Сега се знае што вози Леброн Џејмс во обичниот живот (ВИДЕО) - Канал 5

Сега се знае што вози Леброн Џејмс во обичниот живот (ВИДЕО)

Славиот кошаркар беше заштитно лице на неколку брендови на автомобили, но во приватниот живот избрал нешто друго.

Сега се знае што вози Леброн Џејмс во обичниот живот  (ВИДЕО)

Кошаркарската sвезда некогаш беше амбасадор на Киа и често можеше да се види во престижната лимузина на Киа, К900. Интересно, тој автомобил започнал да го вози уште пред партнерството со корејската марка.

Во меѓувреме, вкусот малку му се сменил, а исто така се зголемиле и апетитите. Видеото објавено од e30alex99 ја прикажува легендата на НБА како вози Порше, бескомпромисниот 918 Спајдер. Според сегашната понуда, ако неодамна го купил автомобилот, за него платил најмалку милион долари. Во секој случај, тој веќе не може незабележано да крстари по американските патишта, а заштитната маска не му помага многу. Не му помага ниту регистарска табличка со натпис KING918. Се на се, најдобриот кошаркар на денешницата има одличен вкус кога станува збор за болидите.

Неодамна, Џејмс исто така потпиша договор со GMC, со цел да ја промовира новата генерација на електричен Хамер. Огромниот џип е многу брз, иако не како Порше.Но, секако, постои голема финансиска позадина во соработката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредени

Еден повозрасен патник им подлегна на повредите откако автобус полн со патници се преврте во Турција. 

Тешка несреќа во Турција: Се преврте автобус – има загинати, 40 повредени

Во болниците продолжува лекувањето на уште 40 повредени лица.

Несреќата се случила на автопатот Каман-Анкара, во близина на Кирикале, кога возачот изгубил контрола над возилото, по што автобусот се превртел, јавува Анадолија. Повредените со возила на брза помош биле пренесени во градските болници.

На терен се екипите на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби, противпожарната служба, здравствената служба, жандармеријата и полицијата.

„Теренот стана лизгав поради првиот утрински мраз. Незгодата беше предизвикана од лизгавиот пат. Уште еднаш гледаме дека сите патници во нашите автобуси мора да носат сигурносни појаси“, рече Сарибрахим. Како што наведе тој, возачот на автобусот е задржан во притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев

За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев, затоа на штета на државата и дијаспората го блокираат Изборниот закон.

ВМРО-ДПМНЕ: За коалицијата СДС-Левица важен е само интересот на Венко Заев и Апасиев

Некогаш заткулисната и тајна коалиција, СДС и Левица веќе не се крие. За оваа коалиција нема државен и национален интерес, за неа еден и единствен е личниот интерес на Венко Заев и Димитар Апасиев.

Така, коалицијата СДС-Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за овој закон.

Венко Заев и СДС, од страв од длабок пораз, се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е дијаспората да може да го искористи своето право на глас по електронски пат или по пошта.

Но, од СДС и Венко Заев ваквиот предлог беше одбиен, затоа што голем е стравот и паниката кај нив, за тоа дека македонските граѓани кои ја напуштија државата во периодот на нивно владеење, кое не е така одамна, нема да ја поддржат нивната политика, а со тоа ќе доживеат уште поголем пораз на следните претседателски избори.

Апасиев и Левица, пак, и покрај тоа што добија прифаќање на своите предлози во делот на финансирањето на изборните кампањи, тие не го потпишуваат договорот кој беше граден со месеци, во работната група меѓу сите политички партии.

Целта им е да се претстават пред јавноста како партија која со која нема преговори и која не прави компромиси. Жално е што на ваков начин, на штета на македонските граѓани кои од мака заминале од државата, се обидуваат да добијат политички поен повеќе.

Со ваквата блокада, не и се наштетува само на дијаспората, туку се доведува во прашање и исполнувањето на реформските обврски на државата и поради тоа Европската Унија повика на консензус и на навремено донесување на Изборниот законик.

Едноцифрените рејтинзи на СДС и Левица во континуитет од неколку години, ги доведе до стадиум на избезуменост и спроведување на политики со негативни последици по двете партии, но и на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот и повикува Изборниот законик треба да биде донесен со широк политички консензус, во интерес на државата, реформите и обезбедувањето можност македонската дијаспора по електронски пат да го оствари своето право на глас.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. 

СДСМ: Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните.

На Мицкоски не му е важна реформската агенда, тоа му е само параван за изборен грабеж.

Лага е дека СДСМ е против гласањето на дијаспората, бидејќи иселениците гласаат и сега. Ние сме против модел кој отвора врата за изборен грабеж и манипулација со гласовите на 200 илјади граѓани од дијаспората.

Власта категорично одбива ДИК со консензус да ги регулира овие процедури. Ако целта им е фер избори, зошто бегаат од механизми за контрола и доверба во процесот?

СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, власта треба да се повлече од овие намери и да достави нов предлог каде ДИК со консензус би да го регулира гласањето на дијаспората.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер