закон, но произвела над 132.000 непознати жители, повеќето од нив Македонци, додека вистинските Албанци, оние од дијаспората, биле намерно изоставени од бројките.

И конечно, Уставниот суд, пред два дена, ја поништи оваа правна измама, прогласувајќи ја поделбата „резидент/нерезидент“ за неуставна. Ова е победа за вистината и морална казна за предавниците на националниот интерес.

Ние во ВЛЕН не правиме калкулации со нашиот народ. Не се плашиме од дијаспората, напротив, ние сме нејзин глас. Не ги препознаваме „добрите“ и „непожелните“ Албанци според интересите на владата.

Секој Албанец има место во процесот на донесување одлуки. Нема да застанеме додека не се исправи оваа неправда, со пререгистрација на дијаспората, со нејзино вклучување во секој механизам за претставување.

Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку ПРЕДАВСТВО. Планирано предавство, спроведено по наредба одозгора, со послушни следбеници во секоја институција. Но, денес, оваа шема пропадна. И не, ниту Соравија, ниту клановите од Речица, повеќе нема да можат да избегаат од лагата.

Ви благодарам за вниманието.

ВЛЕН, за правична, еднаква и целосна застапеност за секој Албанец. Јас сум со дијаспората, јас сум резидент!

Блерим Сејдиу, ВЛЕН

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

 Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела.

Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство.

Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.

Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во позадина.

ВМРО-ДПМНЕ доследно и принципиелно повикуваат на расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер