Сефер Тахири и Владимир Божиновски во „Само вистина“

Во денешната емисија  „Само вистина“ гости беа Сефер Тахири и Владимир Божиновски.

Тахири: Зошто Рама за ТВ Рапорт изјави дека Мета му е пријател на Груевски?

Божиновски: За жал работите личат како да има договор!

Тахири: За жал политичарите тргуваат со правдата. Многу добро знам која е разликата меѓу помирување и помилување, аболиција и амнестија

Божиновски: Ќе видиме дали само пратениците ќе добијат амнестија!

Дали и кога ќе има предвремени избори и може ли власта да биде комотна. До кога ќе трае „кризата“ во ВМРО-ДПМНЕ. Што за ова одговорија Владимир Божиновски и Сефер Тахири во најновото издание на „Само вистина“

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер