Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
МакедонијаСедуммина полицајци се осомничени за тешки дела против општата сигурност, се бара притворСедум полициски службеници од СВР Штип и ПС Кочани се осомничени за тешки дела против општата сигурност,и за нив Обвинителството бара притвор .Седум полициски службеници од Кочани и Штип се уапсени во врска со пожарот во импровизираната дискотека во Кочани. Осомничени се за тешки дела против општата сигурност, како соизвршители изготвиле, потпишале и одобриле позитивна согласност, со што овозможиле дискотеката Пулс во Кочани да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. „Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.“ Според министерот за внатрешни Панче Тошковски,четворица инспектори и началници од Штип констатирале дека кабарето ги исполнува законските услови во делот на заштита на јавен ред и мир и во делот на сообраќај, без проверки го одобриле и потпишале известувањето до Министерството за економија. Началникот и заменик командирот од полициската станица во Кочани ја потпишале телеграмата околу согласноста за кабарето иако во и близина на кабарето имало пријавени нарушувања на јавен ред и мир и пријавени кривични дела. Со последните приведувања се зголеми и бројот на лица кои се поврзуваат со трагедијата во Кочани. „19 со лицето од економија и седумте началници и полициски службеници од МВР, тоа се вкупно 26, но ова не е затворање на списокот на осомничени. Заради тоа што огромна документација се разгледува поврзана со кривично правниот настан, огромен број на луѓе се вклучени, како од обвинителството за организиран криминал, државното обвинителство и други истражни тимови во рамки на МВР, оддел за организиран криминал, крим полиција итн.. Списокот нема да биде затворен.“ На останатите кои досега беа приведени и им е определен 48 часовен притвор, оваа мерка се продолжува на барање на обвинителството пред формалното отворање на истрагата. Најголем дек од нив се приведени под сомнеж за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност. Меѓу досега е обезбедените е и екс министерот за економија Крешник Бектеши. „Штом ќе биде поднесена кривична пријава од страна на министерството, јавноста ќе биде запознаена за кое конкретно кривично дело се гони (ако биде поднесена таква кривична пријава) лицето за кое го поставивте прашањето. Лично мене ако ме прашате, согласно она што јас можев да го увидам од досега собраните докази коишто како информација се споделени со мене, сметам дека треба да биде истото кривично дело како и сите останати.“ Осомничените началници и командири од Штип и Кочани се спроведени во скопскиот Кривичен суд а обвинителството бара да им се определи притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГори фабрика во Германија- постои опасност од експлозија- 150 пожарникари се борат со огнот Голем пожар избувна во фабриката на производителот на запалки за скара „Boomex“ во Алсфелд, во германската покраина Хесен, а заштитните мерки ќе останат на сила додека не се расчисти чадот и не се отстрани ризикот од експлозија.Пожарникарите, полицијата и спасувачите беа известени за пожарот во фабриката околу 22 часот во петокот. Поради густиот чад, жителите беа предупредени за потенцијално опасни материјали. Пламен висок неколку метри се издигаше од фабриката кон небото, а густ чад се извишуваше над индустрискиот парк, објави „Билд“. Жителите на Алсфелд беа повикани да ја избегнуваат областа, да ги држат прозорците и вратите затворени и да ги исклучат системите за вентилација и климатизација. Овие заштитни мерки ќе останат на сила додека не се расчисти чадот и повеќе нема ризик од експлозија. Кога пристигнаа првите пожарникари, пожарот се прошири од левата страна на ходникот кон целата зграда. Ходникот, кој делумно е висок три ката, содржи различни видови гориво на сите катови, што резултира со огромна топлина и чад. Германскиот весник објави дека сè уште нема информации дали некој е повреден или што го предизвикало пожарот. Околу 150 пожарникари се бореа со пламенот, првично спречувајќи го пожарот да се прошири на соседните згради. Противпожарната служба беше поддржана и од Федералната агенција за техничка помош (THW). Операцијата за гаснење пожар продолжи во утринските часови. Штетата моментално се проценува на средна до висока шестцифрена сума. Покрената е кривична истрага за причината за пожарот. Првичните извештаи покажуваат дека зградата што се запалила е магацин на производителот на запалки за скара Boomex. Компанијата произведува запалки за скара, јаглен и камини, како и течни запалки за скара, масло за ламби и факели. „Билд“ истакнува дека ова не е прв пожар во објектите на производителот на запалки за скара. Пожарот веќе избувна таму на 30 декември 2025 година.Тагови: експлозија фабрика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доста е, СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз женитеУште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Доста е институционален молк и не преземање одговорност. Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница со една точка на дневен ред – постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство и во заштитата на жртвите. Доста е од институционален молк. Секоја жена што пријавува насилство мора да добие заштита веднаш. Затоа бараме пред Собранието да се одговори зошто нема одговорност, што се случува по секоја пријава, кој го проценува ризикот и кој проверува дали мерките за заштита се спроведуваат. Таму каде што имало пропусти, мора да има одговорност. Во 2025 година се регистрирани шест фемициди, а до ноември годинава се евидентирани седум убиства на жени. Само од јануари до октомври годинава, МВР регистрирало 1.897 настани поврзани со семејно насилство. Според деветмесечниот пресек на МВР, повеќе од 80 проценти од жртвите на кривичните дела се жени. А одговорност нема од никој. После толку жртви Панче Тошковски требаше одамна да поднесе оставка. Бараме веднаш да се свика седницата мнозинството од ВМРО да не калкулира и да не ја опструира како што знае. Собранието мора да побара одговори од надлежните институции и да утврди конкретни мерки и рокови за навремена заштита на жените. Колку уште жени треба да бидат повредени за институциите предводени од ВМРО да ја преземат одговорноста и конечно некој да одговара?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен домСтанови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови.Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието. Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година. Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар. Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години. Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава. ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter