3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаСедумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички уделСедумнаесет избрани и именувани лица не ги пријавиле фирмите во кои имаат сопственички удел, Македонија има регистар на вистински сопственици, но недоволно се користи. Регистарот на вистински сопственици, односно луѓе кои имаат корист од една фирма т.е. не само оние кои се регистрирани како директори или сопственици, туку кои крајно имаат корист од таа фирма е основан во 2021 година, но тој речиси и да не се користи од надлежните институции во борбата против корупцијата. Истражување направено од Центарот за граѓански комуникации покажува дека од 17-те институции надлежни во борбата против корупцијата, само две институции го користат овој регистар. Институции како Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Антикорупциската комисија и единиците за економски криминал и партиско финансирање не ги користат податоците од овој регистар. Како сериозни пречки се посочуваат финансискиот аспект и времето потребно за обезбедување на податоците. Еден од проблемите е што овој регистар не е бесплатен ниту за физичките, ниту за правните лица. Физичкото лице треба да плати 300 денари за да види дали некој функционер има фирма, а за направи увид во историјатот на фирмата ќе треба да одвои 800 денари. Плаќањето за правните лица е поевтино па така треба да плати 299 денари за да види дали некој функционер има фирма, а за да го провери историјатот треба да плати 600 денари. Од Центарот за граѓански комуникации кои денеска организираа тематски форум за користење на податоците од регистарот на вистински сопственици препорачуваат надлежните институции да ги вкрстуваат податоците за да се следи трагата на парите и да се види дали одредени податоци од самиот регистар се точни. Од Центарот спровеле уште едно истражување кое покажало дека 23 избрани и именувани лица кои имаат фирми целосно или делумно не ги пријавиле своите бизнис интереси во изјавата за интерес што ја поднесуваат до Антикорупциската комисија. 17 лица воопшто не ги пријавиле 18-те фирмите во кои имаат сопственички удел, а шест лица наместо да пријават 34 фирми, во изјавите за интерс пријавиле само девет фирми. Практично, речиси секој втор функционер доставил неверодостојни податоци во изјавите за интереси. Во изјавите доставени до ДКСК недостигаат вкупно 43 фирми кои се во сопственост на избрани и именувани лица, покажува истражувањето. Политичарите најчесто ги пријавувале фирмите во кои директно се јавуваат како основачи, но не и фирмите што понатаму ги основале нивните компании. Дел од овие фирми имаат добиено јавни набавки или лиценци за вршење енергетска дејност, што укажува на јасен ризик од судир на интереси. Избраните и именувани лица кои имале фирми не добивале тендери во институцијата со која раководеле, но добивале тендери во други институции. Дури има и случај во кој претседател на Совет на општина склучува договор со сопствената фирма и се потпишува на двете страни - и во името на општината и во името на фирмата. Со истражувањето биле опфатени вкупно 360 избрани и именувани лица во периодот од 2022 до 2024 година што значи и актуелни и поранешни функционери. Кај 41 лице било утврдено дека се сопственици на фирми што значи дека 12 проценти од носителите на јавни функции се испробале во бизнис секторот. - Нашиот регистар е формиран во 2021 година, меѓутоа нашите истражувања покажаа дека тој многу малку се користи во борбата против корупцијата. Ги имаме податоците, меѓутоа малку се користат, а потоа имаме и мала интероперабилност односно вкрстено користење на податоците за вистински сопственици односно кој добил јавни набавки, кои добил концесии, кои добил други тендери, за да се види дали функционерите, затскриени зад некои компании, како крајни сопственици користат државни фондови, злоупотребувајќи ја својата функција, изјави Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации. Од Владата велат дека регистарот на вистински сопственици треба да стане јавно достапен. Според вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, разоткривањето на вистинските сопственици на фирмите кои ги добиваат тендерите може да помогне во борбата против корупцијата и судирот на интереси. - Отчетноста на вистинските сопственици не е само правна обврска, туку тоа е и основата за етичко владеење и фер конкуренција. Над 70 илјади поединци се имаат регистрирано како вистински сопственици со околу 90 проценти обврзани единки и ова покажува една добра транспарентност, но скорешните студии во Република Македонија откриваат дека потенцијалот на регистарот е се уште неоткриен. Предизвиците како што се попречен пристап, недостапност на податоци, слаба верификација, недостаток на институционална интероперабилност, ги намалува истражувачките вредности. Нашиот регистар на вистински сопственици треба да биде јавно достапен, категоричен е Фетаи. Во Антикорупциската комисија очекуваат до крајот на 2027 година да се надогради софтверското решение и на дневна основа да добиваат информации за сопствениците на фирми. - Со целосна операционализација на овој регистар и со дигитално поврзување со Централниот регистар, ние како институција ќе имаме увид во сите компании каде што како вистински сопственици се јавуваат државните функционери, Ние, согласно законот, ги следиме, покрај функционерите, и членовите на нивните семејства, како и блиските, односно лицата со кои тие би имале финансиски интерес. Така што, овој регистар е корисен од повеќе аспекти. Ние сме поврзани со Централниот регистар, но со целосна операционализација преку ИПА-проект софтверското решение што го имаме, ќе се надгради, така што автоматски ќе имаме податоци и ќе имаме на дневно ниво увид кој е сопственик и каков интерес има, вели новиот претседаѕел на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ. Од Бирото за јавни набавки велат дека продолжуваат со подобрување на транспарентноста во делот на податоците што ги имаат за јавните набавки. - Заедно со Централниот регистар ја подготвиме инфраструктурата поврзана со системите, надграден електронски систем за јавни набавки и од 17 ноември оваа функција е веќе активна. До овој момент има над 3.000 записи во изминатите скоро два месеци, што значи дека во наредниот период оваа бројка ќе се зголемува. Она што можам да кажам е дека сите заложби што ги имаме како државни институции за борба против корупцијата, и понатаму Бирото за јавни набавки ќе ги поддржува и ќе ги вложува своите напори и ресурси во подобрување на системите, изјави Маре Богева, директорка на Бирото за јавни набавки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаИсламскиот младински форум со демант на тврдењето дека се терористичка организација Исламскиот младински форум – Скопје ги отфрла обвинувањата во кои се поврзува со организација од Македонија што се најде на египетската листа на терористички организации. Во допис насловен како јавен демант, скопското здружение најави дека ќе поведе судски постапки и ќе бара надомест на штета од оние за кои ќе се утврди одговорност за ширење невистинити и штетни тврдења. „Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата“, се вели во демантот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ТенисНовак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст. Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами. Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула... View this post on Instagram A post shared by Aman (@aman) Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав погледГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава. - Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook