СЕХА: Металург на тешко гостување кај Брест Мешков - Канал 5

СЕХА: Металург на тешко гостување кај Брест Мешков

Ракометарите на македонскиот тим Металург се пред нов испит во Белорусија. Откако во неделата останаа непоразени во дуелот со Динамо Минск во Лигата на шампионите, попладнево играат натпревар со Брест Мешков. Почетокот на дуелот е во 16 часот.

СЕХА: Металург  на тешко гостување кај Брест Мешков
Двете екипи се во борба за место на табелата кое носи пласман на завршниот турнир, бидејќи двата тима заостануваат зад водечкиот тандем Татран Прешов и Загреб, додека со Вардар се наоѓа веднаш пред нив.

Покрај овој дуел во среда ќе се игра и одложениот натпревар меѓу Татран Прешов и Вардар со што сликата на врвот на табелата може да виде нешто појасна.

Табела: Загреб 34 бодови (14 натпревари), Татран Прешов 33 (13), Вардар 25 (12), Металург 25 (12), Мешков Брест 24 (12), Војводина 15 (13), Борац 12 (14), Нексе 11 (13), Ловќен 11 (15), Партизан 3 (14).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го преименува езерото Онтарио, канадскиот премиер реагира

Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка 

Трамп го преименува езерото Онтарио, канадскиот премиер реагира

Канадскиот премиер Марк Карни вчера изјави дека езерото Онтарио ќе продолжи да се нарекува така, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наредува на американските федерални агенции да го нарекуваат Езеро Америка.

„Името е старо над 400 години и датира и од Канадската конфедерација и од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој.

„Знаеме дека Америка се менува. Нејзините трговски односи, нејзината надворешна политика, нејзините национални споменици, нејзините хидроними“, напиша Карни на X. Хидронимите се имиња на водни тела и водни патишта.

„Канаѓаните исто така знаат дека работите треба да се нарекуваат со нивните вистински имиња: Езеро Онтарио - тогаш, сега и секогаш“, додаде тој.

Трамп нареди промена на името

Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка во документите, мапите и комуникациите на федералната администрација на САД.

Иако рече дека промената ќе стапи на сила веднаш, наредбата му даде на американскиот секретар за внатрешни работи 30 дена да ја спроведе во консултација со Одборот за географски имиња. Одлуката не е обврзувачка за Канада или меѓународните институции. Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка, кое се наоѓа помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

На 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер