ЖивотСедумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на ОлимпСедумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот Митикас, на надморска височина од 2917 метри, на „планината на боговите" Олимп.Искачувањето се реализирше во соработка со планинарскиот клуб „Хајкинг" од Скопје, заедно со 36-члена екипа планинари. - Задоволен сум што со успех го искачивме врвот Митикас, поминувајќи 21километар од стартот до врвот. Ѝ благодарам на мајка природа што ни даде прекрасен сончев ден и ни дозволи за да ја реализираме со успех дадената задача, една од потешките акции во планинарството. На патеката имаше и остатоци од снег, но сепак, временските услови беа идеални и сите 36 учесници се искачија на врвот. Јас бев најстар со своите полни 78 години, а ова ми беше трето искачување, рече Костовски. Тој посочи дека првпат на Олимп се искачил во 1990 година, кога водел 10 члена од Планинарското спортско друштво „Руен" од Крива Паланка. -За последните три години веќе два пати успешно се имам искачено на „Планината на боговите". Младите секогаш беа покрај мене и на нив им пренесував дел од моето долгогодишно искуство. За мене тоа беше големо задоволство, рече Костовски. Тој со активно спортско планинарење се занимава од 1987 година, од кога е член на планинарско друштво „Руен" Крива Паланка. - Од првиот ден ја прифатив улогата како водич и сѐ до напуштањето на друштвото пред 15 години, од кога сум активен член на планинарско - спортски клуб „Калин Камен". Бидејќи новото друштво немаше водич, јас ја прифатив таа улога за да може друштвото да се регистрира и до денес сум водич. Пред неколку години друштвото доби лиценциран водич. Јас сега сум помошник на Тасевски Соцко. Меѓутоа се случува планинарски друштва да ме бараат за да ги водам по Осоговските планини. Последна група планинари ми беа гости од Сомбор и Куманово, планинаревме во зимски услови од езерце преку Калин Камен, 1884 метри, Царев врв - 2085 метри надморска височина, Сокол 1917, до Руен 2252, надморска височина, а моето долгогодишно искуство секогаш се обидувам да го пренесам на помладите, додава Костовски. Тој го презентираше 40- годишното планинарско искуство преку книгата „40 години активно планинарење". Тагови: Стојанче Костовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари. Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци. Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните. Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас. За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност. Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица АндовскиОливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор. По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски. Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter