Седумдесет години од преименувањето на Царево село во Делчево - Канал 5

Седумдесет години од преименувањето на Царево село во Делчево

Василево, Султанија, Царево село.

Седумдесет години од преименувањето на Царево село во Делчево

Ова се трите имиња на градот кој на денешен ден 23 април пред 70 години, во далечната 1950 година од страна на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија во чест на великанот Гоце Делчев донесува одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево.

Како најголем град во областа Пијанец историјата на градот е испреплетена со многу премрежија на населението, спомнувајки го тука Разловечкото востание, но и Пијанечката република која функционирала до 1878 година под водство на револуционерот Димитар Беровски.

За поновото минато на градот најмногу податоци може да најдеме во книгата на поранешниот градоначалник професор Љупчо Прачковски која се подготвува и наскоро ќе биде објавена. Во неа се опишува животот во Делчево во периодот од 1920 до 1960 година и од 1960 до 2010 година.

– Во шеесетите години Делчево било мало гратче претежно населено на левата страна од река Брегалница. Потоа започнало проширувањето и на десната страна на река Брегалница, а во седумдесетите и на ридот Милково Брдо. Со порастот на вработените во работни организации во Делчево, растеше и бројот на населението во него. Денес Делчево е модерна градска населба со широки асфалтирани улици и булевари, канализациона мрежа и со паркови и зеленило, наведе Прчкоски.

Во своето дело Прачкоски ги опфаќа сите аспекти од живеењето на градот. Многу традиции, занаети и градби исчезнале а биле препознатливи за градот.

– Денес го нема веќе корзото, ниту серенадите и ги нема познатите боеми. Многу стари градби се срушени, на нивно место никнаа нови. Познатите соколи го одживеаја своето и заминаа во легендите на градот и во неговата историја. Ги нема ниту добро познатите занаетчии во старата чаршија, но затоа, пак, има развиена трговија која се учи да биде атрактивна и да одговара на барањата на современите

купувачи. Се раѓаат нови деца кои растат во личности кои секој на свој начин дава свој придонес и остава белег во развојот на градот, додава Прачкоски.

Книгата наскоро ќе биде достапна за јавноста, а во неа ќе прочитаме и за историјата на градот кога Делчево прераснува во урбана современа средина, која го живее 21-от век во демократско општество со изградена инфраструктура, но и со богат спортски и културен живот. Истата е посветена на неговото семејство, а се совпаѓа со 70 годишниот јубилеј од преименувањето на Царево село во Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев

Сериозно нарушени меѓучовечки односи и работна атмосфера, долготраен конфликт и излегување од законските надлежности – ова го утврди Судскиот совет по претставката против претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев.

Судскиот совет ја усвоил претставката на 70 вработени од кумановскиот суд против претседателката Снежана Манев

Поднесена е од околу 70 вработени во судот според кои Манев се мешала во надлежностите на судскиот администратор и во планот за користење на годишните одмори, дека спроведувала постојана контрола над судската служба и дека двојната евиденција на присуство, честото повикување на одговорност и начинот на комуникација создале атмосфера на притисок и заплашување. Навеле и дека Манев се служела со навредливи и омаловажувачки изрази, јавни критики пред странки, како и навреди на национална основа. Судскиот совет сепак заклучува дека иако претставката е основана, не значи дека секој поединечен навод е докажан.

-Не станува збор за изолирано незадоволство на 4-5 лица како што наведува во одговорот претседателката. Напротив, утврденото укажува на широко распространето незадоволство на нарушената работна атмосфера која е создадена. Од основаноста на претставката не произлегува дека е докажан секој поединечен навод и од вработените и од претседателката,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет .

Манев ги отфрла обвинувањата и вели дека од вработените барала само дисциплина и одговорност.

„Сите вработени во судот мора да бидат целосно посветени и крајно ангажирани за извршување на своите работни задачи. Како судија и претседател на суд не прифаќам ништо помалку, ниту правам компромиси“, навела -Снежана Манев – Претседател на Основен суд Куманово во одговорот до Советот.

Сега се очекува извештајот од работната група која го посети судот, по што ќе се разгледаат понатамошните дејствија.

-Судскиот совет донесе одлука дека таа претставка е основана и дека очигледно има некои проблеми во тој суд кои долги години се провелкуваат. Судскиот совет ќе преземе се што е во негова надлежност овие проблеми да бидат надминати. Во очекување сме на извештајот од работната група којашто го посети судот, ќе се преземат понатамошни дејствија по претставката. Дополнително увид ако има потреба и ќе не извести согласно новиот деловник дали и понатаму има потреба да се преземе или не. Во секој случај ние ќе се насочиме кон тоа работите во тој суд да се средат бидејќи таму долги години постојат проблеми. Во многу скоро време ќе излеземе со решение,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет.

На денешната седница беше усвоен и новиот деловник за работа кој се усогласува со новиот Закон за Судски совет. Дел од новините предвидуваат промени во начинот на гласање при избор на судии и унапредувања односно ќе се гласа за сите кандидати на листата и на крај тој што добил најмногу гласови ќе биде избран. Се предвидува и постапка за одговорност на претседателот, заменикот и самите членови на Судскиот совет.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов случај на фалсификување на возачки дозволи - кривична против вработена во МВР и уште пет лица

Со сопствената службена шифра влегувала во електронскиот систем на МВР, менувала податоци и овозможувала издавање возачки дозволи со категории за кои барателите не ги исполнувале законските услови.

Нов случај на фалсификување на возачки дозволи - кривична против вработена во МВР и уште пет лица

Внатрешната контрола поднесе кривична пријава против шест лица, меѓу кои и вработена во Министерството како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи Скопје, осомничени за фалсификување возачки дозволи.

Првопријавената службеничка се сомничи дека околу година и половина незаконски додавала возачки категории на четири лица, по што ги одобрувала и нивните барања за издавање дозволи.

Кривична пријава е поднесена и за уште едно лице кој посредувал во постапките за впишување на незаконските возачки категории. Останатите четворица се сомничат дека свесно поднеле барања за категории за кои не ги исполнувале потребните услови каде еден од нив потоа откако ја стекнал фалсификуваната дозвола со незаконски додадена „А“ категорија ја употребил и ја минал и државната граница.

-Првопријавената Т.С., вработена во МВР како „помлад советник за патни исправи“ во Одделението за управни работи Скопје при Одделот за граѓански работи, се сомничи за четири кривични дела „фалсификување исправа“ од член 378 од Кривичниот законик. Таа, во периодот од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година, користејќи ја својата шифра, во електронскиот систем незаконски менувала податоци во постапките за издавање возачки дозволи на четири лица. На нивните барања биле додавани категории за кои не ги исполнувале законските услови, по што барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи– вели– Гоце Андреевски – портпарол на МВР.

Новиот случај на фалсификување на возачки дозволи доаѓа само една недела по судскиот епилог на друг предмет за иста причина, во кој повторно беше опфатена вработена во МВР.

Во претходниот случај службеничкта беше осудена на две и пол години затвор за фалсификување возачки дозволи со категории за камиони и автобуси, додека двајцата возачи опфатени во предметот добија по една година и три месеци затвор откако сите тројца ја признаа вината.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дарко Василевски го прекина штрајкот со глад по шест дена пред Медицинскиот факултет

Заминувам со благо нарушено здравје, без ниту еден „залак“ и со крената глава – е пораката со која доктор Дарко Василевски го заврши шестдневниот штрајк со глад пред деканатот на медицинскиот факултет.

Дарко Василевски го прекина штрајкот со глад по шест дена пред Медицинскиот факултет

Борбата со ветерници, како што ја нарекува, најави ќе ја продолжи по институционален пат, оти гладувањето по шестиот ден веќе почнало да влијае врз неговото здравје. Ваквата одлука, вели, доаѓа и по краткиот разговор со деканот на медицинскиот факултет – Светозар Антовиќ, со кого ставовите околу фер и транспарентноста на постапките за вработување останали спротивни.

-Вчера, некаде околу пладне, имав кратка средба со деканот на медицинскиот факултет, кој веднаш штом се врати од патување ме повика да се видиме, на таа средба ги разговаравме нивните и моите ставови. Тие и понатаму стојат на нивниот став дека се е фер и транспарентно, јас и понатаму стојам на мојот став дека не е фер и не е транспарентно. Со оглед на тоа што веќе колегите се во работен однос и по разговорот со деканот и дека веќе изминуваше шестиот ден од штрајкот со глад, веќе чувствував изнемоштеност, слабост итн, решив да го прекинам штрајкот со глад и понатаму моите убедувања да ги докажувам преку институтуциите. Не се откажувам, ќе го докажам тоа што го тврдам, па колку време и да е потребно за истото,- - Дарко Василевски.

Разговорот бил конструктивен, а деканот на Медицинскиот факултет, Антовиќ, вели дека детално одговорил на сите прашања на Василевски, кои повеќето биле за критериумите.

Тој, веднаш по враќањето од САД, каде службено бил на подолг период, се сретнал со професорите кои го спровеле изборот на кандидатите и добил детален увид во процесот. Потоа го посетил Василевски во шаторот и го повикал на разговор во неговата канцеларија. Антовиќ уверува дека постапката за вработување била законска и дека тоа можат да го проверат и надлежните институции.

-Јас навистина не можам да замислам дека медицинскиот факултет како таков, кој е дел од УКИМ, не ги почитува законите кои важат во државата. Одговорно тврдам дека, се она што пропишува законот за работни односи е испочитуван од страна на медицинскиот факултет и тоа може да биде проверено од сите надлежни институции, а воедно го упатив доктор Василевски дека пред судовите во Македонија може да покрене постапка, во која што тоа лесно може да се докаже. Потоа, мислам, дека во една пријателска атмосфера се разделивме и одлуката да го прекине штрајкот е негов личен чин, кој јас навистина го поздравувам, бидејќи сметам дека здравјето негово е пред се и над се. - Светозар Антовиќ – Декан на Медицински факултет - Скопје.

Во однос на тоа дали и тој ќе има средба – министерот за здравство Клековски вели дека Василевски не се пријавил за работа во установа под министерството за здравство, односно конкурирал во образовна институција, па од таму не е соодветно тој да разговара. Тој вели дека е во тек со случувања и дека во основа, работата која сакал да ја добие Василевски, ја добиле кандидати кои подобро ги исполнувале критериумите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер