МакедонијаСеизмолози: По земјотресот во Косово почуствуван и во Македонија можни се афтершокови со послаб интензитетИако не се пријавени материјални штети, земјотресот со јачина од 4,6 степени што вчеравечер го погоди пограничниот регион меѓу Македонија и Косово ги вознемири граѓаните. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот бил на околу 45 километри од Скопје, односно на 20 километри од Призрен, на територијата на Косово. Потресот силно бил почувствуван и во Тетово и Гостивар, а со послаб интензитет и во другите делови од земјава. Од Сеизмолошката опсерваторија најавуваат можни т.н „автершокови“ но со послаб интензитет. - Земјотресот е во групата на умерени магнитуди, поточно магнитудата е 4,6 и нормално се очекува дека земјотрес со ваква магнитуда ќе биде почувствуван не само од населението во Косово, туку и од нашите граѓани. Таа зона каде што се случил овој земјотрес се каратеризира и со случување на умерено силни земјотреси, често магнитудата може да достигне и до 6,5. Нема простор за паника не очекуваме посилен земјотрес, будно ја следиме состојбата на сеизмичката активност во регионот. Од Косовскиот сеизмолошки институт информираа дека земјотресот со магнитуда од 4,9 степени во близина на Штрпце, подрачје што се смета за изразито сеизмолошки активно. Потресот силно се почувствувал во Призрен, каде на снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како граѓани панично ги напуштаат своите домови. Професорот Ивица Милевски вели дека нема простор за паника, епицентарот се наоѓа во пределот на Шар Планина, а раседите околу планината се со слаба до умерена активност и не можат да генерираат силни земјотреси со сериозни материјални штети. -До сега барем во историскиот период не се случиле некои извонредно силни земјотреси или да се регистрирани и забележани.Така да и до сега што имаме податоци тие се околу 4, 4 ипол максимум 5,3 што значи дека се релативно слаби и порано кога сме имале слаби градби се случувале некои оштетувања да се јават некои ризични ситуации, но денес со цврстото и армирано градење итн не треба да претставува воопшто никаков проблем и не треба да има некаков страв,- Ивица Милевски – универзитетски професор . Според Милевски, врз основа на јачината на земјотресот, Шар Планина е поместена за 10 до 20 милиметри во височина, а нејзиниот северен дел за 20 до 40 милиметри кон исток. Тој посочува дека станува збор за долгогодишен процес кој трае стотици илјади години и што го предизвикува чувството на нишање при потресите.Тагови: земјотресот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
СветГолема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинатиБројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП. Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица. „Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса. Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка. Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата. Извор: Б92Тагови: Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook